Зошто изложбата „Супстрати“ во Париз е важна за „Отворен Балкан“?


Познатата кураторка Клаудија Паецолд и славната група уметници, Кристина Пулејкова, Нина Жељковиќ и Дриант Зенели, внесоа нов живот во заедничкото културно ткиво на балканскиот регион преку нивната револуционерна изложба „Супстрати“. Домаќин беше Културниот центар на Србија во Париз, а оваа експресивна турнеја го имаше своето големо деби вчеравечер, привлекувајќи го вниманието на јавните личности, дипломатските […]

МОК ќе покани 203 држави на ОИ 2024, но не и Русија и Белорусија


Париз– Меѓународниот олимписки комитет (МОК) на 26 овој месец, точно една година пред планираното отворање на Олимписките игри во Париз, ќе испрати покани на адресите на 203 национални олимписки одбори, но меѓу нив нема да бидат рускиот и белорускиот. Во соопштението на МОК се наведува дека настапот на руските и белоруските спортисти на Игрите 2024 […]

Стоечки овации за маестро Станисављевиќ и Нишкиот симфониски оркестар на „Охридско лето“


Во извонредниот амбиент на црквата „Света Софија“ вчеравечер музичката програма на „Охридско лето“ продолжи со концерт на Нишкиот симфониски оркестар од Србија кој настапи под диригентство на маестро Зоран Станисављевиќ. Публиката имаше прекрасна вечер со модерниот репертоар на уметниците од овој состав кој постои веќе 70 години, а потврда за тоа беа бројните аплаузи и […]

Хрватски остров со три куќи и речиси недопрена природа


Дубровник – Островот Губеша што се наоѓа во заливот Градина кај хрватскиот остров Корчула, е идеално место за бегство од секојдневието. Римјаните во антиката изградиле луксузна вила во рустикален стил на отровчето. Денеска се видливи темелите на ѕидовите, остатоци од складиштето за вода и ќерамика. Има и делови од системот за греење и од мозаик-подови. […]

Во САД одобрена првата пилула за контрацепција без рецепт


Вашингтон – Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) објави дека апчињата за контрацепција „Опил“ (Opill) ќе бидат достапни без рецепт за жени и девојки од сите возрасти. Во соопштението се наведува дека одобрувањето на апчето без рецепт ќе помогне да се олеснат пречките за жените за пристап до контрацепција. Производителот на „Опил“ рече дека […]

УХМР: Топлотниот бран ќе продолжи и наредната недела


Подрачјето на нашата земја и во текот на следната седмица ќе биде под влијание на топол бран, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето ќе биде многу топло, во поголемиот дел од земјава со дневни температури над 35 степени, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи […]

Омаж за Милан Кундера: Неподнослива леснотија на пишувањето


Почина Милан Кундера, француски писател со чешко потекло, чиј стил и теми, како што објави Ројтерс, лебдат меѓу секојдневниот живот и возвишениот свет на идеи. Во време кога зборовите како „славен“ и слично се користат лесно, зборот „познат“ се подразбира со името на Милан Кундера, бидејќи тој бил и ќе остане токму таков благодарение на […]

Карли Клос роди син


Карли Клос и Џошуа Кушнер го дочекаа својот втор син, а двојката ја објави веста на социјалните мрежи. Кушнер објави фотографија од лицето на новороденчето на Инстаграм во четвртокот, а натписот открива дека бебето е родено во вторник. Тој не го сподели името на синчето. Многу значајни личности споделија поддршка во делот за коментари, вклучувајќи […]

Ѓоковиќ игра за финале и нов историски рекорд


Лондон– Новак Ѓоковиќе ќе се судри со Јаник Синер во полуфиналето на овогодинешниот Вимблдон. Србинот и Италијанецот го играат првиот меч на денешната програма, кој стартува околу 14:30 часот.  На оваа пресметка, а и општо на целиот турнир, Ѓоковиќ е апсолутен фаворит. Српскиот тенисер со самиот настап во полуфиналето ќе го одигра својот 46 меч […]

Ново издание на „Медеја“ од Еврипид во издание на „Три“


Еврипид, последниот од големата тројка антички трагичари, останува еден од највосхитувачките драматурзи на сите времиња, заедно со Ајсхил и Софокле. Затоа, неговите дела заслужуваат квалитетни изданија и достапност до читателите. Препевот од старогрчки јазик го направи Валериј Софрониевски, истакнат преведувач, доктор по класични студии и професор на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. […]

Дали Лас Вегас е спремен за кралицата на бурлеската Дита фон Тиз?


