Џудистот Еди Шерифовски денеска настапува на Олимписките игри во Париз


За некоја минута, со почеток во 10.00 часот ќе настапи третиот македонски спортист на Олимписките игри во Париз, Франција. Џудистот Еди Шерифовски ќе настапи во категоријата до 81 килограм, а од Џудо федерацијата му посакуваат среќа и успешни борби. Инаку натпреварите може да се следат на спортскиот канал „Еуроспорт 4“. Противник на Шерифовски ќе биде …

Џудистот Еди Шерифовски денеска настапува на Олимписките игри во Париз Read More »

Најдобрата фотографија од Олимписките игри изгледа како фотошоп. Еве како настана


  Олимпискиот  турнир во сурфање, олимписки спорт кој беше премиерно прикажан пред три години во Токио, се одржува на Тахити, француска територија во Пацификот, на дури 15.000 километри од Париз. На тој начин беше соборен рекордот за максимално растојание помеѓу местото на одржување на олимпиското натпреварување и официјалниот град домаќин. Сурферите завршија со четвртото квалификациско …

Најдобрата фотографија од Олимписките игри изгледа како фотошоп. Еве како настана Read More »

Позајмија пари за авион до Саудиска Арабија, а се вратија со сребро и бронза од Светската олимпијада по хемија


Сребрен медал освои Петар Мирчевски од прилепската гимназија „Мирче Ацев“, а бронзен – Марио Ванчоски од гимназијата „Славчо Стојменски“ од Штип на 56. Меѓународна олимпијада по хемија која утре завршува во Ријад, Саудиска Арабија. Успешно се претставија и средношколците Иван Костевски од „Славчо Стојменски“ од Штип и Елена Живаљевиќ од гимназијата „Јахја Кемал“ од Скопје. …

Позајмија пари за авион до Саудиска Арабија, а се вратија со сребро и бронза од Светската олимпијада по хемија Read More »

Под контрола е пожарот на Маркови кули – спасен и манастирот!


Од Центарот за управување со кризи јавуваат дека пожарот над Прилеп во голем дел е ставен под контрола. Како што велат, доцна во ноќта е спасен и манастирот. „Во комуникација со командирот на ТППЕ Прилеп известени биле дека во моментот позади сртот на Маркови кули пожарот е поделен во два крака, ќе направат напори да …

Под контрола е пожарот на Маркови кули – спасен и манастирот! Read More »

Франс метео: Жолто ниво за опасност од високи температури во Париз каде се одржуваат ОИ


Француската метеоролошка агенција издаде предупредување за Париз и околните области за можно невреме и максимални температури од 35 степени Целзиусови што се очекуваат денеска во градот во кој се одржуваат Олимписките игри. Агенцијата објави „жолто ниво на опасност“ – второ од четирите нивоа – за главниот град бидејќи топлотниот бран носи високи температури и на …

Франс метео: Жолто ниво за опасност од високи температури во Париз каде се одржуваат ОИ Read More »

Се повлекуваат две серии говедски и пилешки коцки „Подравка“ во Хрватска


Дежавниот инспекторат на Република Хрватска ги повлече коцките од говедско и пилешко месо со тежина од 120 грама со најдобар датум од 2 и 3 јули 2025 година поради потенцијална контаминација од механичко оштетување на машината. Повлечената говедска коцка е од серија 0207241 и може да се користи до 2 јули 2025 година, додека коцката …

Се повлекуваат две серии говедски и пилешки коцки „Подравка“ во Хрватска Read More »

Британска полиција: Две деца убиени, шест тешко повредени во нападот со нож во Саутпорт


 Две деца се убиени, а уште девет се повредени, од кои шест се во критична состојба, по напад со нож во северна Англија, соопшти полицијата. Уапсен е 17-годишник под сомнение за убиство и обид за убиство поради нападот во Саутпорт, во близина на Ливерпул во северозападна Англија. Во нападот и две возрасни лица се здобија …

Британска полиција: Две деца убиени, шест тешко повредени во нападот со нож во Саутпорт Read More »

Маријана Илиевска избрана за нов член на Советот на јавни обвинители


Маријана Илиевска е избрана за членка на Советот на јавни обвинители на Северна Македонија од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишо јавно обвинителство Битола. Како што информираат за МИА од Советот, обвинителката која доаѓа од Основното јавно обвинителство Прилеп добила 19 гласови од исто толку гласачи. Таа била единствена пријавена кандидатка која воедно …

Маријана Илиевска избрана за нов член на Советот на јавни обвинители Read More »

Изгореа куќи во светиниколско Немањици


Изгорени се неколку куќи во Светиниколското село Немањици, во пожарот што почнал попладнево меѓу селата Орел и Немањици, информира градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев. Во оваа село куќите од огнените јазици ги спасуваат пожарникари од ТППЕ, Свети Николе и соседните општини, доброволци, мештаните, а се дејствува и од воздух. Владев вели дека во …

Изгореа куќи во светиниколско Немањици Read More »

Венецуела: Хакерски напад од Македонија е причина за бавното броење на гласовите?


