Наум Петрески и Зуица Лазова се победници на Фолк вечерта на Охрид Фест


Синоќа во Охрид се одржа Фолк вечерта на популарниот музички фестивал Охрид фест – Охридски трубадури. На 29-то издание на фестивалот се отпеаа 16 нови фолк песни, а првата награда од стручното жири ја освои Наум Петрески со песната ,,Не се откажав”. Второнаградени од жири се групата ,,Академци”, а пак на трето место заврши Кирил […]

„Од сѐ на светов што можев да бидам, бев само женско“: Интервју со Радмила Петровиќ, српска поетеса


  Радмила Петровиќ е „шмеќер“ девојка, има ноже во џебот и жица во брусхалтерот. Таа е жена на која што никогаш не ѝ простија што не е маж и е малку од синот што нејзиниот татко отсекогаш го посакувал. Единствено што сака е некој со кој ќе го расклопи татковиот трактор во тишина. Српската авторка […]

Од рекреација до совладување на предизвикот наречен маратонско трчање


Александар Сашо Стоичовски е делчевецот, кој повеќе од 20 години живее во Скопје, а во последните околу осум години целосно е посветен на атлетиката. Почетоците во овој спорт му се од 2014 година, a една од трките на која прв пат учествувал е токму трката во Делчево организирана под мотото „Делчево трча за здрав живот“. […]

Почнува Фестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велес


Првото издание на Фестивалот на џез, ворлд и современа музика ќе се одржи од денеска до 10-ти септември на неколку локации низ Велес, а публиката ќе може да проследи настапи на македонски артисти од различни жанрови и уметнички сфери. Фестивалот ќе почне во 20 часот на Спомен костурницата во Велес со концерт на Енес Беговски […]

Во Битола трка „Трчај бе“, ќе учествуваат 1 400 атлетичари


  Илјада и четиристотини атлетичари од 12 земји од светот ќе учествуваат денеска во трката низ улиците во Битола наречена „Трчај бе“, која годинава е и Национално првенство во полумаратон, кое стои официјално во календарот на Атлетската федерација. – Врвни атлетичари од повеќе земји и домашни вљубеници во трчањето ќе трчаат на трите патеки долги […]

Kлиматските промени станаа закана по здравјето на луѓето


  Главоболки, проблеми со крвниот притисок, влошување на кардиоваскуларните и респираторните болести. Климатските промени станаа закана по здравјето на луѓето. Климатските промени сe причина за почестите топлотни бранови, задоцнета есен и топли зими. Според стручните лица, несомнено човечкото тело знае како да се прилагоди на промените, но ваквите нагли и драстични временски промени во температурите […]

Меѓународна научна конференција посветена на Иљоски, Стефановски и граматиката од Конески


  Осумдесетина македонисти, слависти и балканисти од над 20 институции од земјата и од странство ќе учествуваат на 49. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), која денеска и утре ќе се одржи во Конгресниот центар на УКИМ во […]

Се бара начин за поддршка на уставните измени од пратеници од опозицијата


  Власта и опозицијата продолжуваат со реториката за тоа дали има или нема и како ќе се стаса до доволно гласови во Парламентот за уставни измени. И премиерот Димитар Ковачевски и првиот потпретседател на Владата Артан Груби се децидни дека уставни измени мора да има бидејќи единствена алтернатива за Северна Македонија е Европската Унија. Груби, […]

Чешките приоритети со претседавањето со ЕУ пред пратениците


  Амбасадорот на Чешката република во Северна Македонија Јарослав Лудва утре во Собранието, пред членовите на Комисијата за европски прашања ќе ги претстави приоритетите на неговата земја со ЕУ.   Лудва, како што е наведено на собраниската веб-страна, ќе ги презентира Програмата и Приоритетите за работата на чешкото претседателство со Советот на Европската унија за […]

Борисов изјави, па негираше дека ќе се повлече од политиката 


Бугарија– Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, за време на неговата изборна кампања во Разград, најави дека доколку Бугарите ги реизберат поранешните владетели Продолжуваме со промените, БСП и Демократска Бугарија, тој повеќе нема да води изборна кампања и нема да се кандидира за функцијата, јави дописникот на МИА од Софија. Според Борисов, ова беше најлесната кампања […]

