Денови на романски филм во Кинотека


 Со проекцијата на филмот „Луѓе од акција“ (Oameni de treaba / Men of Deeds), во понеделник, 22 мај, во Кинотека почнуваат Денови на романскиот филм. Манифестацијата е во организација на Романскиот културен институт, Амбасадата на Романија и Кинотеката. „Луѓе од акција“ е романско-бугарска копродукција од 2022 година, во режија Паул Негоеску (Paul Negoescu). Автори на […]

ФИФА го претстави логото за Мундијалот во 2026 година


Лос Анџелес – Светската фудбалска федерација (ФИФА) го откри логото за Мундијалот во 2026 година. Амблемот e комбинација на трофејот на Светското првенство и годината на турнирот. Промоцијата се одржа ноќеска во Лос Анџелес на кој учествуваа фудбалски легенди и специјални гости од Канада, Мексико и САД. Главните ликови беа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и […]

Историска насловница: Марта Стјуарт позираше за Sports Illustrated Swimsuit на 82 години


Лос Анџелес- Марта Стјуарт е меѓу моделите на насловната страница на магазинот Sports Illustrated Swimsuit за 2023 година. Претприемачката, која наполни 82 години, е најстариот модел на костими за капење што магазинот го објавил. Додека едни ја нарекоа соработката „историска“, други го критикуваа нејзиниот изглед. „Кога слушнав дека ќе бидам на насловната страница на Sports […]

Зошто Ди Каприо е меѓу омилените глумци на Скорсезе?


Лос Анџелес – Американскиот режисер Мартин Скорсезе во интервју за „Дедлајн“ (Deadline) открива зошто го користи Леонардо ди Каприо во повеќето, т.е. наизглед сите негови филмови од 21. век. Ди Каприо и Скорсезе досега имаат работено на шест долгометражен и еден краткометражен филм: „Бандите на Њујорк“ од 2002 година, „Авијатичарот“ (2004), „оскароскиот“ „Покојните“ (2006), „Островот […]

„М“ на Вардан Тозија со проекција на филмскиот маркет во Кан


Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и оваа година ќе биде присутна на филмскиот маркет кој се одржува од 16. до 27. мај во рамки на Канскиот филмски фестивал каде ќе биде промовирана македонската кинематографија.  Од најновата филмска продукција поддржана од Агенцијата за филм, проекции на маркетот на Канскиот филмски фестивал ќе има вториот долгометражен филм […]

Панел: „Иднината на проширувањето на ЕУ – Кои се придобивките за Северна Македонија и Европската Унија?“


Фондацијата Конрад Аденауер, Европското движење во Република Северна Македонија и Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел организираат панел дискусија на тема „Иднината на проширувањето на ЕУ – Кои се придобивките за Северна Македонија и Европската Унија?“. На панел дискусијата, како што најавуваат организаторите, се очекува да учествуваат високи политички претставници од земјата, претставници […]

ЕУ и САД формираа заедничка работна група за здравство


Брисел – ЕУ и САД формираа нова заедничка работна група за здравствени прашања, во чии рамки ќе се воспостави соработка во областа на малигните заболувања, глобалните здравствени закани, синџирите на снабдување и инфраструктурата, изјави синоќа еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес и американскиот министер за здравство Хавиер Бесера. Работната група е формирана како дел од проширувањето на […]

Конзерваторските центри од Скопје и од Сараево заеднички ќе го заштитуваат културното наследство


Националната установа Конзерваторски центар – Скопје и Кантоналниот завод за заштита на културното, историското и природното наследство од Сараево потпишаа Меморандум за соработка во областа на заштитата и промоцијата на културно-историското наследство на Република Северна Македонија и на Босна и Херцеговина, информираат од Министерството за култура. Константин Димитровски, в. д. директорот на Конзерваторскиот центар од […]

Мето Јовановски: Порано имаше систем имаше вредности


По прашањето за  успехот и кариерата како актер во поранешниот систем можам да кажам дека тоа е индивидуално, секоја личност има свој почеток, свое опкружување од детство, фамилијарно, школување, професор – ментор и малку среќа во професијата, вели во кратиот разговор за МИА еден од најпознатите македонски актери Мето Јовановски. -Освен занаетско знаење стекнато во […]

