По 30 години Кина ја укинува можноста странците да посвојуваат деца


Кина повеќе нема да испраќа деца на посвојување во странство, соопшти владата, ставајќи крај на тридецениското правило вкоренето во некогашната строга кинеска политика за едно дете. Повеќе од 160.000 кинески деца се посвоени од семејства ширум светот од 1992 година, кога Кина првпат ги отвори вратите за меѓународно посвојување. Околу 82.000 од тие деца, претежно …

По 30 години Кина ја укинува можноста странците да посвојуваат деца Read More »

Унгарија ќе ги транспортира илегалните мигранти до седиштето на ЕУ во Брисел


Унгарската влада денеска ја повтори својата намера да транспортира илегални мигранти во Брисел со цел да ја принуди Европската унија да престане да ја казнува поради рестриктивната политика за азил. Во јуни, Европскиот суд на правдата ѝ наложи на Унгарија да плати 200 милиони евра казни за кршење на правилата за азил на ЕУ и …

Унгарија ќе ги транспортира илегалните мигранти до седиштето на ЕУ во Брисел Read More »

Пожарот во Мариово не стивнува, но нема опасност за верските објекти


 Шести ден, пожарот во Мариово не покажува знаци на смирување, а огнената линија од преку 30 километри, нема намалување.  Преку 200 професионалци се насочени огнената стихија да не влезе во населените места и објектите. Од прилепскиот кризен штаб уверуваат дека вчерашните кризни моменти околу селото Крушевица и кај манастирот „Свети Никола“ во Прилепец се надминати, …

Пожарот во Мариово не стивнува, но нема опасност за верските објекти Read More »

Од полноќ се намалува цената на Еуросупер БС-95


Од полноќ се намалува цената на Еуросупер БС-95 за два денара, а цените на Еуросупер БС-98, дизелот, Екстра лесното масло за домаќинство и мазутот остануваат исти. Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС – 95 ќе се продава по цена од 74,50 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 78,50, …

Од полноќ се намалува цената на Еуросупер БС-95 Read More »

Јаневска: Нашите ученици се последни на сите тестирања – едносменска настава за подобрување на успехот


Воведувањето на едносменско работење на училиштата, таму каде што е можно е дел од реформата во образованието, а целта е учениците да бидат подолго во училиштата, за да стекнуваат на различни начини што повеќе знаење, истакна денеска Министерката за образование и наука, Весна Јаневска во Скопје, која одговараше на новинарско прашање за воведување на едносменската …

Јаневска: Нашите ученици се последни на сите тестирања – едносменска настава за подобрување на успехот Read More »

Три дена неделен возен ред во Скопје


ЈСП „Скопје“ информира дека по повод државниот празник 8 Септември – Ден на независноста, на ден 7.09.2024 година (сабота) и 9.09.2024 (понеделник) година ќе се работи по неделен возен ред. За време на трите дена од продолжениот викенд, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на: – Транспортен центар; – Ѓорче Петров; и – …

Три дена неделен возен ред во Скопје Read More »

Најдобрите компактни станови во Скопје: Што има во Треска?


Во време кога цените на недвижностите во Скопје постојано растат, паметното инвестирање во сигурен и стабилен изведувач никогаш не било поважно. Со зголемената побарувачка за квалитетни и функционални станови, особено за компактни решенија, се појавува потребата да се избере компанија која ги гарантира сите фази на процесот – од архитектонската идеја до изведбата, продажбата и …

Најдобрите компактни станови во Скопје: Што има во Треска? Read More »

На крвотокот на Скопје политичарите му ги сечат жилите


Единствениот вид јавен градски превоз во метрополата на нашата држава е во бавна умирачка, а години наназад, освен со по некоја „инфузија“ од нови автобуси, тој само се девастира. Ако на времето се промовираше како „крвотокот на Скопје“, поради препознатливата црвена боја на автобусите, сега слободно може да кажеме дека овој организам боледува од тешка …

На крвотокот на Скопје политичарите му ги сечат жилите Read More »

Уште 40 милиони евра хуманитарна помош од ЕК за Украина


Европска комисија најави дека ќе ослободи уште 40 милиони евра хуманитарна помош за Украинците, од кои 35 милиони евра ќе бидат наменети за хуманитарни проекти во Украина, а остатокот ќе биде за поддршка на украинските бегалци во Молдавија. ЕК наведува дека помошта е директно поврзана со претстојната зима и состојбата на украинската енергетска инфраструктура оштетена …

Уште 40 милиони евра хуманитарна помош од ЕК за Украина Read More »

Специјалните сили на Северна Македонија дел од мултинационална воена вежба во Грција


 Силите за специјални операции од Северна Македонија, заедно со специјалните сили од САД, Франција, Италија, Кипар, Бугарија, Австрија, Полска, Египет и домаќинот Грција учествуваат во мултинационалната воена вежба „ОРИОН-24“ што од 2 до 13 септември се одржува во поширокиот регион на  областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина. Во рамките на вежбата планирани се …

Специјалните сили на Северна Македонија дел од мултинационална воена вежба во Грција Read More »

