Путин го поништи декретот за поддршка на суверенитетот на Молдавија


Претседателот на Русија, Владимир Путин го укина декретот од 2012 година со кој делумно се потврдува суверенитетот на Молдавија во решавањето на иднината на Придњестровје, сепаратистички регион што се граничи со Украина, каде што Русија има трупи. Указот, во кој беше вклучена и компонента на Молдавија, ја содржеше руската надворешна политика пред 11 години, која […]

Османи ќе се обрати пред Комитетот на министри на Советот на Европа


Претседавачот со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и министер за надворешни работи Бујар Османи, денеска во Стразбур пред Комитетот на министри на Совет на Европа  ќе ја презентира програмата на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ. Министерството за надворешни работи најави дека Османи ќе има средба со генералниот секретар на Советот на […]

Онлајн настава во училиштата во Украина од денеска до 24 февруари


Украина- Наставата во украинските училишта ќе биде онлајн од денеска до 24 февруари поради ризикот од руски ракетни напади во врска со приближувањето на првата годишнина од инвазијата на руските сили во Украина. Според украинските власти, Русија може да почне со напади за да ја „одбележи“ годишнината в петок. Во врска со годишнината од инвазијата, украинското […]

Редовно годишно собрание на МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одржи редовно годишно собрание. Како што е најавено, на седницата обраќање ќе има претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев на тема „Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во 2022 година и предизвици на МАНУ и на земјава во претстојниот период, а пред сѐ во 2023 […]

Џил Бајден на турнеја во Намибија и Кенија


САД- Џил Бајден, првата дама на САД, вчера замина од Вашингтон за Африка, каде од денес до 26 февруари ќе ги посети Намибија и Кенија , со цел дополнително зајакнување на врските на Америка со Црниот континент, објави „Источна Африка“ од Најроби. Од почетокот на годината, д-р Бајден е веќе третиот американски функционер што допатува […]

Средба во Варшава на земјите од форматот Б9


Полска – Во Варшава денеска ќе се одржи состанок на земјите од Б9 каде учесник ќе биде и американскиот претседател Џо Бајден. Форматот на политичкиот дијалог ги обединува земјите-членки на НАТО Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка, Унгарија, Чешка, Полска и Бугарија. Во фокусот на разговорите се очекува да биде зајакнувањето на источното крило на НАТО, […]

Спогодба за потрага и спасување во воздухопловството меѓу Македонија, Словенија, Србија и Црна Гора


Цивилните воздухопловни власти  на Северна Македонија, Словенија, Србија и Црна Гора денеска во Охрид ќе потпишат спогодба за потрага и спасување во областа на воздухопловството.  На настанот ќе се обратат министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев. Со потпишување на спогодбата, се утврдува рамка за соработка […]

Продолжува собраниската седница за реконструкција на Владата


Со расправа за предлогот за разрешување на министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи денеска продолжува 104-тата седница на Собранието посветена на владината реконструкција. Според последните најави за збор по предлогот за разрешување на Чупи се пријавени вкупно 39 пратеници. Претходно, во рамки на оваа прва точка од седницата заврши расправата за предлозите за […]

Почувствуван земјотрес во Кичево и околината


Земјотрес  со локална Рихтерова магнитида од 2,8 степени е регистриран изутрина во 1 часот и 27 минути 64 километри југозападно од Скопје од епицентралното подрачје Кичево. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот  е почувствуван од населението во Кичево и околината, а бил со интензитет од III–IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Министерот Спасовски во Белград на билатерална средба со српскиот колега Гашиќ


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе престојува во посета на Белград, каде ќе оствари билатерална средба со неговиот српски колега Братислав Гашиќ. Како што соопшти МВР, повод за посетата на Спасовски на Србија е потпишувањето на Протоколот за начинот на извршување гранични проверки на заедничкиот граничен премин „Лојане – Миратовац“.

