Поради дефект кај Т.Ц. „Лиса“ без вода Реонски Центар Аеродром


Поради дефект на водоводната мрежа во близина на Т.Ц. „Лиса“ во Реонски Центар Аеродром, општина Аеродром во Скопје, има прекин на снабдувањето со вода. Екипа на ЈП „Водововод и канализација“ работи на отстранување на дефектот, во овој момент немаат информација колку време ќе нема вода.

Утре без вода две улици во Кисела Вода


Поради изведување водоводен приклучок на ул. „Борис Трајковски“ 39, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица и од улицата „Иван Козаров“ во општина Кисела Вода. ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со работните активности.

Од среда почнува роденденската недела и културното лето во Кисела Вода


Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес одржа прес конференција посветена на 69-тиот роденден општина Кисела Вода, како и на традиционалното културно лето. Под слоганот, “69 години Кисела Вода, храброто срце на градот,” во среда започнува роденденската седмица која ќе биде одбележана со најразлични случувања – од капитални инфраструктурни проекти до музички и културни манифестации. На повеќе сцени- …

Од среда почнува роденденската недела и културното лето во Кисела Вода Read More »

Карпош е безбеден од змии, денеска се поставуваше „репелент“


Службите на општина Карпош денеска ја продолжија акцијата за поставување „Репелент“ – средство за превенција, односно заштита од змиите. – Стручните лица го поставија ова наменско средство во три детски игралишта во населените места кои гравитираат кон Водно, како и во каналот на кејот на реката Вардар, во непосредна близна на Скејт паркот. Претходно со …

Карпош е безбеден од змии, денеска се поставуваше „репелент“ Read More »

Јамал не смее да игра на EURO2024 по 23 часот, ако Шпанците го прекршат законот ќе бидат казнети


Шпанскиот фудбалер Ламине Јамал не може да ги заврши евро-натпреварите кои започнуваат во 21 часот поради законите за детскиот труд во Германија, каде се одржува Европското првенство. Имено, според тој закон, на малолетниците им е забрането да работат по 20 часот, но на спортистите им е дозволено да работат до 23 часот, што ги опфаќа …

Јамал не смее да игра на EURO2024 по 23 часот, ако Шпанците го прекршат законот ќе бидат казнети Read More »

Хоспитализирани уште седуммина со голема кашлица, вкупно 786 случаи во државава


Од 14 до 20 јуни, пријавени се 41 нов случај на пертусис, народски кажано голема кашлица. Најголем дел од случаите се пријавени во епидемијата во Скопје – 31, седум случаи се евидентирани од Куманово, два од Тетово и еден случај од Македонски Брод. Возраста на заболените се движи од еден месец до 81 година, а …

Хоспитализирани уште седуммина со голема кашлица, вкупно 786 случаи во државава Read More »

Општините Кочани и Виница заедно ќе спроведат авионско прскање против комарци


Општините Кочани и Виница ќе спроведат координирана акција за прскање од воздух против комарците, со што се очекува да се постигне поголема ефикасност против здодевните инсекти. Со оглед што истиот оператор ќе го обезбеди авионскиот третман, двете локални самоуправи се договориле тоа да биде во ист ден. Градоначалникот на Виница, Миле Петков на денешната седница …

Општините Кочани и Виница заедно ќе спроведат авионско прскање против комарци Read More »

Како да добиете обесштетување ако сте претрпеле штети од природни непогоди?


Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, денеска соопшти за начинот на обесштетување на граѓаните кои претрпеле штети од природни непогоди и други несреќи. Ангелов вели процената и утврдувањето на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи во согласност со Закон за заштита и спасување ја вршат единиците на …

Како да добиете обесштетување ако сте претрпеле штети од природни непогоди? Read More »

Куп тепачки низ Македонија – се тепале млади и стари


Полицискиот билтен изобилува со пријавени тепачки на територијата на целата држава. Се тепале тинејџери со дедовци, тепан бил тинејџер во Градски парк, еден е избоден, а имало и семејна тепачка… Денеска, во 00.30 часот во с.Мирковци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Ј.(19), по претходна пријава за нарушување на јавниот ред и мир …

Куп тепачки низ Македонија – се тепале млади и стари Read More »

Меџити ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање


Новименуваниот министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ја презеде функцијата од досегашната министерка Каја Шукова. Шукова го информираше Меџити за тековните процеси и актуелните предизвици во животнтата средина и му посака успех во извршувањето на функцијата. Министерот Меџити најави дека во иднина Министерството за животна средина и просторно планирање ќе предлага …

Меџити ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање Read More »

Димитриеска-Кочоска ја презеде функцијата министер за финансии, се обврза на посветена и чесна работа


