Спасовски на средба со Рашков во Софија


Бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков изутринава го пречека македонскиот колега Оливер Спасовски, кој заедно со делегација на МВР е во посета на Бугарија. Рашков му искажа добредојде на Спасовски на влезот во Министерството за внатрешни работи на Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија. Рашков рече дека посетата на Спасовски на Бугарија е […]

Радев денеска ќе го врачи мандатот за состав на новата бугарска влада


Бугарија –  Претседателот на Бугарија Румен Радев ќе и го врачи првиот мандат за формирање нова влада на најголемата политичка групација во Народното собрание „Продолжуваме со промените“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, поддршката за новата влада, добиена со првиот мандат, станува се покомплицирана по повлекувањето на Бугарската социјалистичка партија од преговарачката маса, […]

Париз достави модификуван предлог за деблокада на нашиот европски пат за кој во земјава ќе следи широк консултативен процес


Француското претседателство вчера преку нашето Министерство за надворешни работи до Владата достави предлог со идеи кои се однесуваат на нашите јавно изнесени позиции и ставови. Според премиерот Димитар Ковачевски, во предлогот се вклучени нашите забелешки дека историските прашања и протоколот од Договорот за добрососедство не може да бидат дел од преговарачката рамка, додека според претседателот […]

Чешка го презема претседавањето со ЕУ


Од 1 јули, Европската Унија ќе ја предводат двајца поранешни ректори на Универзитетот Масарик во Брно: чешкиот премиер Петр Фијала и министерот за европски прашања Микулаш Бек. Фијала е политиколог, тој беше ректор од 2004 до 2011 година. Неговиот пријател и заменик, музиколог Бек, беше на чело на вториот по големина чешки универзитет веднаш потоа, од 2011 […]

Почнува сезонски режим на сообраќај за тешки товарни возила


Од денеска до  31 август на државните патишта во земјава ќе се применува привремен режим на сообраќај во летниот период, со што се  забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Временските интервали на забраната за тешки товарни возила […]

Сергеј Андреевски во Слоештица ги кани уметниците – се отвора креативно гумно


Меѓународниот центар за уметност „Арт Поинт – Гумно“ во село Слоештица, Демир Хисар денеска од 17 до 21 часот ќе ги отвори портите за сите љубители на уметноста што сакаат да ги запознаат уметниците и да ги видат делата создадени за време на 20. интернационална уметничка колонија. Во периодот од 18 јуни до 3 јули […]

Џез вечер на Клод Болинг во Салон 19:19


Во Салон 19:19 вечерва од 19:19 часот ќе се одржи џез вечер на Клод Болинг со Toot Quartet. Како што информираат од Културно-информативниот центар – Скопје, Toot quartet концертираат од 2020 година и настапиле во Дом на култура Ѓорче Петров и Кисела Вода во Скопје, Кавадарци, Струмица и Неготино. Составот на Toot Quartet е Стојанче Косовски-труба, […]

Без струја делови од Пинтија, 11 Октомври и Тафталиџе, а без вода улица во Козле


 Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, денеска без електрична енергија ќе бидат повеќе места во општините Кисела Вода и Карпош, додека вода ќе нема една улица во Карпош. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без струја од 8 до 15 часот ќе бидат корисниците од улица 1515 во населба Пинтија, […]

Од денеска поскапува струјата


Од денеска поскапува струјата и почнува да се применува новиот концепт на блок тарифи. Регулаторите уверуваат дека за 98,8 проценти од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 проценти. Не се очекуваат ниту рестрикции на струја, иако не очекува тешка зима. Блок тарифите ќе важат само за скапата струја, а за евтината […]

Заедничка вежба на македонските и бугарските специјални полициски единици во Софија


Заедничка вежба на полициските единици при Одделот за специјални полициски операции на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и специјалните полициски единици на Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија ќе се одржи денеска во Софија. На вежбата, како што е најавено, ќе присуствува и делегација на МВР, предводена од министерот Оливер Спасовски, […]

