ИОК се извини за погрешното име на делегацијата на Јужна Кореја на отворањето на Олимпијадата


Прес-службата на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) објави извинување за погрешното име на Јужна Кореја на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз. За време на парадата, спортистите од Јужна Кореја синоќа по грешка беа претставени како Северна Кореја. – Би сакале длабоко да се извиниме за грешката што се случи при претставувањето на делегацијата на …

ИОК се извини за погрешното име на делегацијата на Јужна Кореја на отворањето на Олимпијадата Read More »

Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата


 Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, доцна синоќа поднесе оставка од функцијата. Таа самата ја соопшти веста додека зборуваше во Собранието, откривајќи дека причината за оваа оставка е поврзана со нејзината здравствена состојба. – Почитувани колеги од парламентарното мнозинство и почитувани колеги од парламентарната опозиција. Овде денеска завршува мојот 3-годишен ангажман на чело на Собранието. …

Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата Read More »

Јелен: Г-7 до октомври треба да договори 50 милијарди долари за Украина


Министерката за финансии на САД, Џенет Јелен синоќа изјави дека „сѐ оди добро“ земјите од Г-7, групата на најразвиени демократии, да се договорат до октомври за условите за обезбедување 50 милијарди долари за Украина. Средствата ќе бидат дадени како кредит од залогот на средствата на Русија замрзнати во меѓународните банки и финансиски институции. Во изјава …

Јелен: Г-7 до октомври треба да договори 50 милијарди долари за Украина Read More »

Сончево и топло со слаб северен ветер


Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната …

Сончево и топло со слаб северен ветер Read More »

На дното на Балтикот пронајдени 100 шишиња шампањ стари 170 години


Полски нуркачи објавија дека минатата недела откриле остатоци од брод од 19 век кај шведскиот брег на Балтичкото Море, каде што има шампањ и порцелан. „Потонатиот брод е натоварен со сандаци со шампањ, минерална вода и порцелан“, изјави за АФП Томаш Стачура, шеф на нуркачката група „Балтиктек“. Според него, меѓу пронајдените предмети има и околу …

На дното на Балтикот пронајдени 100 шишиња шампањ стари 170 години Read More »

Нешто чудно се случува со нашите очи кога дишеме


Сите ја знаат изреката дека „очите се огледало на душата“. Покрај тоа што погледот открива емоции, нашите зеници откриваат и колку сме возбудени, заинтересирани или ментално исцрпени. Истражувањата од пред неколку години дури покажаа дека тие укажуваат на нивото на интелигенција. Секако, на светлина реагираат и зениците, односно се шират во темнина и се стеснуваат …

Нешто чудно се случува со нашите очи кога дишеме Read More »

Од август четворица српски полицајци ќе патролираат во Охрид


Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, најави дека од август српската полиција ќе биде присутна на Охридското Езеро во Македонија. „Од август ќе почнеме со практика каква што досега не сме имале, таму каде што има многу српски туристи да се присутни српски полицајци. Тие четворица ќе бидат во Охрид бидејќи е летна …

Од август четворица српски полицајци ќе патролираат во Охрид Read More »

МВР: Пронајдено е детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот


Полициски службеници од СВР Скопје вечерва околу 19.:20 часот го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18:40 часот неговата мајка С.Н. во Полициската станица Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.  -Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презедоа сите неопходни мерки и активности и детето е пронајдено …

МВР: Пронајдено е детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот Read More »

Уапсен кавадарчанецот што ги украл коњите за Илинденскиот марш


Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил пронајден и одземен коњ, за кој претходно во Полициската станица Аеродром во Скопје било пријавено дека е украден, заедно со уште два други коњи, кои биле ангажирани за учество во …

Уапсен кавадарчанецот што ги украл коњите за Илинденскиот марш Read More »

Неколку пратеници добиле заканувачки СМС пораки


Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 13.58 часот во Полициската станица Центар, претставник на една политичка партија пријавил дека на 23.07.2024 околу 18.15 часот од непозната електронска адреса на службените електронски адреси на неколку пратеници во Собранието на РСМ била испратена порака со заканувачка содржина. За настанот е известена Единицата за економски и …

Неколку пратеници добиле заканувачки СМС пораки Read More »

Некои влезници за свеченото отворање на Олимписките игри се неважечки поради компјутерска грешка


