Роберто Росети, шефот на судии на УЕФА гостин на ФФМ


Во организација на Фудбалска федерација на Македонија, во четврток во Скопје ќе се одржи свеченото доделување на ФИФА значките за македонските интернационални судии за 2026 година. Настанот ќе го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, на чија покана во Скопје ќе престојува и шефот на судии на УЕФА, Роберто Росети. Росети, кој воедно е и …

Роберто Росети, шефот на судии на УЕФА гостин на ФФМ Read More »

Скопско Драчево доби кино


Скопската населба Драчево, која е во рамки на општината Кисела Вода чиј градоначалник е Бети Стаменкоска Трајкоска, по две децении, доби свое кино. Отворањето беше синоќа, на пригодна свеченост. Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања. Покрај Кисела Вода, …

Скопско Драчево доби кино Read More »

Променливо облачно со умерен до засилен северен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви …

Променливо облачно со умерен до засилен северен ветер Read More »

Астрономски календар


 Денеска е среда, 18 февруари 2026 година, 49-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  316 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 26 минути, а ќе зајде во 17 часот и 10 минути. Денов трае 10 часа и 44 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Панчевски ја објави потврдата од Основниот кривичен суд дека го исполнува условот за државен јавен обвинител


Чисто заради сите вас што ме поддржавте во оваа трка за правда! Историјата бележи! Ви благодарам на сите вас, добронамерни луѓе и пријатели желни Македонија да стане правна држава! – објави пред малку на ФБ екс претседателот на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски.  Неговата реакција доаѓа откако денеска Советот на јавни обвинители ја одби неговата …

Панчевски ја објави потврдата од Основниот кривичен суд дека го исполнува условот за државен јавен обвинител Read More »

„Глумците пеат“ на 24 и 25 март во МНТ со македонска музика и нови актерски имиња


„Глумците пеат“ на 24 и 25 март повторно ќе го одбележат Светскиот ден на театарот во Македонскиот народен театар, во 20часот. Годинава шоуто е посветено на македонската музика од различни периоди – песни што публиката ги знае, но ќе ги слушне во нова актерска интерпретација. Покрај соло изведби, на сцената ќе има и повеќе дуети …

„Глумците пеат“ на 24 и 25 март во МНТ со македонска музика и нови актерски имиња Read More »

Должни сме да се зафатиме со подлабоко проучување на делото на Георги Сталев Поповски


Георги Сталев Поповски остави белег во сите области на книжевноста – во прозата, поезијата и книжевната критика. Ние сме должни што поскоро да се зафатиме со подлабоко проучување на неговото дело, а Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје и Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) да организираат симпозиум на кој достојно ќе бидат проследени неговите …

Должни сме да се зафатиме со подлабоко проучување на делото на Георги Сталев Поповски Read More »

Шведска нуди приватни острови за користење, на милијардерите им е забрането да се пријават


Шведскиот туристички одбор започна необична кампања во која нуди можност за освојување на еден од петте приватни острови за користење. Целта на иницијативата е да се сподели „многу шведска перспектива за слободата и одговорноста во природата“, а на милијардерите им е изрично забрането да аплицираат, бидејќи луксузот треба да се дефинира преку мир и едноставност, …

Шведска нуди приватни острови за користење, на милијардерите им е забрането да се пријават Read More »

Јапонска ноќ на Берлинале  – во фокус млади режисери и продуценти


Берлин – Јапонија пристигна на годинешното Берлинале со девет филмови во селекција и ветерот зад себе – „Demon Slayer“ и „Chainsaw Man“ сè уште свежи во книгите со рекорди на бокс-офисот, почестите во Кан се на повидок. Но, на Јапонската ноќ во понеделник, разговорот не беше за минатите успеси или етаблираните автори. Стануваше збор за …

Јапонска ноќ на Берлинале  – во фокус млади режисери и продуценти Read More »

Изгаснат пожарот во театарот Санаѕаро во Неапол, четири лица се повредени, а 60 се евакуирани


Неапол– Изгаснат е пожарот, кој избувна денес во центарот на Неапол, зафаќајќи го театарот Санаѕаро, при што четири лица вдишаа чад, соопшти противпожарната служба. Најмалку 60 лица се евакуирани, куполата на театарот се урна, пламените јазици ги оштетија и соседните згради, а како што се наведува, пожарот најверојатно е предизвикан од краток спој, пренесува весникот …

Изгаснат пожарот во театарот Санаѕаро во Неапол, четири лица се повредени, а 60 се евакуирани Read More »

Монархијата на испит: Скандали го потресуваат норвешкиот престол


Осло – Норвешката монархија, која со децении уживаше стабилна јавна поддршка и имиџ на институција над политичките и личните работи, се најде во средината на својата најсериозна криза досега. Јавноста е фокусирана на крунската принцеза Мете-Марит и нејзиниот син Мариус Борг Хејби, чии имиња се поврзуваат со два одделни, но подеднакво сериозни скандали за угледот …