Лас Вегас– Шоу девојката мора да продолжи. Поминаа шест години откако се одржа продукција на шоу девојки на сцената во Лас Вегас, но Дита фон Тиз го менува тоа. На 5 октомври, кралицата на бурлеска ќе го промовира DITA LAS VEGAS: A Jubilant Revue, за која таа ветува дека ќе биде свеж приказ на вековната […]

Американска вечер на „Охридско лето“ со монодрамата „Бикот на Фаларис“


Во рамки на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе се одржи Американска вечер со монодрамата „Бикот на Фаларис : Решавајќи ја загатката на чудесниот голем свет“, напишана и изведена од Стивен Фридман. Монодрамата ќе се одигра во Предворјето на црквата „Света Софија“ во 21 часот. Една од најубаво прикажаните филозофски лекции на која е добро да […]

Fashion Group со нов бран попусти што ќе ти го освежат викендот (галерија)


Не растат само температурите, туку и попустите во Fashion Group, затоа е време да ја прошириш твојата шопинг листа.   Од денеска можеш да го реализираш освежувањето на летниот плакар. Испланирај ја твојата прошетка низ продавниците на Fashion Group и пронајди го она што дополнително ќе ти го поправи расположението пред викендот! Од каде да […]

Костадиновска-Стојчевска од Париз: Уметноста преку „Отворен Балкан“ нè зближува со Европа (галерија)


Синоќа во Културниот центар на Србија во Париз, во присуство на многубројна публика од јавниот живот и од дипломатскиот кор, највисоките претставници од амбасадите на Северна Македонија, Албанија и на Србија, на уметници, беше отворена изложбата „Супстрати“ – заеднички проект на иницијативата „Отворен Балкан“. На изложбата, која е под покровителство на министерствата за култура на […]

Дали штрајкот на холивудските актери ќе значи празни црвени килими во Венеција и Торонто?


Што ако постелате црвен килим, а никој не дојде? За организаторите на есенските филмски фестивали – и студијата кои планираат летни премиери – тоа кошмарно сценарио изгледа веројатно ќе се оствари откако преговорите за договорот меѓу актерскиот еснаф SAG-AFTRA и Алијансата на филмски и телевизиски продуценти (AMPTP) завршија без договор во средата ноќе. Националниот одбор […]

Лиза Мари Присли починала од опструкција на тенкото црево, вели патолог


Лос Анџелес- Шест месеци по неочекуваната смрт на Лиза Мари Присли, Одделот за лекарски преглед во округот Лос Анџелес утврди дека нејзината смрт е резултат на „опструкција на тенкото црево предизвикано од ткиво со лузни кое се развило по претходна баријатриска операција пред неколку години“. Ќерката на Елвис Присли почина на 12 јануари на 54 […]

Маричиќ: Предвремени избори само ако опозицијата се согласи да гласа за уставните измени


Предвремени избори може да има само ако опозицијата се согласи да гласа за уставните измени и потоа да распишеме предвремени избори. Само тоа е опција што како Влада би прифатиле, порачува вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за „Гласот на Америка“. – Мислам дека не е време за предвремени избори, туку е […]

Навални: Веќе 100 дена пред ќелијата ми пуштаат ист говор на Путин


Москва– Најпознатиот руски критичар на власта на Путин, опозиционер и затвореник, Алексеј Навални, се пожали дека бил принуден да го слуша истиот говор од рускиот претседател повеќе од 100 дена по ред. Станува збор за говорот на Путин од февруари годинава, во траење од 1,46 час, а се пушта секој ден пред ќелијата на Навални, […]

Што значи Шведска за НАТО – а што НАТО за Шведска?


Откако Турција се откажа од блокадата, се чини дека влезот на Шведска во НАТО е завршена работа. Што очекува западната воена алијанса од тоа членство? А што Шведска? Шведска, како и Финска, под влијание на руската агресорска војна против Украина, поднесе барање за членство во НАТО минатата година. И додека Финска во меѓувреме стана членка […]

Синдикатот на холивудски глумци стапува во штрајк


Лос Анџелес – Синдикатот на американските глумци вчера објави дека официјално ќе стапи во штрајк од полноќ денеска, т.е. 9:00 часот по средноевропско време. Според познавачите, оваа одлука може целосно да го парализира Холивуд и да ѝ нанесе тежок удар на филмската индустрија, каде што продукцијата на филмови и серии веќе е во застој поради […]