Судски Совет избра 25 нови судии во пет основни судови и во Основен кривичен суд Скопје


Судскиот Совет денеска избра вкупно 25 судии за повеќе основни судии како и за Основен Кривичен суд – Скопје. По првиот Оглас од Службен весник на РСМ бр.73/23 беа избрани тројца судии во Основниот суд Битола и тоа судиите Петар Чаловски, Елена Жоровска и Горан Димовски. Во Основниот суд Свети Николе беше избрана Драгана Илиоска, […]

Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, доживеал сообраќајна несреќа


Мајами– Гувернерот на Флорида и еден од кандидатите за републикански претседателски кандидат на изборите во САД следната година, Рон Де Сантис, утринава доживеа сообраќајна несреќа во Тенеси, на пат до еден јавен настан. Тој и неговиот тим не се повредени, изјави портпаролот Брајан Грифин. -Ги цениме молитвите на нацијата и добрите желби за негова континуирана […]

Расте бројот на барања за азил во Германија


Берлин – Мигрантската криза се врати, алармантно предупредува германскиот таблоид „Билд“, повикувајќи се на оценката на шефот на германскиот полициски синдикат Хaјк Тегац. Бројот на барања за азил во Германија нагло се зголемил во 2023 година, а се очекува да биде уште поголем, соопшти Федералната канцеларија за миграција на оваа земја. Според податоците од канцеларијата, во […]

ЕК го одобри „Бугарското кисело млеко“ како заштитено име за производ


ЕК одобри вклучување на „Бугарското кисело млеко“ како заштитено име за производ (ПДО), соопшти прес-службата на извршното тело на ЕУ. „Бугарскотото кисело млеко од денеска е веќе впишано во Европскиот регистар на заштитени имиња за производ и заштитени географски ознаки“, изјави министерот за земјоделство и храна Кирил Ватев. Тој денеска учествуваше на состанокот на Советот […]

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 27 и на  28.07.2023 година (четврток и петок), во раните утрински часови, ќе се реализира четвртата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.    Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе […]

Во период на топлотен бран, собната температура треба да биде 25 степени


Идеална собна температура во текот на денот е 21 степени Целзиусови, а во текот на ноќта 18. Но, во период на топлотни бранови најдобро е собната температура да се одржува на околу 25 степени, посочуваат одговорните во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Овие денови времето е многу топло, а за денеска се најавува дневна максимална температура […]

Личниот готвач на Обама се удави во езерце на имотот во Мартас Винијард


Бостон – Човекот кој се удави во езерце на имотот на поранешниот американски претседател Барак Обама во Мартинс Винијард, Масачусетс, е идентификуван како Тафари Кембел (45), поранешен готвач на семејството Обама. Неговото тело беше пронајдено во езерце длабоко речиси три метри, на околу 30 метри од куќата на имотот, откако екипите за итна помош добија […]

Џон Малкович уште повеќе ќе го афирмира „Охридско лето“, вели Костадиновска-Стојчевска


Уникатно и совршено сценско доживување. Така на денешната прес-конференција во Охрид беше најавена утрешната претстава „Пеколна комедија“: Исповеди на сериски убиец“ која на Охридско лето и првпат во Македонија како актер го носи светски познатиот холивудски глумец, режисер и продуцент Џон Малкович. Поврзувајќи ги класичната музика и глумата во еден голем сценско-музички проект, славниот актер […]

Светска премиера на филмот на Горан Столевски на филмскиот фестивал во Венеција


Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција – Скопје, својата светска премиера ќе ја има на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција, што ќе се одржи од 30 август до 9 септември оваа година. „Домаќинство за почетници” ќе биде дел од натпреварувачката […]

Со концерт на Camerata Academica завршува годинешното издание на Скопско лето


Во склоп на фестивалот Скопско лето остануваат уште 4 настани кои граѓаните ќе можат да ги посетатат, заклучно со 31 јули кога концертен ансамбл од Словенија гостува со свој концерт пред платото на Музејот на македонска борба со почеток од 20:30 часот. Вечерва со почеток од 20: 30 часот во Галеријата „Остен“ се отвора изложба […]

Hermès Birkin е најпопуларната луксузна чанта на пазарот


Од сите луксузни чанти на пазарот, една продолжува да владее. Birkin останува најпосакуваната чанта ширум светот, според податоците од пребарувањата на Google и Instagram добиени од Slingo, објави Women’s Wear Daily. Помеѓу 2020 и 2023 година, пребарувањата за тортата на француската етикета беа во просек 159.208. Популарноста е зголемена за 19 проценти, бидејќи пребарувањата во […]