Гордана Кочоска Димитриеска изутрината ја презеде функцијата министер за финансии од досегашниот министер Фатмир Бесими. Ја презедов оваа функција од мојот претходник, поранешниот министер Фатмир Бесими, обврзувајќи се на посветена и чесна работа за време на извршувањето на функцијата, напиша министерката Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил.   Бесими кој со ресорот раководеше од септември 2020 …

Димитриеска-Кочоска ја презеде функцијата министер за финансии, се обврза на посветена и чесна работа Read More »

Тендерот за Клиничката болница Штип е подготвен, наесен ќе започнат градежните активности, најави Мицкоски


Тендерот за Клиничката болница Штип е подготвен и ќе биде завршен за два-три месеци, по што наесен ќе започнат градежните активности на самата болница, најави премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски, кој во посета на штипската болница беше заедно со министерот за здравство Арбен Таравари, посочи дека изградбата на болницата, заедно со болницата во Кичево е заедничко …

Тендерот за Клиничката болница Штип е подготвен, наесен ќе започнат градежните активности, најави Мицкоски Read More »

Албанија: Бескаматни станбени кредити за вработени во повеќе сектори


Албанската влада одлучи да обезбеди бескаматни станбени кредити за вработени во повеќе министерства, со цел да им го олесни решавањето на станбеното прашање. Прв информацијата на социјалните мрежи ја објави министерот за одбрана Нико Пелеши наведувајќи дека од неговото министерство „станбени кредити со камата од 0% ќе имаат 90 припадници на армијата“. „Ова е важна …

Албанија: Бескаматни станбени кредити за вработени во повеќе сектори Read More »

Честитка од Агелер за изборот на новата Влада: Со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство


Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава Анџела Агелер денеска на нејзиниот профил на платформата „Х“ го честиташе изборот на новата Влада. -Честитки за формирањето на новата влада. Додека премиерот и неговиот кабинет ја преземаат функцијата, со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство во зајакнувањето на владеењето на правото, подобрувањето на економијата, енергетиката и …

Честитка од Агелер за изборот на новата Влада: Со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство Read More »

Северна Кореја им се закани на Американците со „нова светска војна“


Висок севернокорејски воен функционер ги критикуваше САД за испраќање воена помош за Украина, објави државната новинска агенција КЦНА. Пак Јонг Чон, еден од највисоките воени претставници на Северна Кореја, рече дека Русија има „право да одлучи за секаков вид одмазднички напад“, додавајќи дека Вашингтон „продолжува да ја турка Украина во прокси војна против Русија, што …

Северна Кореја им се закани на Американците со „нова светска војна“ Read More »

Зеленски нареди чистка на државната гарда. Полковниците планирале атентати


Украинскиот претседател Володимир Зеленски му порача на шефот на Националната гарда на Украина да ги исчисти своите редови од оние кои ја дискредитираат откако двајца членови на гардата беа обвинети за заговор за атентат на нивните претпоставени. Државната безбедносна агенција СБУ минатиот месец објави дека заробила двајца гардиски полковници кои наводно соработувале со Русија во …

Зеленски нареди чистка на државната гарда. Полковниците планирале атентати Read More »

Министерот Андоновски на средба со млади од ИТ секторот


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска на првиот работен ден од мандатот на средба со млади од ИТ секторот порачал дека ќе работи на обезбедување услови за нивен развој и креирање иднина во државава. – Првата официјална средба како министер за дигитална трансформација, ја почнувам заедно со младите. Сите напори и решенија треба да …

Министерот Андоновски на средба со млади од ИТ секторот Read More »

Орхан Муртезани стапи на должноста министер за европски прашања


Орхан Муртезани стапи на должноста министер за европски прашања по денешната средба во просториите на некогашниот СЕП, со поранешниот вицепремиер задолжен за ресорот за евроинтеграциите Бојан Маричиќ. -И официјално ја прифатив функцијата министер за европски прашања. Им благодарам на граѓаните кои и дадоа доверба на Коалицијата ВЛЕН и на раководството на Алтернатива што ми ја …

Орхан Муртезани стапи на должноста министер за европски прашања Read More »

ИЕА: Чистата енергија ја забавува побарувачката за нафта


Растот на побарувачката на нафта во наредните години ќе се забави поради преминот кон чисти извори на енергија, што заедно со очекуваното зголемување на производството на црно злато до крајот на деценијата, може да доведе до големи вишоци на нафта на пазарот и значителни последици за нафтениот пазар, тврди Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), пренесува …

ИЕА: Чистата енергија ја забавува побарувачката за нафта Read More »

Горивата поскапуваат и од 1,5 до 2,5 денари


Од полноќ поскапуваат горивата од 1,5 до 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.  Цената на Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар и тој ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар. За два денари поскапуваат и Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство, а за 2,5 денари …

Горивата поскапуваат и од 1,5 до 2,5 денари Read More »