Невиден луксуз и сјај на Менхетен : „Тифани“ се поднови со нова продавница под француско водство


Њујорк – Тифани и Ко.се горди на новата, реновирана, луксузна продавница, во центарот на Њујорк, во сопственост на најголемата луксузна групација во светот LVMH. Филмската актерка од „Wonder Woman“ Гал Гадот присуствуваше на церемонијата на сечење лента во раните утрински часови, во друштво со извршниот директор на Тифани, Ентони Ледру и Александре Арно, извршен потпретседател […]

Чарлс и Камила ја покажаа сцената на Евросонг во Ливерпул: Еве што се случи


Ливерпул– За неполни две недели започнува омиленото музичко натпреварување – Евросонг! Британскиот крал Чарлс и неговата сопруга Камила во средата ја открија сцената на која ќе бидат домаќини претставниците на Евровизија од 9 до 13 мај. Кралот најави дека со голем интерес ќе го следи натпреварот кој годинава се одржува во Ливерпул, се сретна со […]

Сибо: „Зелениот дворец“ е роман за Скопје што веќе го нема и за Скопје што го познаваме


Една од највпечатливите градби во Скопје, зелената куќа-дворец во населбата Црниче, околу која со години се плетеа мистерии и легенди, е главната инспирација за приказната во новата книга „Зелениот дворец“ од авторот Дејан Сибиновски – Сибо, член на етно-групата „Баклава“. Романот, кој е добитник на наградата „Пегаз“ за 2022 година, беше промовиран вчеравечер (26 април) […]

„Златен објектив“ за Љупчо Констатинов и Тонкица Митровска


Кинотеката, по повод својот „роденден“ на 29 април, секоја година го доделува признанието „Златен објектив“ на филмски работници, кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. Управниот одбор на Кинотеката на Македонија ги прогласи Тонкица Митровска, аниматорка, и Љупчо Константинов, композитор на филмска музика – за добитници на наградата „Златен објектив“ за 2023 година. Признанијата […]

Циципас за ривалството со Алкараз: Треба да тренирам за да ја подобрам играта


Мадрид – Грчкиот тенисер Стефанос Циципас проговори за ривалството со Карлос Алкараз. Во меѓусебните дуели Циципас е инфериорен 0:4. На Мастерсот во Мадрид тие може да се сретнат само во финалето. – Далеку е финалето, по две недели. Треба да тренирам за да ја подобрам мојата игра. Toa e единствениот начин на кој можам да променам […]

Сопругата на Пирс Броснан има богатство од 100 милиони долари


Лос Анџелес – Повеќе од 20 години, Кили Шеј Смит е среќнo мажена за холивудскиот заводник Пирс Броснан, со кого има два сина – Парис и Дилан, но и заработила значителна сума пари. Иако е мажена за холивудски глумец од „А-листата“, и оваа наградувана американска новинарка, истражувачка и глумица има доста голем удел во семејното […]

Сите сместувачки капацитети во Дојран се распродадени за првомајскиот викенд


Сите сместувачки капацитети во Дојран се распродадени за претстојниот првомајски викенд, информираа од Општината. И во приватното и во хотелското сместување нема слободни места, а дојранци очекуваат рекордна посета за викендот. -Ако се суди по интересот за Дојран за првомајскиот викенд, тогаш можеме да сметаме и на добра туристичка сезона. Отсекогаш посетеноста за Први Мај […]

Дојче банк во првиот квартал оствари добивка од 1,85 милијарди евра


Берлин– Дојче банк, најголемата германска банка, во првиот квартал оствари добивка пред оданочување од 1,85 милијарди евра, што е за 12 отсто повеќе во однос на истиот период лани и e 11-ти квартал по ред кога остварува добивка. Истовремено, ова е највисока квартална добивка на банката од 2013 година. Од банката денеска соопштија дека сакаат […]

Манчестер сити ќе гради спортска академија во Драч


Тирана – Манчестер сити ќе има Фудбалска академија и школа во албанскиот пристанишен град Драч. Премиерот Еди Рама, кој е во посета на Велика Британија објави дека е потпишан договорот со „Сити Фудбал Груп“, со кој Албанија ќе има соодветна фудбалска академија, на еден од најпознатите клубови. Според него благодарение на помошта на пријателите од […]

„Брако“ учествуваше на Саемот за индустрија во Хановер


БРАКО ги претстави своите производни капацитети и можностите на фабриката на светски познатиот саем за индустрија кој се одржа во Хановер во Германија. Директорот на секторот за тешки метални конструкции во БРАКО, Перо Колев, ги запозна заинтересираните деловни субјекти присутни на саемот со можностите кои ги нуди БРАКО во делот на производството, современата технологија од […]