Сончево со мала облачност


  Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено на исток и во југоисточните делови процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на краткотрајно невреме со […]

Астрономски календар


  Денеска е недела, 4 септември 2022 година, 242-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 123 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот, а ќе зајде во 19 часот и 5 минути. Денов трае 13 часа и 5 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 14 […]

Eкспресно санирани последиците од поплавите во Ист Гејт Мол


Водата која надојде од булеварот Александар Македонски во гаражниот дел од Ист Гејт Мол експресно е исцрпена. Целиот простор е саниран, и се спроведени неопходните активности тој да биде функционален и безбеден. Нивото на приземје како и повисоките катови од молот воопшто не беа засегнати од поплавата. Погодените нивоа од поплава беа ниво минус 2 […]

Кириос ќе плати највисока казна во историјата на УС Опен


  САД– Австралискиот тенисер Ник Кириос ќе мора да плати највисока казна во историјата на УС Опен, во износ од 11.000 долари, поради неспортско однесување, плукање и пцости за време на дуелот од второто коло во кое триумфираше над Французинот Бенжамен Бонзи со 7:6 (4), 6:4, 4:6, 6:4. Кирјос честопати плукаше во насока кон својот […]

Венеција, а не Кан или Берлин, ја има таа стара филмска магија – знае да ги избере победниците


  Италија– Кан е поголем, Берлин е повеќе политички, а кога станува збор за огромниот број ѕвезди на црвениот тепих, Торонто е на врвот. Но, ако ја барате таа стара филмска магија, ниту еден филмски фестивал во светот не може да се мери со Венеција. Делумно тоа е историјата. Венеција е најстариот филмски фестивал , […]

ЕМА: Не знаеме какви соеви на Ковид-19 ќе се појават зимава


  Белгија– Марко Кавалери, задолжен за вакциналната стратегија во ЕМА, денеска порача дека е важно луѓето да продолжат да се вакцинираат против ковид во пресрет на зимата, јави дописничката на МИА од Брисел. Засега ситуацијата со Ковид-19 во Европа е стабилна, а сојот омикрон БА5 сѐ уште е најзастапен кај заразените, информираше Европската агенција за лекови, […]

Од Армани до Ив Сен-Лоран: Црвениот килим на Мостра (Фото)


  Италија– Тоалети на италијански и светски дизајнери од Армани до Ели Сааб,  доминираат на на 79. Меѓународен филмски фестивал во Венеција кој годинава се најавува како Холивуд во мало.На црвениот ќилим продефилираа и актерки и манекенки. До 10 септември се најавува гламур и присуство на ѕвезди од А-листата. Џулијан Мур, која доби „Оскар“ за […]

Странските македонисти ќе продолжат да го афирмираат македонскиот јазик во светот


Ќе продолжиме да ја раскажуваме македонската приказна и да ги афирмираме македонскиот јазик, литература и култура низ светот. Македонскиот јазик со своите специфики е исклучителен предизвик и остануваме посветени на неговото изучување, се дел од поракита на учесниците на 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил […]

Хајредини: Да не се занесуваме со „зелена агенда“, спасот на енергетиката се постојните капацитети


Малите хидроцентрали кои се граделе и се градат, нема апсолутно, па и на долг рок, да го решат проблемот со недостиг на струја во земјава. Спас не треба да се бара ниту во сончевата или ветерната енергија. Единствен начин да се соочиме со ситуацијата, е да го искористиме она што го имаме, да ги модернизираме […]

Изложба на фотографии во чест на браќа Манаки во Кинотека


Кинотеката ја чествува 140-годишнината од раѓањето на Милтон Манаки. По тој повод во фоајето на Кинотеката, за времетраењето на ФЕСТИВАЛОТ НА НЕМ И КЛАСИЧЕН ФИЛМ (31 август – 7 септември) ќе бидат изложени дигитализирани фотографии од фотографскиот опус на браќата Манаки. Автор на оваа изложба е Роберт Јанкулоски (1969), фотограф, режисер, кинематографер и проучувач на […]