,,Срце во мозокот“- објавена најновата поетска книга на Ристо Лазаров


 Издавачкиот центар ,,Антолог“ од Скопје ја објави најновата поетска книга на Ристо Лазаров ,,Срце во мозокот“. Наведувајќи ја како мото на својот  поговор кон книгата на Лазаров библиската сентенца дека ,,Мислата на срцето човечко е зла“, Лидија Капушевска Дракулевска забележува дека во сенките на сегашноста човекот како да станува сѐ помалку емотивно, а сѐ повеќе […]

ОН бара 100 милијарди долари заради премостување на „дигиталниот јаз“


Њујорк – Обединетите нации побараа од земјите-членки и од приватниот сектор да издвојат 100 милијарди долари до 2026 година за побрзо надминување на „светскиот дигитален јаз“. Ова е три пати повеќе од првично планираната сума. Околу 2,7 милијарди луѓе во светот немаа пристап до Интернет во 2022 година, од вкупно осум милијарди. Ова го посочуваат […]

Нова 3-Д реконструкција на „Титаник“


Лос Анџелес – Благодарение на првото дигитално скенирање на бродот „Титаник“, неговите остатоци сега се прикажани на сосем нов, досега невиден начин, објави Би-би-си. Станува збор за најпознатиот брод на светот, кој повеќе од еден век лежи во Атлантскиот Океан, на длабочина од 3.800 метри. Дигитално скенираниот модел на „Титаник“ е создаден со мапирање на […]

Жељко Самарџиќ и Ана Бекута ќе пеат на Фолк фест „Валандово 2023“


Триесет и шестото издание на Фолк фест „Валандово“ ќе се одржи на 28 – ми овој месец во фестивалската сала „Јанко Узунов“, а на фестивалската сцена ќе бидат исполнети 20 новосоздадени македонски песни. Ова беше соопштено на прес конференцијаta што се одржа во Валандово, на која беа споделени информациите за Фестивалот и за тоа до […]

Манчестер сити убедливо го победи Реал и избори финале во Лигата на шампионите


Манчестер – Манчестер сити синоќа на свој терен го победи Реал Мадрид со 4:0 во реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите. Резултатот го отвори играчот од средниот ред Бернардо Силва во 23. минута. Во 37. минута Португалецот постигна втор гол. Во вториот дел, во 73. минута, дефанзивецот на Реал Мадрид, Едер Милитао си постигна […]

Променливо облачно уште денес, во петок и сабота сончево и топло


Времето ќе биде променливо облачно, во утринските часови во источните делови со врнежи од дожд. Околу пладне и попладне пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладне во источните делови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието на места засилен […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 18 мај 2023 година, 138-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 227 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 11 минути, а ќе зајде во 19 часот и 50 минути. Денов трае 14 часа и 39 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

ГИ ТОЦ: Скопскиот и белградскиот аеродром „центри за нелегални активности“


Балканските аеродроми се ранливи на организиран криминал, а аеродромите во Скопје и Белград се регионални центри за недозволени активности, се вели во извештајот на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (ГИ-ТОЦ). Оваа невладина организација со седиште во Женева, меѓу криминалните активности на аеродромите во Скопје и Белград, ги наведува и криумчарењето мигранти и стоки, трговијата […]

Град Скопје: Мостот „Беласица“ се вештачи


  Во однос на различните тврдења околу неодамна опожарениот мост „Беласица“ Град Скопје информира дека во овој момент се работи на вештачење на неговата состојба со цел утврдување дали воопшто има структурно оштетување и дека во наредните денови ќе се врати во употреба веднаш, или пак ќе има било каква интервенција пред да се стави […]

За првпат ќе има македонски национален штанд на саем во САД


Министерот за земјоделство Љупчо Николовски вечерва изјави дека за прв пат ќе има македонски национален штанд на саем во САД. -Единствени од регионот со Италија и Шпанија учествуваме на саемот Bellavita Chicago. За прв пат имаме македонски национален штанд на саем во Америка. Очекуваме дирекни средби со дистрибутери и потпишување на договори за извоз на […]

(Во живо) Прво полуфинале на Евросонг во Ливерпул


Вечерва, од 21 часот, е првото полуфинале на 67. Евросонг во Ливерпул, организиран од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и британскиот сервис Би-би-си. Годинава на Евровизија ќе учествуваат 37 земји, под слоганот„Обединети од музиката“ (United By Music) , односно три помалку од минатата година, откако покрај Македонија, учеството го повлекоа и Бугарија и Црна Гора. Првите […]