Неколку билети за церемонијата на отворањето на Олимписките игри (ОИ) се неважечки поради компјутерска грешка, а степенот на проблемот сè уште не е познат и се работи на негово решавање, изјавија вечерва извори блиски до организацијата на церемонијата. На социјалните мрежи имаше коментари од луѓе дека не можат да пристапат на трибините на брегот на …

Некои влезници за свеченото отворање на Олимписките игри се неважечки поради компјутерска грешка Read More »

Системот Амбер aлерт во САД спаси 1.200 деца


Системот Амбер алерт во САД, од пред речиси три децении кога беше воведен во спомен на киднапираната и убиена девојка Амбер (9), до крајот на 2023 година спаси 1.200 детски животи, пренесуваат американските медиуми и потсетуваат на важноста на тој систем.  Преку овој систем, кој укажува дека детето е во опасност, јавноста се мобилизираше во …

Системот Амбер aлерт во САД спаси 1.200 деца Read More »

Вучиќ најави можност за распишување референдум за ископ на литиум


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можност кон крајот на следната година да се распише референдум за ископ на литиум. Во изјава дадена во Париз каде е поради отворaњето на Олимписките игри тој нагласи дека најпрвин сака да добие анализа на локални експерти во врска со заштитата на животната средина и дека, како што изјави, …

Вучиќ најави можност за распишување референдум за ископ на литиум Read More »

Унија на ЗМСТАС до Таравари: Ако вработите 600 доктори, треба вработување за уште 900 медицински сестри


Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ по вчерашната објава на министерот за здравство Арбен Таравари дека oваа година во буџетот ќе се предвидат нови вработувања за 300 доктори, во денешното соопштение до медиумите напоменува дека според светските здравствени стандарди императивно ќе биде потребно и вработување …

Унија на ЗМСТАС до Таравари: Ако вработите 600 доктори, треба вработување за уште 900 медицински сестри Read More »

Таравари преку министерството ќе набавува компресорска станица за хируршките сали


Министерот за здравство најави втор тендер за довод на кислород до операционите сали, откако првиот пропадна. Набавката на нова компресорска станица за хируршките сали на Клинички ќе оди преку министерството за здравство, а не според првичниот план преку Заеднички служби. Откако минатата недела пропадна тендерот и ниту една фирма не се јави да понуди нов …

Таравари преку министерството ќе набавува компресорска станица за хируршките сали Read More »

Средношколката Ана Котевска освои златна медала на интернационалната Олимпијада по германски јазик


Aна Котевска, ученичка во специјалната германска паралелка при гимназијата ,,Јосип Броз Тито” од Скопје е овогодинешна апсолутна победничка на Интернационалната oлимпијада по германски јазик „ИДО 2024″ која минатата недела се одржа Гетинген, Германија. Ана Котевска ја освои златната медала во категоријата на натпреварувачи на Б2 Ниво. Среќното прво место (јазични нива Б2,А2 и Б3) таа …

Средношколката Ана Котевска освои златна медала на интернационалната Олимпијада по германски јазик Read More »

Град Скопје со поетски фестивал и изложба одбележува 61 година од скопскиот земјотрес


Град Скопје најави два настана во рамките на одбележувањето на 61 година од катастрофалниот земјотрес.   Со почеток во 19 часот во ЈУ Младински културен центар ќе се одржи првиот интернационално традиционален поетски фестивал „Заедно за Скопје“ посветен на земјотресот од 1963 година, на кого учество зедоа 130 поети од 40 држави.   Во Музеј …

Град Скопје со поетски фестивал и изложба одбележува 61 година од скопскиот земјотрес Read More »

Занаетчиската комора бара услужните дејности да работат во недела


Надлежните институции да ги земат предвид потребите на малите занаетчии кои трпат штета од работа во недела, повикаа денеска од занаетчиската комора на Република Северна Македонија. Малите занаетчии од услужните дејности, цвеќари, фризери, козметичари, се надеваат дека ќе можат да работат во недела. Од комората велат дека Законот за неработен ден во неделата уште при …

Занаетчиската комора бара услужните дејности да работат во недела Read More »

Балансерот злоупотребен и во Министерството за јавна администрација


Во новоформираното Mинистерство за јавна администрација, во моментов 43 до 45 отсто се вработени од етничките заедници, што значи дека  балансерот е злоупотребен, соопшти денес  министерот за јавна администрација, Горан Минчев. – Тоа е предмет на ревизија. Досегашните информации и анализи укажуваат дека од стопроцентната вработеност, некаде 18 до 19 отсто ја имаат злоупотребено можноста …

Балансерот злоупотребен и во Министерството за јавна администрација Read More »