Од утре силен ветер, пороен дожд и грмежи, во четврток значително пониски температури


 Од утре се очекува промена на времето. Како што најавува УХМР, во поголем дел од земјата ќе биде многу топло, но ќе дува засилен југозападен ветер, на повеќе места и над 60 километри на час. Потоа, кон крајот на денот, поради спуштање на постудена воздушна маса од север, ќе почне да дува засилен, повремено силен […]

Почина легендарниот хрватски новинар Мирослав Лилиќ, кој прв ја објави смртта на Тито


Мирослав Лилиќ, долгогодишен уредник на Телевизија Загреб и ХТВ, почина на 80-годишна возраст, објавија хрватските медиуми.   Мирослав Лилиќ е роден на 8 април 1944 година во Сивериќ. Дипломирал југословенска и компаративна книжевност. Во својата долгогодишна кариера работеше како новинар, програмски директор на ТВ Загреб и ХРТ, уредник на ТВ Дневник, главен уредник на ТВ […]

Децата и внуците на Џ. Роберт Опенхајмер: Каде се тие сега?


За време на тричасовното траење на „Опенхајмер“, публиката се запознава со кариерата на Џ. Роберт Опенхајмер, познат како татко на атомската бомба, но неговиот личен живот, исто така, зазема централно место. Филмот ја разоткрива романсата на Опенхајмер со Џин Татлок, пред тој да ја запознае и да се ожени со Кетрин (Кити) Пининг Харисон во […]

Смртта на Џулијан Сендс заведена како „неодредена“


Причината за смртта на Џулијан Сендс ќе биде наведена како „неодредена“ до неговата конечна потврда за смртта. Мара Родригез, службеник за јавни информации во Одделот на шерифот на округот Сан Бернардино во Калифорнија, за Yahoo Entertainment вели дека процедурата е вообичаена кога одделот истражува случај како оној на Сендс. Актерот од „Соба со поглед“ беше […]

Секојдневни намирници благотворни за бели заби


За белење на забите на природен начин, познавачите посочуваат храна којашто се користи дома. Следат неколку секојдневни намирници благотворни за поблескава насмевка. За јаболката се знае, но и јагодите често се препорачуваат за здрави, бели заби. И тие содржат јаболкова киселина, што помага во избелувањето. Јаболковата киселина е „природен агенс за белење“, којшто исто така, го зголемува и лачењето […]

„2КАЦ“ дијалог-изложба на израелски карикатуристи во ОСТЕН


Во галерија ОСТЕН  вечерва ќе се отвори дијалог-изложбата на карикатури „2КАЦ“ на израелските карикатуристи, Григори и Илја Кац, со која Светската галерија на карикатури го започнува одбележувањето на  55-годишниот јубилеј, кој е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и е во соработка со Скопско лето 2023. Концептот на изложбата „2Kац“, како што […]

Која е македонската „Герника“ која Пендаровски сака да ја заштити и да ја спаси од заборав


Монументалната „Фреска за НОБ“ од 225 квадратни метри на Борко Лазески што го красеше  холот на Старата скопска железничка станица и беше уништена во земјотресот во 1963 година,  ќе се возобновува на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.  Муралот во Старата железничка беше своевидна македонска „Герника“, вели директорката на НГМ, Дита Старова- Ќерими, и знак за […]

Пендаровски  покренува иницијатива за возобновување на мурал на Борко Лазески


По повод одбележувањето на 60. годишнината од земјотресот во Скопје, претседателот Стево Пендаровски вечерва ќе се обрати на настан посветен на покренување на иницијатива за возобновување на муралот на Борко Лазески „Фреска за НОВ“ кој беше уништен во земјотресот во 1963 година. На настанот насловен „Борко Лазески – уметност достапна за сите“, кој е под […]

Клубови од Саудиска Арабија до 2023 година ќе потрошат 20 милијарди евра за трансфери


Ријад – Саудиската влада им обезбеди на локалните клубови околу 20 милијарди евра за трансфери на фудбалери до 2030 година, објави новинарот Бен Џејкобс. Вчера се дозна дека Ал-Хилал му понудил на ПСЖ да го купи напаѓачот Килијан Мбапе за 300 милиони евра. Договорот на Французинот ќе вклучува плата од 700 милиони евра годишно и заминување […]