Коалицијата „Вреди“ најави општинска поддршка за формирање Албанска академија за наука и уметност во Северна Македонија


Претставници и лидери на партиите кои ја сочинуваат коалицијата „Вреди“ денеска имаа средба со Здружението Албанска академија на науките и уметност во Тетово од која најавија дека општините ќе го финансираат ова здружение, а најавија и активности со цел да се оформи академијата како јавна установа. – На почеток оваа академија ќе биде поддржана од …

Коалицијата „Вреди“ најави општинска поддршка за формирање Албанска академија за наука и уметност во Северна Македонија Read More »

Голем пожар на планината над Шенѓин, загрозени се објекти во кои престојуваат туристите


 Пожар, кој избувна попладнево во боровата шума над едно од најпосетуваните летувалишта во Албанија, пристанишниот град Шенѓин, постои опасност да зафати дел од куќите во кои престојуваат туристи. Според албанските медиуми ветрот кој дува дополнително ја отежнува интервенцијата и условува проширување на истиот. -Засега не се познати причините за овој пожар, но за гаснење се …

Голем пожар на планината над Шенѓин, загрозени се објекти во кои престојуваат туристите Read More »

Полјаците го одобрија контроверзниот закон што го бараа граѓаните: Граничарите сега можат да пукаат во мигрантите


Долниот дом на полскиот парламент го одобри законот за олеснување на условите за употреба на оружје за припадниците на безбедносните сили кои ги чуваат границите. Норма е одговор на инцидентите на границата со Белорусија, каде што мигрантите неколку пати ги нападнаа, па дури и убиле полски војник. Новиот закон има поддршка од јавноста, но критичарите …

Полјаците го одобрија контроверзниот закон што го бараа граѓаните: Граничарите сега можат да пукаат во мигрантите Read More »

Во Шпанија уапсен еден од најопасните италијански мафијаши во бегство


 Еден од најопасните италијански мафијаши во бегство, член на организацијата Роман камора, Франческо Лапис, е уапсен во Барселона, соопшти денеска шпанската полиција. Како што се наведува, Лапис бил на италијанската листа на „најопасните бегалци“ откако се дознало дека е поврзан со таа организација. Тој е осуден во Италија за шверц на големо количество кокаин, хашиш …

Во Шпанија уапсен еден од најопасните италијански мафијаши во бегство Read More »

Амбасадорот Жерновски повикан на консултации кај министерот Муцунски


Македонскиот амбасадор во Романија Андреј Жерновски бил повикан на консултации во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Како што објави ТВ 24, Жерновски се очекува наредните денови да дојде во Скопје од Букурешт на средба со министерот Тимчо Муцунски. Во врска со овој случај, МИА побара став од Министерството за надворешни работи и надворешна …

Амбасадорот Жерновски повикан на консултации кај министерот Муцунски Read More »

Јаневска: Од универзитетските професори се очекува повисок академски ангажман за подобра позиција на Шангајската листа


Со измени на Законот за високо образование и со поголем ангажман на универзитетските професори, може да се подобри квалитетот на високото образование а потоа и академското рангирање на македонските универзитети, рече министерската за образование и наука Весна Јаневска во интервју за новинската агенција „Мета.мк“. Министерката посочи дека измените на Законот ќе дадат одредени услови за …

Јаневска: Од универзитетските професори се очекува повисок академски ангажман за подобра позиција на Шангајската листа Read More »

Рането момче во Прешовце, во него пукал млад човек од Данска


Ноќеска во 03.30 часот во СВР Тетово, Г.Ќ.(25) од Данска, со живеалиште во Тетово, пријавил дека на 26.07.2024 околу 21.30 часот пред угостителски објект покрај регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај тетовско Пршовце, додека седел во патничко возило со негови другари, Л.Ф.(26) од Данска, со живеалиште во скопско, од огнено оружје пукал кон него и …

Рането момче во Прешовце, во него пукал млад човек од Данска Read More »

Словенија беше првата во ЕУ која издаде дигитална обврзница


Во четвртокот Словенија ја издаде првата обврзница заснована на технологија за дистрибуирана книга (DLT). Тоа е прво издание од ваков вид во земја членка на ЕУ и едно од ретките слични изданија во светот досега, соопшти Министерството за финансии. Словенија ги издаде овие дигитални обврзници во вредност од 30 милиони евра, кои доспеваат за четири …

Словенија беше првата во ЕУ која издаде дигитална обврзница Read More »

Гаши ги осудува заканите кон пратениците, апелира надлежните да го истражат инцидентот


Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска информира дека пратениците на ДУИ добиле електронски пораки со закани од непознат испраќач и апелира надлежните институции да го истражат инцидентот. Вознемирен од овие пораки, како што информира собраниската прес-служба, претседателот Гаши веќе се обратил до колегите од ДУИ и до надлежните институции да го истражат инцидентот. – Претседателот …

Гаши ги осудува заканите кон пратениците, апелира надлежните да го истражат инцидентот Read More »

За две недели во Косово регистрирани 19 заразени од Ковид-19


Институтот за јавно здравје на Косово (ИКШПК) соопшти дека од 10 до 23 јули се регистрирани 19 позитивни случаи на Ковид-19 во Косово, при што нема пријавено ниту еден случај со смртни последивци, јави дописникот на МИА од Приштина. Од ИКШПК соопштија дека најголем број случаи, четири, се регистрирани кај возрасната група од 30 до …

