Доларот продолжува да расте, цената на нафтата паѓа


На пазарите на валути, вредноста на доларот продолжи да расте во однос на кошничката на валути. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава достигна 106,69 поени, највисоко ниво во една година, додека вчера во ова време беше 106,01 поен. Истовремено, курсот на доларот …

Доларот продолжува да расте, цената на нафтата паѓа Read More »

(Видео) Во Шпанија синоќа се спасуваа луѓе, по улиците порои


Нема повеќе црвени предупредувања во ниту еден регион на Шпанија, на сила е само портокалово во западниот дел на Андалузија и на брегот на Валенсија, каде се очекуваат дополнителни намалувања на предупредувањата. Но, во текот на ноќта, службите за итни случаи беа во акција додека пороите се слеваа низ улиците Во Валенсија се уште се …

(Видео) Во Шпанија синоќа се спасуваа луѓе, по улиците порои Read More »

Проблематичниот ученик (10) од Загреб родителите го однеле во Италија


Иако 10-годишниот ученик чиешто проблематично однесување ја блокираше работата на едно загрепско училиште требаше да биде подложен на стручна евалуација во јавна установа – по само неколку дена престанал да доаѓа. Неговите родители потоа го однеле во странство и го испишале од третото училиште во кое учеше. РТЛ пишува дека родителите заминале во Италија со …

Проблематичниот ученик (10) од Загреб родителите го однеле во Италија Read More »

Милевски: Нашата цел е да го потврдиме првото место во групата


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, очекува неговите избраници да одиграа добри два натпревара во ноемврискиот прозорец од Лигата на нации и да го потврдат првото место во групата.  – Максимален респект за Летонија. Воопшто не треба да не залажува резултатот од првиот меч, одиме максимално, одговорно кон нов добар резултат. Имам потенцирано многу …

Милевски: Нашата цел е да го потврдиме првото место во групата Read More »

Капек предлага вагон само за жени во берлинското метро


Пратеничката во германскиот Парламент од Зелените, Антје Капек предлага во берлинското метро да се воведат вагони само за жени, со цел да се гарантира нивната безбедност. – Тоа навистина е одлична идеја, што ја позајмив од Токио, каде навечер се воведени специјални купеа за жени. Тие имаат заштитен простор што им овозможува да патуваат со …

Капек предлага вагон само за жени во берлинското метро Read More »

Магла на патниот правец Градско – Плетвар


Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 70 метри има на патниот правец Градско – планински превој Плетвар, соопшти ЈП Македонијапат. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на …

Магла на патниот правец Градско – Плетвар Read More »

Пет мигранти влегле во камион додека возачот правел пауза


Пет мигранти биле пронајдени во камион на граничниот премин Богородица ноќеска околу 01:30 часот. Мигрантите ги пријавил возачот на камионот.  При разговор со нив тие појасниле дека додека возачот правел пауза на грчката граница, тие влегле во задниот дел на приколката.  – Денеска околу 01:30 часот на граничниот премин Богородица, за влез во државата И.А.(27) …

Пет мигранти влегле во камион додека возачот правел пауза Read More »

Македонските фудбалерки против Косово ги почнуваат натпреварите од Лигата на нации


Македонската женска фудбалска  репрезентација на извлекување во УЕФА за новото издание на Лигата на нации за противници ги доби селекциите на Летонија и Косово во рамките на групата-6 од Ц сегментот. Европската фудбалска федерација (УЕФА) дополнително ги утврди термините за одигрување на натпреварите од Лигата на нации. Распоред на натпреварите од групата-6 од Ц лигата …

Македонските фудбалерки против Косово ги почнуваат натпреварите од Лигата на нации Read More »

Палевски му кажал на адвокатот дека е во Турција, додека овој бил во полиција


Во Основен кривичен суд Скопје денеска сведочеше адвокатот Васко Стојков, кој го возел до Белград Љупчо Палевски-Палчо, првообвинетиот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На прашања од обвинителката Жаклина Трајчевска на судската расправа тој изјави дека на 30 ноември 2023 година бил во Белград со обвинетиот Љупчо Палевски. Прашан за причината за посетата, …

Палевски му кажал на адвокатот дека е во Турција, додека овој бил во полиција Read More »

Американците можат да го прескокнат мандатот на Трамп со четиригодишно крстарење


Американска туристичка агенција им нуди на разочараните гласачи шанса да го прескокнат новиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп со четиригодишно, без престан крстарење околу светот за 160.000 долари (150.000 евра). Крстарењето за двајца има одредени попусти и чини 256.000 долари (241.000 евра), објавија американските медиуми. Разочарани гласачи кои се незадоволни од новоизбраниот претседател можат …

Американците можат да го прескокнат мандатот на Трамп со четиригодишно крстарење Read More »

Фрлете ги копјата и изградете ја оваа држава – Бурески од Сојузот на борци на годишнината од ослободувањето на Скопје


Со положување цвеќе пред споменикот на ослободителите на градот и на партизанските гробишта денеска беа одбележани 80 години од ослободувањето на Скопје. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, порача дека јубелејот 80 години, е симбол на победата, на духот, на решителноста, на пожртвуваноста на генерациите кои што се обиделе да направат нешто повеќе и дека …

