Трамп бара судењето за доверливите документи да му се одложи до претседателските избори во 2024 година


Вашингтон – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара од федералниот судија задолжен за случајот со задржувањето доверливи документи во неговиот дом во Флорида, на неодредено време да го одложи одредувањето на датумот на судење и предложи кое било закажано судење да не биде одржано барем до претседателските избори во САД во 2024 година.  Во документите, […]

Песков: Европа не ја сака Турција


Москва – Турција не треба да има илузии дека еден ден може да стане членка на Европската унија, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, истовремено нагласувајќи дека сакаат силни односи со Анкара и покрај некои несогласувања, вклучително и прашањето за проширување на НАТО. Песков ја минимизираше оценката на новинар дека Турција се оддалечува од Русија […]

Русија го тестира најголемиот нуклеарен бомбардер на светот Ту-160М“


Москва – Американскиот магазин Њусвик (Newsweek), повикувајќи се на руски медиуми, јави дека Москва во моментов ја тестира унапредената верзија на најголемиот суперсоничен нуклеарен бомбардер и носач на ракети во светот, Туполев Ту-160М или „Бел лебед“. Во извештајот на магазинот,  подготвен од дописничката од Москва, се наведува дека руската војска го тестира подобрениот модел на […]

Предметите и облеката на Роџер Мур како Џејмс Бонд на аукција


Обожавателите на Џејмс Бонд ќе имаат ретка шанса да поседуваат парче од еден легендарен 007. Роџер Мур, кој почина во 2017 година, го играше измислениот агент на британската тајна служба во  седум филмови помеѓу 1973 и 1985 година, почнувајќи од „“Live and Let Die”“ и завршувајќи со „A View to a Kill“, објави „Гардијан“. Тој […]

На 58 години почина босанскиот глумец Мирсад Тука


Сараево – Босанскиот глумец Мирсад Тука почина на 58-годишна возраст, по долго и тешко боледување. Веста ја потврди близок семеен пријател. Мирсад дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград, а кариерата ја почнал како студент на Драмското студио при Народниот театар во родната Тузла. Од 1996 година е член на Камерниот театар во Сараево. […]

По 11 години падна снег во Јоханесбург


Јоханесбург – Жителите на најголемиот град во Јужна Африка, Јоханесбург, беа изненадени од првиот снег по 11 години, а некои деца за првпат видоа снег. Во делови од Јужна Африка снег редовно паѓа во зимските месеци, кои на јужната хемисфера се од јуни до август, а Јоханесбург последен пат видел снег во август 2012 година, […]

Најтопла недела во историјата


Женева – Во рекордно топлиот јуни се забележани невидени температури на површината на морската вода и рекордно мала количина мраз на Антарктикот. Рекордните температури на копното и во океанот би можеле да имаат разорно влијание врз екосистемите и животната средина, велат од Светска метеоролошка организација. „До високите температури во јуни и почетокот на јули дојде […]

Протестите ја чинат Франција 650 милиони евра


Париз – Според првите проценки на Здружението на осигурителни компании во Франција, штетата од неодамнешните протести е проценета на 650 милиони евра, што е трипати повеќе отколку во 2005 година. Протестите почнаа на 27 јуни поради смртта на тинејџер кој беше убиен од полицаец, а во таа прилика е направена голема штета на 3.900 имоти […]

Оливер Андреевски и Елисавета Булоска младоженец и невеста на 60. Галичка свадба (фото)


И оваа година, од 14-ти до 16-ти јули,Галичник,лоциран на живописните предели на планината Бистра, ќе биде домаќин на традиционалната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“.Пивара Скопје, СКОПСКО и останатите нејзини брендови остануваат дел од „Галичка свадба“, со што продолжува партнерството кое непрекинато трае од самите почетоци на манифестацијата. Илјадниците посетители од земјава и странство кои годинава се […]

Сеф со милион долари и накит украдени од домот на мајката на Бијонсе


Лос  Анџелес– На мајката на Бијонсе, Тина Ноулс-Лосон, ѝ бил ограбен домот во Лос Анџелес за време на викендот, при што крадци украле 1.000.000 долари во готовина и накит, пишува TMZ. Според порталот, во средата (5 јули), член на тимот на Ноулс открил дека целиот сеф на 69-годишната Ноулс е украден. Не е познато каде […]

