Јаневска: Ако цената за студентско легло порасне како што бара ДЗР на 14.680 денари, тоа ќе биде шок


Следната година ќе работиме на ново законско решение кое ќе го унапреди студентскиот стандард, односно ќе овозможи подобро функционирање на студентските домови и повеќе можности за идните академски граѓани, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната расправа во Собранието по повод извештајот од извршена ревизија на Државниот завод за ревизија …

Јаневска: Ако цената за студентско легло порасне како што бара ДЗР на 14.680 денари, тоа ќе биде шок Read More »

Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале службени тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“


Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице поради оддавање службени тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“ се лишени од слобода и против нив е донесена наредба за спроведување на истражна постапка, соопшти денеска Јавното обвинителство. -Јавен обвинител од ОЈО ГОКК ноќеска ја координираше акцијата на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР во …

Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале службени тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“ Read More »

МВР ќе проверува 500 функционери за потенцијални прекршоци


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ги провери информациите за 500 функционери за кои постојат индиции дека сториле нешто што не е во согласност со законските прописи во смисла на соодветни докази кои не соодветствуваат со потребни законски процедури. Тошковски го изјави ова по прашањето дали МВР ќе го провери сертификатот …

МВР ќе проверува 500 функционери за потенцијални прекршоци Read More »

Лимани: Зголемена поддршка за ранливите граѓани и воведување парична помош за лицата без горни екстремитети


Зголемување на гарантирана минимална помош за 10 отсто, на посебниот додаток за 30 проценти, на паричната помош за квадриплегија за 50 отсто, за потполно глуви лица за 20 отсто, на правото на надоместок на плата за скратено работно време за родители поради нега на дете или лице со телесна и ментална попреченост и најтешки хронични …

Лимани: Зголемена поддршка за ранливите граѓани и воведување парична помош за лицата без горни екстремитети Read More »

Ќе се загради депонијата „Дрисла“


Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и в.д. директорот на Јавното претпријатие „Дрисла“, Ненад Јосевски, ја посети депонијата „Дрисла“. При оваа посета се разговараше за важноста на инвестициите во депонијата со цел таа да биде целосно функционална и …

Ќе се загради депонијата „Дрисла“ Read More »

Екстремна опасност за Барселона, издадено црвено предупредување – први снимки од поплавите во Каталонија


Додека жителите на регионот Валенсија сѐ уште се опоравуваат од катастрофалните поплави во кои загинаа повеќе од 200 луѓе, во понеделникот нови поројни дождови погодија делови од Шпанија. Метеоролошката служба АЕМЕТ извести дека „метеоролошката криза заврши во провинцијата Валенсија“ каде што продолжува потрагата по исчезнатите. Сите очи сега се вперени во Каталонија каде властите повикуваат …

Екстремна опасност за Барселона, издадено црвено предупредување – први снимки од поплавите во Каталонија Read More »

Меџити: Со мерките кои ги преземаме ќе влијаеме за почист воздух и почиста животна средина


Загадувањето е комплексно прашање кое не може да се реши со една мерка, туку со повеќе мерки. Со комплексот на мерки кои ги преземаме полека но сигурно ќе влијаеме да има почист воздух и почиста животна средина, порача денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити. Како позитивен пример го оцени последниот проект …

Меџити: Со мерките кои ги преземаме ќе влијаеме за почист воздух и почиста животна средина Read More »

Поевтинуваат бензинот и дизелот


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 …

Поевтинуваат бензинот и дизелот Read More »

Притвор за тинејџер во БиХ кој испратил осум дојави за поставени бомби во училишта


Едномесечен притвор по предлог на обвинителството му е одреден на осумнаесетгодишното момче кое осум пати лажно пријавило дека биле поставени бомби во неколку училишта во Сараево, Општинскиот суд во Сараево, пишува „Кликс.ба“. Како што потврдија од Обвинителството на Кантонот Сараево, тој е приведен поради опасност доколку биде ослободен да повтори кривични дела, а се сомничи …

Притвор за тинејџер во БиХ кој испратил осум дојави за поставени бомби во училишта Read More »

Спортскиот директор на Арсенал си заминува од клубот, потроши милијарда евра на засилувања


Спортскиот директор на Арсенал, Еду треба да го напушти лондонскиот клуб бидејќи продолжуваат разговорите со челниците на „топчиите“, а „Дејли мејл“ пишува дека одлуката за заминување е всушност негова од засега нејасни причини. Поранешниот играч од средниот ред на Арсенал стана спортски директор во 2019 година и беше одговорен за доведување на играчи како Мартин …