За две недели во Косово регистрирани 19 заразени од Ковид-19 Read More »

Турција подигна борбени авиони: Погодени се 25 цели


 Турското Министерство за одбрана денеска соопшти дека извршило воздушни напади во регионите Гара, Кандил и Асос во северен Ирак, при што биле уништени 25 цели на терористичката Курдистанска работничка партија (ПКК). „Со цел да се неутрализираат ПКК/КЦК и другите терористички елементи, да се спречат терористичките напади врз нашиот народ и безбедносните сили на северот на …

Турција подигна борбени авиони: Погодени се 25 цели Read More »

Уште две основни училишта во Карпош добија фотоволтаични системи


По поставувањето на фотоволтаични системи во ООУ „ Јан Амос Коменски“ и „Лазо Трповски “, општина Карпош продолжи со поставување на исти такви и во основните училишта „Димо Хаџи Димов„ и „Петар Поп Арсов“, како дел од планот за поставување на вакви фотоволтаични централи во сите основни училишта на територијата на локалната самоуправа. Градоначалникот Стевчо …

Уште две основни училишта во Карпош добија фотоволтаични системи Read More »

Најважното медицинско откритие кое спаси стотини милиони животи


На денешен ден во 1921 година, двајца биохемичари од Торонто извршиле успешен експеримент. Тие инјектирале вид на секрет произведен во панкреасот во вената на куче кое боледува од дијабетес. После тоа, му го измериле шеќерот во крвта и сфатиле дека нивото на шеќерот паднало. Тоа беше едно од најважните медицински откритија на 20 век што …

Најважното медицинско откритие кое спаси стотини милиони животи Read More »

Во Тетово почна да функционира прифатилиштето за бездомни кучиња


Градоначалникот на Тетово Биљал Касами денеска го посети прифатилиштето за бездомни кучиња на Друштво за грижа на бездомни кучиња АНА АГРО ДООЕЛ во Ратае, со кое општината потпиша едногодишен договор за Програма за спроведување и решавање на проблемот со бездоми животни врз основа на јавна набавка. Според договорот, општината има одредено 2.542.372 денари без ддв …

Во Тетово почна да функционира прифатилиштето за бездомни кучиња Read More »

Кличко спомна нешто претходно незамисливо – давање територии на Русија


 Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, гласно размислуваше за можноста за територијален компромис за ставање крај на војната. Тоа изненади многумина. Што сака да постигне и што мислат граѓаните на Украина за отстапки кон Русија? Во последните недели повторно интензивно се разговара за можноста за прекин на руската инвазија на Украина на преговарачка маса. Примери се …

Кличко спомна нешто претходно незамисливо – давање територии на Русија Read More »

Повторно запалена депонијата крај Охрид


Екипи на Територијалната противпожарна служба од Охрид ноќеска повторно беа излезени на терен и гасеа пожар на депонијата Мауцкер, што се наоѓа на самиот влез во градот. Пожарот се уште не е целосно изгаснат, а над депонијата се уште може да се забележи чад. Слична интервенција пожарникарите од Охрид имаа и пред десетина дена, кога …

Повторно запалена депонијата крај Охрид Read More »

И второто злато на ОИ 2024 за Кина


Кинезите Чен Јивен и Чанг Јани победија во синхронизирани скокови во вода од три метри на Олимписките игри во Париз. Тие на својата земја и го донесоа второто злато. Претходно во текот на денот Кина победи во стрелаштво со воздушна пушка од 10 метри мешани двојки. Второто место на денешните скокови го освоија Сара Бејкон …

И второто злато на ОИ 2024 за Кина Read More »

Љутков: „Илинденските денови“ во Битола се огледало на мултикултурната разновидност


 „Илинденските денови“ во Битола со години се мост на автентично поврзување на вековната традиција со денешницата, огледало на мултикултурна разновидност, поттик и инспирација за младите кон традиционалните културни вредности, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Како што информира Министерството за култура, Љутков синоќа на свеченото отворање на 54. Републички фестивал на народни песни …

Љутков: „Илинденските денови“ во Битола се огледало на мултикултурната разновидност Read More »

Трајчулески: Се надевам дека ова е само лош почеток – класично алиби „нема пари“


Собраниската Комисија за финансирање и буџет ја продолжи расправата за ребалансот на Буџетот. Дискусијата почна со пратеникот Митко Трајчулески од СДСМ кој уште еднаш го искажа партискиот став – дека со ребалансот не се предвидени средства за пораст на минималната плата, за плати на здравствените и просветните работници, за Армијата и полицијата. Како што истакна …

Трајчулески: Се надевам дека ова е само лош почеток – класично алиби „нема пари“ Read More »

Започнува тестирањето на вештачките црвени крвни зрнца


Клиничкото тестирање на вештачките црвени крвни зрнца, кои можат да се складираат за итна трансфузија, ќе започне во Јапонија до март следната година, соопшти Медицинскиот универзитет Нара. Универзитетот планира овие вештачки крвни зрнца да ги стави во практична употреба до 2030 година, што веројатно ќе биде прв таков случај во светот, објави агенцијата Kyodo. Развојот …

Започнува тестирањето на вештачките црвени крвни зрнца Read More »