Марго Роби како Барби од 60-тите на светската премиера во Лос Анџелес


Лос Анџелес- Марго Роби (33) блескаше во црн фустан со светки што беше точна реплика на на Барби во 1960-тите на розовиот тепих на светската премиера на Барби во Лос Анџелес, Калифорнија. Роби носеше тоалета  од Schiaparelli Haute Couture со вез со светки и повеќеслоен раб од тул, дизајниран од креативниот директор Даниел Роузбери. Црвена […]

Грција се подготвува за топлотен бран и температури од над 40 степени


Атина – Со состаноци во надлежните Министерства, со препораки до граѓаните за заштита, но и со специјални простории со клима уреди од општините, Грција се подготвува за топлотниот бран „Клеон“ што ќе ја зафати земјата и се очекува, според прогнозите, во периодот од петок до недела температурите да бидат од 42 до 44 степени Целзиусови, јави […]

„Средба од десетти вид“- десетта јубилејна изложба од проектот „Поврзување“ на КИЦ на Македонија во Софија


На 11 јули во галерија „Академија“ на Националната академија за ликовни уметности во Софија, со почеток од 18, 30 часот, ќе биде отворена групната ликовна изложба „Средба од десетти вид“. Изложбата е резултат од соработка меѓу Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија и Националната академија за ликовни уметности, дел е од проектот „Поврзување“, кој оваа […]

Светските лидери ја поздравуваат одлуката на Турција за членството на Шведска во НАТО


Вилнус – Светските лидери ја поздравија одлуката на Турција повеќе да не го попречува приемот на Шведска во НАТО. Американскиот претседател Џо Бајден, кој вчера пристигна во Вилнус на самитот на НАТО, ја поздрави согласноста на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за членство на Шведска во Алијансата. – Подготвен сум да работам со претседателот Ердоган […]

Речиси три децении од геноцидот во Сребреница


Сараево – Пред 28 години, на 11 јули 1995 година, единиците на Армијата на Република Српска предводени од генералот Ратко Младиќ заедно со паравоената формација „Скорпиони“ извршија геноцид врз бошњачкото население во регионот на Сребреница, кој беше зона под заштита на Обединетите Нации. Според досега познатите податоци, силите предводени од Ратко Младиќ убиле околу 8.000 […]

Спасовски во посета на Центарот за обука Идризово


Во рамки на проектот „Отворен кабинет” министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе го посети Центарот за обука Идризово.  Спасовски, како што најавуваат од МВР, работниот ден ќе го помине со кандидатите за полициски службеници кои неодамна ја започнаа својата 12 месечна професионална обука. 

Амбасадорот Лозано Гарсија во Собранието ќе ги презентира приоритетите на шпанското претседателство


Амбасадорот на Шпанија Хозе Луис Лозано Гарсија денеска пред членовите на Комисијата за европски прашања и на Националниот совет за европски прашања ќе ја презентира Програмата и Приоритетите за работата на шпанското претседателство со Советот на Европската унија за периодот јули-декември 2023 година.  Приоритетите на шпанското претседателство со ЕУ меѓу останатото опфаќаат „реиндустријализација на ЕУ“ […]

Комеморативен „Марш за Сребреница“


Бошњачкиот национален сојуз (БНС) денеска организира традиционалниот комеморативен „Марш за Сребреница“ во знак на почит и сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница. Маршот ќе започне во 18:30 часот, преку булевар „Џон Кенеди“, Стара скопска чаршија, плоштад „Филип Втори“, и ќе заврши на плоштад „Македонија“ во 19:30 часот.  Од 19:30 часот до 20:00 часот ќе […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје


Министерството за внатрешни работи информира дека денеска поради одржување марш на мирот во организација на Бошњачкиот национален совет на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Од МВР соопштуваат дека со почеток од 18:30 часот па сѐ до завршување на маршот сообраќајот […]

На „Богородица“ се чека околу 40 минути


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Богородица“ времето на чекање е околу 40 минути.  Како што соопшти АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.