ССМ повторно на протест пред Собранието


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска пред Собранието ќе постави столчиња во знак на поддршка на членовите на Комисијата за финансирање и буџет за да го изгласаат амандманот со кој се бараат средства во ребалансот на Буџетот за линеарна исплата на 2.806 денари во нето износ за вработените во јавниот сектор. Ќе бидат поставени […]

СЗО очекува „високи нивоа“ на Ковид-19 во текот на летото


Швајцарија – Светската здравствена организација (СЗО) очекува „високо ниво“ на инфекција со Ковид-19 во Европа и повика на следење на вирусот откако бројот на заразени се зголеми за трипати за еден месец. – Откако земјите низ Европа ги укинаа рестриктивните мерки што беа во сила, вирусот ќе циркулира на високо ниво ова лето, изјави денеска генералниот директор […]

Џафери се спаси од интерпелација


Пратениците синоќа не ја изгласаа интерпелацијата за претседателот на Собранието Талат Џафери, што ја поднесе опозицијата. „Против“ гласаа 61 пратеник, а „за“ беа 43 пратеници. Во текот на дебатата, опозицијата го обвини Џафери за кршење на одредбите од Уставот и Деловникот за работа на Собранието, за немање капацитет за водење на собраниските седници и за […]

Сончево и многу топло


Времето денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, која локално ќе биде со услови за појава на краткотрајно невреме, град и силен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 1 јули 2022 година, 177-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 188 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 1 минута, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 12 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Настап на дувачкиот квинтет „Woodwind quintet Phil-harmonic Five“ во Тирана 


Македонскиот Културно-информативен центар во Тирана ги претстави „Woodwind quintet Phil-harmonic Five“ од Скопје.   Како што информираат од КИЦ, синоќа во несекојдневна и пријатна атмосфера, во Гранд Паркот во Тирана, дувачкиот квинтет имал едночасовен концерт на отворено, каде се претставиле со дела од Хајдн и домашни автори (Љубомир Браноѓолица).     – Гранд Паркот во […]

Роберто Баутиста Агута е третиот заразен тенисер со Ковид на Вимблдон


    Англија – Шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут, 19-то рангираниот на АТП листата, објави денеска дека мора да го откаже дуелот од второто коло на грен – слем турнирот во Вимблдон поради позитивен тест на коронавирусот. – Денеска го известив Вимблдон за својот проблем. Сигурен сум дека станува збор за Кови-19. За среќа, симптомите не […]

Во Струмица отворен првиот крипто коктел бар во Македонија


South Side Cocktail Bar е прв и единствен крипто коктел бар во Македонија, сместен во срцето на Струмица и место коешто има за цел да ја промовира крипто културата во Македонија и да ги едуцира луѓето за можностите што ги носи крипто светот. „Крипто валутите сè уште се табу тема во Македонија. Затоа, решивме да […]

„Егзит“ годинава од 7 до 11 јули


Музичкиот фестивал „Егзит“ во Нови Сад, Србија, годинава ќе се оддржи од 7 до 11 јули, под мотото „Заедно. Секогаш!“ На Петроварадинската тврдина пристигнуваат Келвин Харис, Ник Кејв и „Бед сидс“, Иги Азалеа, Џејмс Артур, раперот Маск’д Волф, Жу, „Сепултура“, Масео Плекс, Хани Дижон, Борис Брејча, Стефан Боџин, „АРТБАТ“, Денис Султа, диџеј Тенис, Анфиса Летјаго, Марки […]

ДКСК ненадлежна по пријава за екс директор на АД „Аеродроми“ 


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница констатира судир на интереси односно неизземање при гласање како посебна состојба во која се нашол член на Совет на Општина истовремено претседател на Здружение на граѓани, при доделување општински буџетски средства за програмски активности на Здруженија на граѓани. ДКСК бара да се поведе постапка согласно […]