Спортскиот директор на Арсенал си заминува од клубот, потроши милијарда евра на засилувања Read More »

Меџити: Нелогично е да има предвремени парламентари избори кога има стабилна влада


Нема логика да се организираат предвремени парламентарни избори кога има стабилна влада, а оваа Влада е најстабилна од 90-тите години до сега и има мнозинство од 78 пратеници, кое наскоро ќе надмине и 80, оцени денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити. -Од 90-тите до сега немало постабилна влада и немало поголемо …

Меџити: Нелогично е да има предвремени парламентари избори кога има стабилна влада Read More »

Четворица планинари загинаа во несреќи на италијанските Алпи


 Четворица планинари загинаа на италијанските Алпи во одделни несреќи што се случија вчера, соопшти планинската служба за спасување. Несреќите се случиле во регионите Венето, Трентино и Пиемонт во северна Италија. Според информациите, загинатите се тројца мажи и една жена. Спасувачките екипи распоредија хеликоптери и повеќе тимови во погодените области. На Рочиамелоне во регионот Пиемонт, еден …

Четворица планинари загинаа во несреќи на италијанските Алпи Read More »

Протече извештај за подготвеноста на Европа за војна: „Кажете им на граѓаните да подготват залихи“


Граѓаните на Европската унија треба да обезбедат залихи на неопходните работи во случај на избувнување на војна или друга голема вонредна состојба, се вели во извештајот објавен во средата. Извештајот за цивилната и воената подготвеност на Европа го напиша поранешниот фински претседател Саули Ниинисто, кој ја извршува функцијата специјален советник на претседателот на Европската комисија. …

Протече извештај за подготвеноста на Европа за војна: „Кажете им на граѓаните да подготват залихи“ Read More »

Романија прогласи воздушна опасност


Во романската област Тулчеа, во близина на границата со Украина, во текот на ноќта била прогласена воздушна опасност повеќе од еден час. Ова се случи по откривањето на група руски беспилотни летала кои напаѓаат цели во Украина, во близина на романскиот воздушен простор, објави романската агенција Agerpress. „Воздушна опасност во областа Тулчеа е прогласена вечерва …

Романија прогласи воздушна опасност Read More »

УНДП започнува кампања против онлајн насилство


Со цел да се подигне свеста и да се зголеми едукацијата за препознавање и пријавување на сексуалното насилство на интернет, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) започнува кампања „И онлајн насилството остава лузни“. Кампањата ќе се одвива на социјалните мрежи и ќе се обрати на младите, особено на жените и тинејџерките, кои се најчести …

УНДП започнува кампања против онлајн насилство Read More »

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско


Полициски службеници од СВР Тетово синоќа над тетовското село Пршовце, во добра здравствена состојба, ги пронашле 12-те планинари кои се изгубиле во тетовско.  -Синоќа во 22:10 часот над село Пршовце, тетовско, по преземени мерки и организирана потрага, полициски службеници од СВР Тетово во добра здравствена состојба ги пронајдоа 12-те планинари од селата Боговиње, Лисец, Раковец, …

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско Read More »

Шефот на болницата во Нови Сад: Решив да ја извршам ампутацијата на самото место


Хирургот Драган Николиќ, началник на Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина, за „Блиц“ раскажува како се одвивала операцијата за спасување на повредените при уривањето на настрешницата во Нови Сад. Тој вели дека и покрај тежината на повредите, се надева дека пациентите ќе оздрават и напоменува дека е многу важно што заедно со професионалноста и …

Шефот на болницата во Нови Сад: Решив да ја извршам ампутацијата на самото место Read More »

Најмалку деветмина загинати во ерупција на вулкан на островот Флорес во Индонезија


Ави Мангота Халан, шеф на одделот за итна реакција и логистика за округот Источен Флорес, изјави дека спасувачките тимови сè уште трагаат по потенцијални жртви заробени под остатоците на урнати домови. – Сè уште вршиме проценки и може да има повеќе жртви, изјави Халан за ДПА. Ерупцијата предизвика паника меѓу жителите на околните села, при …

Најмалку деветмина загинати во ерупција на вулкан на островот Флорес во Индонезија Read More »

Стопанска комора: Интегритетот не е само прашање на етика, туку и на конкурентност на пазарот


Во организација на Стопанската комора на Северна Македонија успешно се одржа првата обука на тема „Бизнис интегритет“ во Прилеп, која е дел од проектот „Граѓаните против корупцијата“, што се реализира со финансиска поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). На обуката присуствуваа претставници од различни компании и индустрии од Прилеп …

Стопанска комора: Интегритетот не е само прашање на етика, туку и на конкурентност на пазарот Read More »