Џоли со синот Медокс на државна вечера во Белата куќа- во винтиџ тоалета на „Шанел“


Вашингтон – Анџелина Џоли и синот Медокс стигнаа во Вашингтон за посебна пригода. Актерката и хуманитарец (47) беше придружувана од Медокс (21) на државната вечера во Белата куќа во средата, каде што претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден беа домаќини на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол и првата дама Ким Кеон Хи. Извор […]

Ед Ширан пак на суд: Негира дека плагирал песна на Марвин Геј


Њујорк –  Британскиот пејач текстописец Ед Ширан се појави на суд во Њујорк за да ги отфрли тврдењата дека неговиот хит Thinking Out Loud е плагијат на класикот на Марвин Геј, Let’s Get it On. Британецот (32) е тужен од наследниците на Ед Таунсенд, текстописецот кој заедно со Геј ја напиша песната. Тие тврдат дека во неговата песна […]

„Лавиринт на уметноста 2“ низ постојаната поставка на Националната галерија во Даут пашин амам


Во објектот Даут пашинт амам на Националната галерија, во тек е второто издание на музејската едукативна работилница „Лавиринт на уметноста 2“. Наменета е за ученици од петтите и шестите одделенија од основните училишта. Реализацијата на работилницата почна на 1-ви април 2023 и има едукативен, истражувачки и награден концепт. Пред сите учесници е поставена загатка, а […]

Поповиќ пред ЕФА: „Охридско лето“ е кодот на културата на Балканот


Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ изминативе четири дена ги презентира успесите на фестивалот на Самитот на уметнички фестивали во Гирона, Шпанија во чии рамки се одржа и 70. Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА). Поповиќ, која пред две години ја доби титулата почесен делегат на ЕФА, рече дека членството во оваа елитна […]

Светскиот ден на танцот ќе го одбележат над 1000 танчери од повеќе танц студија од Македонија


Танцот има моќ да ги зближи луѓето, да раскажува приказни и да искажува емоции што зборовите не можат. Без разлика дали се работи за традиционални народни танци, класичен балет или модерни современи стилови, танцот има способност да нѐ поврзе со нашите тела, нашите заедници и нашата заедничка хуманост. Светскиот ден на танцот e ден посветен на славење […]

Владимир Мартиновски е избран за декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“


Од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“  информираа дека научно-наставниот совет, преку гласање, го избра новиот декан на факултетот, Владимир Мартиновски. Мартиновски е избран за декан за мандатниот период од 15 септември 2023 година до 14 септември 2026 година. Мартиновски дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, каде што и магистрирал во 2001 година на тема […]

„Кафе Милер“ на Пина Бауш ексклузивно во Кинотека


На 27 април, во 20 часот, започнува проектот „Театар на платно“, соработка на компанија „Артактум“ и Кинотеката на Македонија, со претставата „Кафе Милер“ на легендарната кореографка и танчарка Пина Бауш. Претставата е снимена во 1985 година и во неа глуми и самата Пина Бауш. Овој четврток „Артактум“ овозможува ексклузивно да ја видиме оваа претстава на […]

„Денови на филигранство и накит“ во Скопје Сити мол


Од 4 до 7 мај, во организација на Скопје Сити Мол и во соработка со Занаетчиска комора Скопје ќе бидат отворени „Денови на филигранство и накит“, настан на кој ќе се претстават 23 „артизанс“ индивидуалци – уметници. Ова е единствена можност на едно место да се видат рачно изработени уметнички форми на накит од сребро, […]

Црната ружа расте само во една земја во светот


Црвената, белата, жолтата или розовата се боите кои први ни паѓаат на памет кога зборуваме за ружите кои ја носат титулата кралица на цвеќињата. Но, кога ќе видите ружа Халфета, можете да ги заборавите сите останати што некогаш сте ги помирисале и виделе бидејќи нејзината боја е уникатна. Оваа конкретна сорта, позната како црна ружа, […]

Антиќ: Името на федерацијата беше сменето пред мојот избор за претседател


Четири години по промената на кошаркарската власт во земјава и еден месец по реизборот, претседателот на Федерацијата, Перо Антиќ првпат проговори за промената на името на оваа организација. Во овие четири години, тој често беше напаѓан дека го сменил името, најчесто од политички причини. Присутните на Изборното собрание, одржано на 15 мај 2019 година се […]