Во првиот квартал природниот прираст во негатива од 1.567 лица, 2.488 склучени бракови, 597 разводи


Во првиот квартал годинава живородени се 3632 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 0,7 проценти. Бројот на умрени лица во првите три месеци од годинава бележи намалување од 0,6 проценти во споредба со истиот период од минатата година и изнесува 5.199, а од нив осум се …

Во првиот квартал природниот прираст во негатива од 1.567 лица, 2.488 склучени бракови, 597 разводи Read More »

Во Радовиш загина 20-годишно момче по удар од гром


 Во радовишко синоќа од удар од гром почина 20-годишно момче од село Коџалија. Околу 20 часот во ПС Радовиш било пријавено дека во 19.30 на ливада на место викано Водовод во радовишко од гром починал Р.М. (20), а со повреди се здобил З.М. (23) двајцата од Коџалево. Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош од …

Во Радовиш загина 20-годишно момче по удар од гром Read More »

ИЈЗ: Бројот на активни пушачи кај нас е 45.4 отсто, низок процент на оние кои се откажале од тутун


Употребата на тутун кај нас е многу висока. Последните истражувања покажуваат дека процентуалната застапеност на население кое употребува тутун, нѐ става меѓу земјите во светот со најголеми стапки на граѓани – активни пушачи. Според истражувања на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45.4 отсто, со многу низок процент на …

ИЈЗ: Бројот на активни пушачи кај нас е 45.4 отсто, низок процент на оние кои се откажале од тутун Read More »

Бугари во Британија украле милиони државна помош. Ова е нивната тактика


Најголемата измама со социјалната помош во Британија е откриена откако бугарски полицаец им рекол на британските власти дека неговиот град одеднаш бил преплавен со готовина и дека криминалците „живееле како барони“, открива Телеграф. Петмина бугарски државјани признаа дека украле над 50 милиони фунти од британските даночни обврзници во април и се појавија на првиот ден …

Бугари во Британија украле милиони државна помош. Ова е нивната тактика Read More »

Германскиот чоколаден бренд „Ритер Спорт“ го брани работењето во Русија


Шефот на германскиот производител на чоколади Ритер Спорт (Ritter Sport), Андреас Ронкен, ја бранеше одлуката на неговата компанија да остане активна на рускиот пазар и покрај тековната инвазија на земјата врз Украина. – Руските деца исто така сакаат да јадат чоколадо, изјави тој денеска за магазинот „Фокус“, јави ДПА. Многу западни компании се повлекоа од …

Германскиот чоколаден бренд „Ритер Спорт“ го брани работењето во Русија Read More »

До 22 јуни тестирање на гасоводот Скопје – Гостивар


 До 22 јуни ќе се врши пневматско испитување на цврстината и непропусноста на гасоводот  Скопје – Гостивар, поради што ќе биде регулирано движењето во близина на оваа гасоводна делница. -Заради безбедноста на граѓаните, најавено е регулирано ограничено движење во близина на гасоводната делница Скопје – Гостивар, во сигурносен појас од 100 метри од двете страни …

До 22 јуни тестирање на гасоводот Скопје – Гостивар Read More »

ЦУК: Два пожара на отворено, пронајдено старо оружје


Пожарникарите во скопскиот регион изминатото деноноќие интервенирале на запалено ѓубре во општините Арачиново и Шуто Оризари. Од страна на Дирекцијата за заштита и спасување биле подигнати уште 32 стари пушки и една рачна граната од балканските војни на битолска територија, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). На локација каде се гради нов објект …

ЦУК: Два пожара на отворено, пронајдено старо оружје Read More »

Кавани ја заврши репрезентативната кариера


 Прославениот уругвајски фудбалер Едисон Кавани (37) објави синоќа дека ја завршува репрезентативната кариера, збогувајќи се со националниот дрес како втор најдобар стрелец во историјата на својата земја, Кавани рече дека донел одлука да стави крај на репрезентативната кариера за да може да се фокусира на крајот на клупската кариера. Уругвајскиот напаѓач во моментов настапува за …

Кавани ја заврши репрезентативната кариера Read More »

Проект на четвртоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ награден во Берлин


Ученици од ООУ „Лазо Трповски“ освоиле награда на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2024 кој традиционално се одржува во Берлин, Германија. Заедничкиот проект изготвен од учениците од 4в одделение „Летаме со ербас“ бил координиран од двајца наставници во својство на ментори Александра Неделковска – Петровска и Стефан Симовски.   -Натпреварот го организира …

Проект на четвртоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ награден во Берлин Read More »

Столтенберг: Украина сѐ уште може да победи, но само со поддршка на НАТО


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека „дојде време“ членките на алијансата да преиспитаат некои од ограничувањата за употребата на оружјето што ѝ се доставува на Украина за борба против Русија. „Сојузниците ја снабдуваат Украина со различни видови оружје и некои воведоа ограничувања за употребата на ова оружје, тоа се национални одлуки. Но, …

Столтенберг: Украина сѐ уште може да победи, но само со поддршка на НАТО Read More »