Државниот обвинител на Венецуела, Тарек Саб денеска изјави дека нападот врз електронскиот систем, кој го забавил пребројувањето на гласовите на претседателските избори одржани викендов, е извршен од Македонија. Саб не обезбеди никаков доказ за своето тврдење, објави Ројтерс. Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој според изборната комисија победи на вчерашните претседателски избори во таа земја, претходно …

Венецуела: Хакерски напад од Македонија е причина за бавното броење на гласовите? Read More »

Повозрасен човек се задушил од чад од пожар во кумановско Кокошиње


Повозрасно лице, најверојатно се надишало чад од пожар во кумановското село Кокошиње, при што починало, јави попладнево директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.  Пред изјавата, Ангелов вели дека немале информации за загинати или повредени.  – За жал штотуку пристигна информација за починато возрасно лице во кумановското с. Кокошиње, најверојатно задушено од чад. …

Повозрасен човек се задушил од чад од пожар во кумановско Кокошиње Read More »

Четири локомотиви ќе ни даде Србија за влечење товарни возови


Четири локомотиви за товарни возови се очекува да стигнат во следните три-четири недели во Македонија од Србија, а за возврат ние ним ќе им дадеме стари вагони кои ќе си ги репарираат во нивната фабрика.  Новиот министер за односи со заедниците Иван Стоиљковиќ, во емисија на Канал 5, појасни дека преговарал со српската страна и …

Четири локомотиви ќе ни даде Србија за влечење товарни возови Read More »

Tри големи пожари кај Свети Николе попладнево, од ветрот едвај се гасат (Фото/видео)


Попладнево на територијата на Општина Свети Николе избија три големи пожари. На терен се голем број на пожарникари и доброволци, а онаму каде што може интервенира и еден полициски хеликоптер. Силниот ветер речиси го оневозможува гаснењето на овие пожари. Кај селото Орел пожарот веројатно изби како последица на искрења од инсталација за пренос на струја. …

Tри големи пожари кај Свети Николе попладнево, од ветрот едвај се гасат (Фото/видео) Read More »

Перински со градоначалниците на Југозападниот регион за проектите кои ќе ги поддржи Владата


Министерот Перински на состанок со градоначалниците на општините од Југозападниот плански регион Скопје, 29 јули 2024 (МИА) – Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска на состанок со градоначалниците на општините од Југозападниот плански регион ги отворил сите приоритетни прашања со кои што се соочуваат локалните власти. Како што соопштија од владината прес-служба, министерот Перински …

Перински со градоначалниците на Југозападниот регион за проектите кои ќе ги поддржи Владата Read More »

Во Скопје за два и пол часа направени 150 тестирања на црн дроб


Министерството за здравство, во соработка со Клиниката за гастроентерохепатологија и НВО „Хепар Центар-Битола“ денеска почнаа заедничка кампања за бесплатен и анонимен скрининг за Хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.  Од мобилната медицинска екипа информираат дека денеска во Скопје за два и пол часа се направени 150 прегледи со фиброскен. …

Во Скопје за два и пол часа направени 150 тестирања на црн дроб Read More »

Старец во Скопје претепан од својот син


Уште еден случај на семејно насилство пријавен во полиција, а во кој жртва е повозрасно лице. Имено, на 27.07.2024 во 15.05 часот во СВР Скопје, 81-годишен маж пријавил дека околу 13.00 часот во скопско село бил физички нападнат од неговиот син М.Г.(44). Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.      …

Старец во Скопје претепан од својот син Read More »

Се запалила штала во Глумово, изгоре објектот и едно животно


Среде ноќ се запалила штала во скопско Глумово.  Како што информираа од полицијата, денеска околу 00.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Глумово, скопско, настанал пожар во штала сопственост на А.Н.(44) од село Глумово, во кој изгореле бали сено, домашно животно и други предмети. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за …

Се запалила штала во Глумово, изгоре објектот и едно животно Read More »

ФЗОРСМ: Лекувањето на Индов ќе биде целосно покриено од државата


Владата одлучи за целосно покривање на лекувањето на Леоинд Индов во Македонија. Фондот за здравствено осигурување ќе го покрие лекувањето на Леонид Индов во Македонија, кое ќе се врши во Градската општа болница „8 Септември“. Во минатото беше одбиено покривањето на трошоците за лекување на Леонид, со тврдење дека има услови за лекување во земјата, …

ФЗОРСМ: Лекувањето на Индов ќе биде целосно покриено од државата Read More »

Автобус на ЈСП Скопје се запали во Бутел


 Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие се запалил во скопската оштина Бутел по што интервенирала Територијалната противпожарна единица на Град Скопје. Оттаму информираат дека интервенирале со едно возило и го изгаснале пожарот на запалениот автобус на ЈСП на крстосницата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и улицата „Ферид Бајрам“ во населбата Бутел. Станува збор за автобус ЛАЗ …

Автобус на ЈСП Скопје се запали во Бутел Read More »

Германската полиција во иднина ќе ја објавува националноста на сторителот


Полицијата во најнаселената германска сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија во иднина ќе ја наведува и националноста на сторителот во своите соопштенија за печатот, беше објавено денеска. „Во иднина, националноста на сторителот ќе биде објавена во сите случаи во кои идентитетот на сторителот е несомнено утврден“, соопшти Министерството за внатрешни работи на сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија. Наведувањето …

Германската полиција во иднина ќе ја објавува националноста на сторителот Read More »