Во тек е исплатата на образовниот додаток


Во тек е исплатата на образовен додаток – дополнителна исплата за учебна година 2023/2024година. Министерството за социјална политика, демографија и млади известува дека во тек е исплатата на образовен додаток – дополнителна исплата за учебна година 2023/2024година. Дополнителната исплата се врши согласно член 39-ж, став (5) од Законот за заштита на децата (,,Службен весник на …

Во тек е исплатата на образовниот додаток Read More »

Потврден нов случај на птичји грип во скопско Злокуќани, на сила и решение за заштитни мерки за болеста син јазик, објави АХВ


Со лабораториски наод од Националниот институт за храна и ветеринарство при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМ) од 28.10.2024 година, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), потврди нов случај на болеста високо патогена авијарна инфлуенца H5N1 (птичји грип) кај 1 угината дива птица – гуска во резиденцијалниот комплекс Свети Јован во скопско Злокуќани. Направено …

Потврден нов случај на птичји грип во скопско Злокуќани, на сила и решение за заштитни мерки за болеста син јазик, објави АХВ Read More »

Нема мораториум за нови животни во ЗОО, но ни одговор што понатаму


Советниците во Град Скопје, Драгана Велковска и Горјан Јовановски од Зелен хуман град поднесоа иницијатива за мораториум за внесување на нови животни во скопската Зоолошката градина која ќе се разгледува на седницаta на Советот на Град Скопје што ќе се одржи в четврток. Со четири гласа „за“, 10 „против“ и осум воздржани, Советот на Град …

Нема мораториум за нови животни во ЗОО, но ни одговор што понатаму Read More »

Конечно ќе се гради потпорниот ѕид во Клинички


Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов одржа координативна средба на тема „Загрозување по животот и здравјето на луѓето и по материјалните добра од подземните води, одрон и рушење на потпорно-оградниот ѕид на улица „Белградска“ кај ЈЗУ УК за детски болести – Скопје, информираат од неговиот кабинет. На средбата во ЦУК, присуствувале …

Конечно ќе се гради потпорниот ѕид во Клинички Read More »

Мелони добила смртни закани заради договорот за мигранти со Албанија


Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека добила смртни закани од трговци со луѓе поради договорот за мигранти со Албанија, јавија денеска италијанските медиуми. Мелони вчеравечер за телевизијата Раи1 изјави дека останува посветена на договорот со Албанија, бидејќи тоа е „ефикасно решение за управување со мигрантските текови“. -Првите смртни закани пристигнаа затоа што потпишав протокол за …

Мелони добила смртни закани заради договорот за мигранти со Албанија Read More »

Извештај на ОН: Светот се движи кон двојно повисоко глобално затоплување од целта


 Нов извештај на Обединетите нации открива дека светот ќе се загрее за двојно повеќе од целта од 1,5 степени Целзиусови утврдена со Парискиот договор, доколку земјите не успеат да ги намалат емисиите на стакленички гасови. Глобалните температури ќе се зголемат за 3,1 степен Целзиусов над прединдустриските нивоа до 2100 година ако не се постават поамбициозни …

Извештај на ОН: Светот се движи кон двојно повисоко глобално затоплување од целта Read More »

Издавачките куќи ќе бидат одговорни за печатење и достава на учебниците


Во неколкуте закони што ги подготвува новата влада, а се однесуваат на образованието, е и оној за учебниците, во кој, како новина, се утврдува издавачките куќи да бидат одговорни за изработка, печатење и дистрибуција на учебниците, со што министерката за образование Весна Јаневска се надева дека ќе се надмине проблемот со недостаток на учебници.  – …

Издавачките куќи ќе бидат одговорни за печатење и достава на учебниците Read More »

Кривична пријава за поранешната министерка Костадиновска-Стојчевска за Универзална сала


Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Единица за финансиски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 4 во врска со став 1 …

Кривична пријава за поранешната министерка Костадиновска-Стојчевска за Универзална сала Read More »

Еколози и експерти на ОН: На Охрид како алтернатива за морето, му треба поголем Колекторски систем


 Охридското Езеро се соочува со зголемен ризик од загадување, прекумерен риболов и урбан развој, предупредуваат еколозите и експертите на Обединетите нации. Како што објавуваат светските агенции, а пренесуваат медиумите што пишуваат на теми  од областа на екологијата и заштита на животната средина, езерото што е едно од најстарите во Европа со старост од 3,5 милиони …

Еколози и експерти на ОН: На Охрид како алтернатива за морето, му треба поголем Колекторски систем Read More »

(Во живо) Јаневска најави 650 милиони евра за образованието в година


 Министерката за образование и наука Весна Јаневска, се обрати на завршната конференција на ИПА проектот „Подобрување на квалитетот на образованието“.  Таа најави дека следната година се зголемува буџетот за образование на 40 милијарди денари, околу 650 милиони евра.  – Следната година планиран е најголем буџет за образование досега, во износ од 40 милијарди денари со …