Сиљановска-Давкова идната недела ќе го додели мандатот за состав на новата влада


 Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова идната недела ќе го додели мандатот за состав на новата влада. Од Кабинетот на претседателката за МИА ја потврдија информацијата.  Рокот за доделување на мандатот за состав на идната влада истекува на 7 јуни. Согласно Уставот, претседателот на државата е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието …

Сиљановска-Давкова идната недела ќе го додели мандатот за состав на новата влада Read More »

ДИК го комплетира новиот парламентарен состав


Единаесеттите парламентарни избори во Македонија завршија откако денеска Државната изборна комисија (ДИК) го соопшти комплетниот нов парламентарен состав по одлуката на Управниот суд да ја одби тужбата за прегласувањето во село Ларце од Европскиот фронт. По ваквата одлука на Управниот суд, Европскиот фронт загуби еден пратеник, а доби Вреди, со што се изедначија со по …

ДИК го комплетира новиот парламентарен состав Read More »

Германија ја заврши воената операција за испраќање помош од воздух во Газа


 По два и пол месеци, германските вооружени сили ја завршија мисијата за помош од воздух над Појасот Газа. Германски транспортен авион А400М денеска последен пат полета од Јордан, соопшти војската, пренесе ДПА. Од средината на март, воздухопловните сили фрлија околу 315 тони храна, вода, средства за хигиена и други средства за помош за да му …

Германија ја заврши воената операција за испраќање помош од воздух во Газа Read More »

Хрватска го слави Денот на државноста


Хрватска денеска го слави Денот на државноста – пред 34 години, на 30 мај 1990 година, беше конституиран првиот демократски, повеќепартиски Парламент и беше потврдена неговата историска улога во зачувувањето на хрватската државност. На 30 мај во цела Хрватска владее посебно празнично расположение, особено во Загреб на плоштадот Свети Марко, јавија локалните медиуми. По децении …

Хрватска го слави Денот на државноста Read More »

Демири бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали


Министерот за здравство Илир Демири денеска испратил допис до Владата во кој бара итно и неодложно да се промени компресорската станица на Клинички центар за да проработат хируршките сали кои 13 дена се затворени. Демири, како што стои во објавата на социјалните мрежи на Министерството за здравство, побарал и да се средат сите работи околу …

Демири бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали Read More »

Таравари: Ако граѓаните треба да гласаат по втор пат за неполна година, останувам градоначалник


Доколку треба да се оди на предвремени избори за градоначалник нема да ја прифатам министерската функција и не би било праведно кон граѓаните повторно да одат на избори, изјави гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари на прашањето што го спречува да влезе во идниот владин кабинет. – Дилемата е дали вреди да се оди за една година …

Таравари: Ако граѓаните треба да гласаат по втор пат за неполна година, останувам градоначалник Read More »

Бени Ганц поднесе предлог-закон за распушање на Кнесетот и предвремени избори во Израел


Израелската Партија за национално единство, предводена од министерот во воениот кабинет, Бени Ганц, поднесе предлог-закон за распуштање на израелскиот Парламент (Кнесет) и одржување предвремени избори во земјата, јави израелскиот весник „Хаарец“. Во Израел со недели се одржуваат протести со кои се бара предвремени избори, а демонстрантите тврдат дека владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху лошо управува …

Бени Ганц поднесе предлог-закон за распушање на Кнесетот и предвремени избори во Израел Read More »

ДИТ ќе поднесе кривична пријава против штипски ресторан, каде во лифт загина еден пензиониран кувар


Државниот инспектор за труд (ДИТ) ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство во Штип против фирмата ДУТ КАКАДУ ДООЕЛ Штип, во чиј угостителски објект на 18 мај се случи трагедија во која загина еден пензиониран кувар, а еден работник се здоби со тешки телесни повреди при пад на лифт. Во соопштението, кое денеска е лиферувано …

ДИТ ќе поднесе кривична пријава против штипски ресторан, каде во лифт загина еден пензиониран кувар Read More »

Нема на кој не му одат на нерви: Извинете, прикачените тапи сега се задолжителни


Веќе речиси една година е невозможно да се најде пластично шише со тапа што може да се извади. Поради новите правила на Европската Унија, секое пластично шише има закачено капаче. Кога ова беше воведено, на многумина веднаш им одеше на нерви. Речиси и да нема човек кој отворил шише без да му пречи прикаченото капаче. …

Нема на кој не му одат на нерви: Извинете, прикачените тапи сега се задолжителни Read More »

ФТМ: Потеклото на речиси три четвртини од приватните донации за европските партии е непознато за јавноста


Податоците за потеклото на речиси три четвртини од донациите за политичките партии во Европската унија не се достапни за пошироката јавност, додека само седум од 27 земји-членки бараат партиите да го откријат идентитетот на сите приватни донатори, открива новото истражување објавено денеска. Една четвртина од сите приватни средства донирани на политичките партии во ЕУ беа …

ФТМ: Потеклото на речиси три четвртини од приватните донации за европските партии е непознато за јавноста Read More »