Сончево и топло со слаб ветер од северен правец


Времето ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 0, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се […]

Астрономски календар


 Денеска е среда, 22 февруари 2023 година, 53-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 312 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 20 минути, а ќе зајде во 17 часот и 15 минути. Денов трае 10 часа и 54 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 7 часот […]

Мелони во Киев го критикуваше говорот на Путин: „Тоа беше пропаганда“


Украина– Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска во Киев го оцени говорот на рускиот претседател Владимир Путин како „пропаганда“ и вети континуирана италијанска поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Мелони во главниот град на Украина пристигна со воз од Полска, а ова е нејзина прва посета на Украина откако во август ја презеде премиерската функција како лидерка на победничката десничарска […]

„Папокот на светлината“ од Венко Андоновски објавен на руски јазик


Во Москва излезе од печат романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски преведен на руски јазик. Руското издание на романот „Папокот на светлината“ е издадено во тврд повез, а на корицата е фрагмент од сликата „Гулаби“ на македонскиот уметник Драги Хаџи Николов. Краток предговор за книгата напиша самиот автор. „Папокот на светлината“ е седмо дело […]

Предметите „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ ќе добијат интензитет, уверуваат од Кривичен суд


На предметите „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ ќе им се даде интензитет во следниот период, уверуваат од Кривичен суд. Прашани за ризикот од застарување на делата и дали може да се забрзаат овие предмети, од Основниот кривичен суд, денеска на брифинг со медиуми, велат дека и двајцата судии кои постапуваат по предметите изразиле уверување дека ќе им […]

Џуд Ло го доби седмото дете со четвртата сопруга


Англија– Англискиот актер Џуд Ло сега е татко на седум деца, кои ги доби со четири различни сопруги. Како што објави весникот „Сан“, 50-годишниот Ло и 15 години помладата сопруга Филипа Коан се снимени со бебето на лондонскиот аеродром „Хитроу“. Ло се труди да го држи својот приватен живот во тајност. Во декември 2020, тој […]

„Го живеам овој живот за нас двајцата“. Остин Батлер е емотивен кога се сеќава на својата покојна мајка


САД– Да можеше мајка му на Остин Батлер да го види сега. Батлер (31) разговараше со Вили Гејст за неговото искуство во Холивуд, особено по смртта на неговата мајка, Лори, и рече дека доколку таа е сè уште жива, би била „многу горда“ на сето она што го постигна. „Таа се жртвуваше толку многу“, рече […]

Камерон се „брка самиот себе“: „Патот на водата“ го надмина „Титаник“


САД– Новиот дел од франшизата „Аватар“ на Џејмс Камерон го надмина „Титаник“ на истиот режисер на листата на филмови со најголема заработка на кината во историјата на кинематографијата. „The Way of Water“ сега е на третото место, додека љубовната сага за потонувањето на бродот „падна“ на четврто. „Аватар 2“ заработи 2,2433 милијарди долари ширум светот, […]

Итна мобилизација за поголема вакцинација против морбили, алармира д-р Даниловски


Познатиот епидемиолог Драган Даниловски со објаснување зошто треба да се зголеми опфатот на имунизација против морбилите.  Неговиот став ви го пренесуваме во цеслот.  -И покрај тоа што веќе неколку пати во медиумите имам укажувано на феноменот на „имунолошка амнезија“ кај морбилите, не е на одмет пак да го спомнам. Зошто? Пред сѐ, заради многу нискиот […]

Од Марта Вашингтон до Џил Бајден: Како облеката на првите дами се претвори во суптилна дипломатија


САД- Модните избори на првите дами привлекуваат големо внимание и често, буквално, влегуваат во историјата. Сега, со нивниот нов дом во популарната галерија на Музејот Смитсонијан што ја прикажува модата на првите дами, облеката на инаугурацијата на Џил Бајден ќе привлекува внимание во годините што доаѓаат. Бајден носеше две парчиња облека од млади дизајнерки за […]