Јаневска: Родителите да не се секираат – асистенти ќе има


Учебната година почна без образовни асистенти, кои најверојатно во вторник ќе почнат со работа, една недела по почетокот на учебната година. Дотогаш дел од учениците кои работат со образовен асистент одат, а дел не одат во училиште.  Но, министерката за образование Весна Јаневска, уверува дека проблем со асистентите нема, туку проблемот е во училиштата. – …

Јаневска: Родителите да не се секираат – асистенти ќе има Read More »

ИЈЗ апелира сомнителните случаи за морбили матичните лекари да ги испратат кај нив за анализи


По вториот случај на мали сипаници оваа година, директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска апелираше матичните лекари штом забележат сомнителен случај, да биде препратен или на Инфективната клиника, па оттаму да го препратат кај нив на анализи, или директно да дојде на тестирање во Институтот. – Нашата обврска и наша работа е …

ИЈЗ апелира сомнителните случаи за морбили матичните лекари да ги испратат кај нив за анализи Read More »

Малолетници со петарди го предизвикале пожарот кај Расадник


За пожарот кај Расадник поднесена е кривична пријава против 14-годишник, кој заедно со уште две деца фрлале пиротехнички средства. СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 14-годишникот за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. – Пријавениот заедно со уште две деца кои не наполниле 14 години и не подлежат на кривична одговорност, на …

Малолетници со петарди го предизвикале пожарот кај Расадник Read More »

Килијан Џорнет за 19 дена се искачи на 82 врвови на Алпите кои се високи над 4.000 метри


Алпинистот Килијан Џорнет го исполни својот сон да ги искачи сите врвови на Алпите кои се високи преку 4.000 метри, а ги има вкупно 82. Ја користел само човечката сила, па пеш и со велосипед поминал вкупно 1.207 километри, а вкупно се стекнал со 75.000 надморска височна. Многумина веројатно се прашуваат зошто се одлучил на …

Килијан Џорнет за 19 дена се искачи на 82 врвови на Алпите кои се високи над 4.000 метри Read More »

Во пожар во основно училиште во централна Кенија загинаа 17 ученици


Во пожар што избувна во основно училиште-интернат во централна Кенија загинаа 17 ученици, соопшти денеска портпаролката на полицијата. Локалните медиуми јавуваат дека телата се изгорени до непрепознатливост. Претседателот Вилијам Руто изјави дека побарал од властите да го истражат инцидентот и да ги повикаат одговорните на одговорност. „Наредувам на надлежните органи темелно да го истражат овој …

Во пожар во основно училиште во централна Кенија загинаа 17 ученици Read More »

Притвор од 30 дена за скопјанец осомничен за обид за силување


Притвор од 30 дена му одреди Основниот кривичен суд – Скопје на скопјанец, осомничен за обид за силување. – Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – полов напад и силување од член 186 став 1 во врска со …

Притвор од 30 дена за скопјанец осомничен за обид за силување Read More »

Бонус од 200 до 600 евра месечно за грчките лекари кои ќе работат во проблематични или непопуларни подрачја


 Финансиска стимулации за привлекување и задржување на лекарите во т.н. проблематични или непопуларни подрачја, воведува грчката Влада, а бонусот ќе биде меѓу 200 и 600 евра месечно. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку социјалните мрежи соопшти дека веќе е потпишана конкретната министерска одлука, објаснувајќи дека „новиот додаток, во зависност од категоријата на областа каде лекарот ќе …

Бонус од 200 до 600 евра месечно за грчките лекари кои ќе работат во проблематични или непопуларни подрачја Read More »

Уапсен таткото на ученикот осомничен за масовното пукање во училиште во Џорџија


Властите во сојузната држава Џорџија денеска го уапсија таткото на осомничениот за пукањето во средното училиште „Апалачи“, 14-годишниот Колт Греј, кој уби четворица и рани уште девет лица, и поднесоа обвинение против него. „Во координација со окружниот обвинител Бред Смит, Канцеларијата за истраги на сојузната држава Џорџија го уапси 54-годишниот Колин Греј во врска со …

Уапсен таткото на ученикот осомничен за масовното пукање во училиште во Џорџија Read More »

Ова е најжешкото лето на северната хемисфера: „Ќе станува уште потопло“


Изминатово лето 2024 година беше најтопло на северната хемисфера откако се почнати мерењата, објави денеска службата за климатски промени на Европската унија Коперник. Просечната глобална температура во летниот период на северната хемисфера (јуни до август) оваа година беше највисока досега, со 0,69 степени Целзиусови повисока од просекот за тие три месеци забележани од 1991 до …

Ова е најжешкото лето на северната хемисфера: „Ќе станува уште потопло“ Read More »

Рашиќ се противи на Курти за мостот на Ибар: Неразумно е да се загрози напредокот во северно Косово


 Министерот за заедници и враќање во Владата на Косово, Ненад Рашиќ, се изјасни против отворањето на мостот на реката Ибар, кој го дели градот Митровица на јужен дел, населен со албанско мнозинство и северен со мнозинство Срби, јави дописникот на МИА од Приштина. Ваквиот став на Рашиќ, кој е од редовите на српската заедница во …

Рашиќ се противи на Курти за мостот на Ибар: Неразумно е да се загрози напредокот во северно Косово Read More »