(Во живо) Јаневска најави 650 милиони евра за образованието в година Read More »

Подготвен нов предлог-закон за учебници, јавноста може да дава сугестии


Министерството за образование и наука информира дека е изготвен нов предлог Закон за учебници во основното и средното образование и дека е  поставен на владиниот ЕНЕР-систем (Електронски национален регистер на прописи). Со неговото донесување ќе биде заменет актуелниот закон од 2008 година.  -Сите заинтересирани граѓани може да дадат свој придонес во усвојувањето на најдобрата верзија …

Подготвен нов предлог-закон за учебници, јавноста може да дава сугестии Read More »

В сабота во паркот „Авионче“ ќе се одржи „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“


В сабота, во паркот „Авионче“ во Ново Лисиче, ќе се одржи настан „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Настанот почнува во 11 часот, а  ќе има над 300 излагачи и над 50 здруженија, федерации, индивидуални земоделци кои што ќе го промовираат нивниот домашен производ. „Со оваа …

В сабота во паркот „Авионче“ ќе се одржи „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ Read More »

Најмалку 95 загинати во поплавите во Шпанија. Судот во Валенсија претворен во мртовечница


Источна Шпанија е погодена од разорни поплави, кои однесоа најмалку 95 животи. Меѓу жртвите има и деца, а досега се извлечени телата на најмалку три бебиња. Снимките од воздух го покажуваат обемот на уништувањето. Во една од операциите спасувачите од хеликоптер го снимиле подрачјето зафатено од поплавите, а сцените се шокантни. Оние делови кои не …

Најмалку 95 загинати во поплавите во Шпанија. Судот во Валенсија претворен во мртовечница Read More »

Ким Џонг-ун: Лансирањето интерконтинентална ракета е предупредување до непријателите


 Северна Кореја соопшти дека денеска тестирала интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ), „најмоќното стратешко оружје во светот“, додека Сеул предупреди дека Пјонгјанг може да добие ракетна технологија од Русија за помошта во војната во Украина. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун присуствуваше на лансирањето на ракетата и рече дека тестот е предупредување за непријателите кои ја загрозуваат безбедноста …

Ким Џонг-ун: Лансирањето интерконтинентална ракета е предупредување до непријателите Read More »

Супертајфунот Конг-реј го погоди источниот брег на Тајван


Моќниот тајфун Конг-реј денеска го зафати источниот брег на Тајван, па сите градови и окрузи мораа да прогласат слободен ден, а затворени се финансиските пазари и откажани се стотици летови поради, како што најавуваат, најголемото невреме во последните 30 години. Невремето ги погоди планинските и ретко населениот округ Таитунг на источниот брег, наведе тајванската централна …

Супертајфунот Конг-реј го погоди источниот брег на Тајван Read More »

Боровинките ја подобруваат меморијата


Според најновите истражувања, некои од намирниците кои редовно ги јадеме имаат значително влијание врз здравјето на мозокот. Една таква храна на која науката посвети посебно внимание е боровинката, мала бобинка богата со хранливи материи која се чини дека има големи придобивки за меморијата и целокупната функција на мозокот. Боровинките се познати по нивната висока содржина …

Боровинките ја подобруваат меморијата Read More »

По 13 дена учениците од паралелката со проблематичниот ученик во Загреб се враќаат на час


Учениците од четврто одделение на загрепското основно училиште утре се враќаат на настава. Ова го решиле родителите откако добиле гаранции од в.д. директорот дека момчето со проблеми во однесувањето ќе отсуствува во следните три недели, јави ХРТ. Родителите добиле потврда дека 10-годишното момче со проблематично однесување се преоценува. И денеска учениците од четврто одделение не …

По 13 дена учениците од паралелката со проблематичниот ученик во Загреб се враќаат на час Read More »

Муртезани: На 18 ноември билатерална средба меѓу владите на Северна Македонија и Косово во Приштина


 Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани попладнево соопшти дека на 18 ноември во Приштина ќе се одржи билатерална средба меѓу владите на Северна Македонија и Косово. Муртезани во интервју за „Лајм“ потенцира дека важноста на оваа посета е зајакнувањето на соработката и стабилноста на регионот. -На 18 ноември Владата на Република Северна Македонија предводена од …

Муртезани: На 18 ноември билатерална средба меѓу владите на Северна Македонија и Косово во Приштина Read More »

Зеленски: Никогаш немавме намера да ја заземеме нукларната централа во Курск


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека украинските сили никогаш немале намера да ја заземат нуклеарната централа во регионот Курск за време на упадот во тој руски регион на почетокот на август. Москва неколку пати го обвини Киев дека планира напад на нуклеарната централа Курск, што Украина го негираше. „Русите мислат дека се многу силни, …

Зеленски: Никогаш немавме намера да ја заземеме нукларната централа во Курск Read More »