Монархијата на испит: Скандали го потресуваат норвешкиот престол Read More »

Прво затемнување на сонцето во годината


Вашингтон – Првото затемнување на сонцето во годината ќе биде видливо во некои делови од светот денес. Затемнувањето ќе биде видливо само за околу 2 проценти од светската популација, главно на Антарктикот, делови од Африка и Јужна Америка, соопштија астрономите, објави CNN. Таканареченото „прстенесто“ затемнување на сонцето се случува кога Месечината поминува помеѓу Земјата и …

Прво затемнување на сонцето во годината Read More »

Џеси Џексон, лидерот за граѓански права во САД, почина на 84 години


  Пречесниот Џеси Џексон, штитеник на Мартин Лутер Кинг и двократен претседателски кандидат кој го водеше Движењето за граѓански права со децении по атентатот на почитуваниот лидер, почина во вторникот. Имаше 84 години. Како млад организатор во Чикаго, Џексон беше повикан да се сретне со Кинг во мотелот „Лорејн“ во Мемфис, Тенеси, кратко пред да …

Џеси Џексон, лидерот за граѓански права во САД, почина на 84 години Read More »

Дански скијач извлечен од лавина на Попова Шапка


Скијач од Данска, кој бил повреден од лавина, бил извлечен и спасен вчера на Попова Шапка, соопшти МВР.  – На 16.2.2026, во 14.50 часот. во СВР Тетово е пријавено дека на Попова Шапка, кај местото наречено Церипашина, екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16.10 часот го пронашла лицето Ф. …

Дански скијач извлечен од лавина на Попова Шапка Read More »

Актери со најмногу номинации, но без ниеден Оскар


Општо познат факт е дека не секој актер номиниран за Оскар може да однесе дома златна статуетка, а актерите на листата подолу не се исклучок. Она што ги издвојува овие талентирани поединци, сепак, е тоа што тие се најмногу номинирани актери во историјата на Академијата кои никогаш не освоиле награда во која било категорија за …

Актери со најмногу номинации, но без ниеден Оскар Read More »

Современи француски филмови и класици во Кинотека


Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести и покани на првото издание на месечните „Кино средби” во Кинотека, каде што ќе се прикажуваат современи француски филмови како и големи класици на француската кинематографија. Овие кино средби започнуваат со проекцијата на „Романот за Џим“ (2024), од Арно Ларје и Жан-Мари Ларје, со Карим Леклу, Летиција Дош и …

Современи француски филмови и класици во Кинотека Read More »

25 познати во венчаници и Нокаут го отвораат 14. Саем за венчавки “Wedding Expo Skopje”


Три дена гламур, љубов и реални одлуки за најважниот ден во животот – од 20 до 22 февруари 2026 година, хотел „Александар Палас“ ќе биде домаќин на 14-тото издание на Wedding Expo Skopje, најголемиот саем за венчавки во регионот, во организација на „Во Бело“. На повеќе од 2.000 м² изложбен простор, над 50 изложувачи ќе …

25 познати во венчаници и Нокаут го отвораат 14. Саем за венчавки “Wedding Expo Skopje” Read More »

Андерсон Купер ја напушта емисијата „60 минути“ по 20 години


Славниот новинар, добитник на наградата „Еми“,  Андерсон Купер ја напушта емисијата „60 минути“ на CBS News, по речиси 20 години. Купер ја потврди веста за неговото заминување во изјава за Entertainment Weekly во понеделникот. „Да бидам дописник во ’60 минути’ беше една од најголемите почести во мојата кариера“, рече Купер. „Морав да раскажувам неверојатни приказни …

Андерсон Купер ја напушта емисијата „60 минути“ по 20 години Read More »

Комеморација за Ленче Делова в четврток во Драмски


Драмски театар Скопје ја информира јавноста дека комеморацијата за актерката Ленче Делова ќе се одржи на 19 февруари (четврток) во 10 часот во Драмски. Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите достоинствено со збор, сеќавење, фотографија и снимка ќе се потсетат на кариерата на македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче Делова. Во 1970 година, се …

Комеморација за Ленче Делова в четврток во Драмски Read More »

Од Пачино до Копола: Холивуд се простува од Роберт Дувал


Холивуд се простува од Роберт Дувал, добитникот на Оскар, познат по улогите во „Апокалипса сега“, „Осамен гулаб“, „Нежни милостини“ и како бестрашен советник во првите два филма „Кум“. Дувал почина во недела на 95-годишна возраст во својот дом во Вирџинија, според соопштението од неговиот публицист и изјавата објавена на неговата Фејсбук страница од неговата сопруга, …

Од Пачино до Копола: Холивуд се простува од Роберт Дувал Read More »