Фрлете ги копјата и изградете ја оваа држава – Бурески од Сојузот на борци на годишнината од ослободувањето на Скопје Read More »

Водата носи сѐ пред себе: Автомобили завршија во морето (фото/видео)


Обилните дождови денеска предизвикаа поплави во околината на градот Катанија на Сицилија. Во гратчето Торе Аркирафи водата ги поплави улиците и влече автомобили во морето, јавува Анса. Massive floods due to torrential rains on the street in Acireale of Sicily region, Italy. pic.twitter.com/vcSxJjNri2 — News Of The Globe (@NewsOfEarthTr) November 13, 2024   Локалните жители …

Водата носи сѐ пред себе: Автомобили завршија во морето (фото/видео) Read More »

Говорот на Еди Рама од Баку одекна низ светот: „Што правиме овде?“


Премиерот на Албанија, Еди Рама, го откажа говорот што го подготви за самитот за климата Cop29 во Баку, откако, како што објасни, ги видел луѓето како јадат и пијат удобно на каучите претходниот ден, додека на телевизорите се појавуваат говори на светски лидери но со пригушен звук. „Луѓето таму јадат, пијат, се дружат, се сликаат, …

Говорот на Еди Рама од Баку одекна низ светот: „Што правиме овде?“ Read More »

Советот на Општина Кочани одлучи да не се носи отпад од другите општини на градската депонија


Советот на Општина Кочани на денешната редовна седница донесе едногласна одлука отпадот од Виница, Зрновци, Чешиново-Облешево и другите општини во регионот веќе да не се носи на градската депонија кај селото Бели. Одлуката беше усвоена по дополнувањето на дневниот ред што го предложи претседателот на Советот Лазо Митев, образложувајќи го со барањето на граѓаните кои …

Советот на Општина Кочани одлучи да не се носи отпад од другите општини на градската депонија Read More »

Беровци ќе пијат вода од цистерна, во таа од водоводот има манган


По објавената информација за забрана на пиење на водата во Берово поради зголемено количество на манган, од утре до сите граѓани во Берово ќе биде доставена вода со цистерни која ќе се полни од соседно Делчево, информираа од комуналното претпријатие во Берово.  Во разговор со надлежните, како што информираат, ќе бидат испратени примероци од вода …

Беровци ќе пијат вода од цистерна, во таа од водоводот има манган Read More »

Сведокот Џолев: Кешишов и Манев имаа поданички однос кон Палевски


Членови и симпатизери на „Десна“ сведочеа во случајот со убиството на Вања и Панче Членови и симпатизери на политичката партија „Десна“ денеска во Основен кривичен суд Скопје сведочеа во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тие споделија за нивниот ангажман во партијата, познанството со обвинетите и моментот на претрес на просториите на …

Сведокот Џолев: Кешишов и Манев имаа поданички однос кон Палевски Read More »

Ангелов: Годинава снегот нема да нѐ изненади


Претседателот на ЦУК, Стојанче Ангелов информира дека како држава сме подготвени за престојната зимска сезона и за врнежите од снег. Денеска имаше координативен состанок за чистење на снег од патиштата и помагање на жители во завеани региони, на кој присуствуваат претставници на УХМР, МВР, ЈПДП, ДЗС, Министерство за локална самоуправа, Железници, АД Водостопанство, преставник на …

Ангелов: Годинава снегот нема да нѐ изненади Read More »

Познат руски готвач пронајден мртов во Белград


Алексеј Зимин (52), сопственикот на познатиот ресторан „Зима“ во елитниот дел на Лондон во Сохо, пронајден е мртов во изнајмен стан во Белград. Сопственикот на станот го пронашол на подот со рана на главата, пишува српски Телеграф. Зад себе ги остави сопругата и 17-годишната ќерка. Инаку, тој отворено се спротивстави на војната меѓу Русија и …

Познат руски готвач пронајден мртов во Белград Read More »

Активисти се борат да го спречат сечењето на елка стара 200 години: Му пишаа на папата


Активисти за заштита на животната средина во северната италијанска провинција Трентино започнаа кампања за спречување на сечењето на 200-годишната елка која требаше да биде главна декорација за овогодинешните божиќни прослави во Ватикан. Активистите во отворено писмо го повикаа папата Франциско да го спречи сечењето на дрвото следната недела пред да биде пренесено на плоштадот Свети …

Активисти се борат да го спречат сечењето на елка стара 200 години: Му пишаа на папата Read More »

Азески: Владата и банките мора да се договорат – не може да има пари на сметка, а да не знаеш што да правиш со нив


Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески очекува дека ќе се најде решение во интерес на бизнисот за каматата и провизиите за унгарскиот кредит наменет за компаниите на состанокот меѓу Владата и банките што ќе се одржи во недела во Министерството за финансии. Иако не е поканет на состанокот, како што вели, оптимист е дека ќе …

Азески: Владата и банките мора да се договорат – не може да има пари на сметка, а да не знаеш што да правиш со нив Read More »