Шведската влада: Училиштата и предучилишните установи ќе мора да ги зголемат безбедносните мерки


Сите шведски училишта и предучилишни установи ќе мора да направат безбедносни планови со цел да ги задржат неовластените лица подалеку од нивните простории, соопшти денеска шведската Влада. „На пример, тоа би можело да вклучува… регистар за упис, контроли и систем за заклучување на вратите“, рече министерот за образование Јохан Персон, но додаде дека на училиштата …

Шведската влада: Училиштата и предучилишните установи ќе мора да ги зголемат безбедносните мерки Read More »

Доживотна казна затвор за Фадил Зејнелов за убиството на Емилија Пешева


Основниот суд во Штип денеска му изрече доживотна казна затвор на Фадил Зејнелов за убиството на 29-годишната Емилија Пешева.  На претходното рочиште пред два дена сега осудениот Зејнелов призна вина за убиството на неговата партнерка Пешева. Како што кажа тогаш, мотивот за извршеното убиство на 1 ноември минатата година е неверство.  Обвинителот и адвокатите на …

Доживотна казна затвор за Фадил Зејнелов за убиството на Емилија Пешева Read More »

Казни за загадувачите во Струмица


Општинскиот инспекторат за животна средина продолжува со изрекување казни за загадувачите во Струмица според законите за животна средина и управување со отпадот. Како што информираа од Општина Струмица, вчера од двата извршени инспекциски надзори кај две компании констатирани се неправилности и инспекторите им наложиле да ги отстранат истите. Едно лице вчера било затекнато од комуналните …

Казни за загадувачите во Струмица Read More »

Астрономски феномени во 2025 година: Од смешковци на небото до големи затемнувања


2025 година носи спектакуларни астрономски настани кои ќе ги воодушеват љубителите на вселената и ноќното небо. Од ретки затемнувања, метеорски дождови, до специјално небесно „смајли“. Еден од најубавите астрономски феномени во годината не очекува на 25 април. Во раните утрински часови, тенката полумесечина на Месечината што опаѓа ќе се усогласи со Венера и Сатурн, формирајќи …

Астрономски феномени во 2025 година: Од смешковци на небото до големи затемнувања Read More »

Пожар избувна во куќа во центарот на Штип


 Во куќа на улицата „Мирче Ацев“ во централното градско подрачје на Штип претпладнево избувна пожар. Нема повредени во пожарот. Десет пожарникари со три возила го гаснеа пожарот, кој ја зафати кровната конструкција на куќата. Според информациите од командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов пожарот е ставен под контрола.  Дополнително ќе се утврдува за причините на пожарот. 

Слаб снег на Попова Шапка и на планинскиот превој Буково


Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка и на планинскиот превој Буково, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираа од Авто мото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските …

Слаб снег на Попова Шапка и на планинскиот превој Буково Read More »

Во декември помалку издадени одобренија за градба


Државниот завод за статистика денеска излезе со податоци дека во декември биле издадени 287 одобренија за градење, што е за два процента помалку во однос на истиот месец лани. Предвидената вредност на објектите изнесува 4 954 058 илјади денари што е за 22,6 проценти помалку во однос на истиот период минатата година. Од вкупниот број …

Во декември помалку издадени одобренија за градба Read More »

Колку строгиот однос на родителите кон децата може да влијае врз нив во зрелоста


Строгите родители можат да имаат долгорочно влијание врз личноста и начинот на размислување на детето. Специфичните стандарди, строгите правила и потребата да се исполнат родителските очекувања може да ги обликуваат моделите на однесување кај децата кои остануваат присутни и до зрелоста. Некои од овие особини претставуваат предизвици со кои луѓето мора да се справуваат во …

Колку строгиот однос на родителите кон децата може да влијае врз нив во зрелоста Read More »

Објавен вториот повик за општините за пари од унгарскиот кредит (видео)


Денеска е објавен вториот јавен повик за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти со вкупен износ за средства до 15 милијарди денари. Повикот е објавен на веб-страницата на Владата и на Министерството за локална самоуправа и во два дневни весници. Право на учество имаат општините и општините во Градот Скопје, кои можат …

Објавен вториот повик за општините за пари од унгарскиот кредит (видео) Read More »

Малезискиот премиер и Ердоган ја насмеа јавноста со возење во автомобил: „Прв пат без обезбедување“


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган отпатува во Малезија во официјална посета, а премиерот на земјата Анвар Ибрахим му приреди необичен пречек. Покрај официјалните состаноци, Ибрахим реши да му овозможи на Ердоган да се повози со автомобил Togg од турско производство. Ердоган му ја покажа на Ибрахим внатрешноста на автомобилот и го запозна со карактеристиките на …

Малезискиот премиер и Ердоган ја насмеа јавноста со возење во автомобил: „Прв пат без обезбедување“ Read More »

Утре нема летови до и од Белгија – национален штрајк против економските политики


Национален штрајк против економската политика на новата федерална влада е закажан за утре во Белгија, објавија локалните медиуми. Планирано е на протестот да се приклучат и контролори на летање, што ќе доведе до затворање на воздушниот простор. Поради оваа причина утре нема да има редовни летови до и од Белгија, а авионите кои летаат над …

Утре нема летови до и од Белгија – национален штрајк против економските политики Read More »

Хром ја добива првата спортска сала


Во подрачното ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“, изградбата на првата училишна спортска сала во Хром влегува во завршна фаза.  Во моментов се поставува челичната кровна конструкција – еден од чекорите пред конечното завршување на ова долгоочекувано барање на жителите, соопшти градоначалникот на општината Александар Стојкоски.  – За првпат, учениците ќе добијат современ простор за …

Хром ја добива првата спортска сала Read More »

Саем на мебел во Скопје, годинава, од 26 до 30 март


По минатогодишниот огромен успех и рекорден број на посетители, Саемот на мебел повторно ги отвора вратите за сите љубители на дизајнот, ентериерот и иновациите! Со повеќе од 15.000 посетители во 2024 година, ова реномирано саемско случување и оваа година ќе биде центарот на инспирацијата за модерно, функционално и стилско уредување на домот и работните простори. Под слоганот „Инспирација за …

Саем на мебел во Скопје, годинава, од 26 до 30 март Read More »

Забраната за мобилни во основните училишта во Центар функционира одлично


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека забраната за употреба на мобилни телефони за време на наставата функционира одлично во сите осум основни училишта. „Забраната за користење мобилни телефони за време на часовите дава резултати. Оваа мерка ја имплементираме две години во основното училиште “Св.Кирил и Методиј” и има бенефит. Учениците, целосно се посветуваат …

Забраната за мобилни во основните училишта во Центар функционира одлично Read More »

Откриен камион полн со рециклирана хартија и дрога што од Косово заминувал за Турција


Министерството за внатрешни работи и Царината од синоќа спроведуваат акција на граничниот премин Богородица. Според дел од медиумите, се работи за откриена дрога во камион со македонски регистарски таблички.  Според првичните информации, камионот во кој имало рециклирана отпадна хартија влегол од Косово и требало да оди за Грција, а крајната дестинација била Турција.  Од Министерството …

Откриен камион полн со рециклирана хартија и дрога што од Косово заминувал за Турција Read More »

Овластена градоначалничка на Тирана, Ануела Ристани, најави продолжување на работите за развој на метрополата


По апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, овластена градоначалничка, од вчера доцна попладне, е Ануела Ристани. Веста ја објави општина Тирана, но и самата Ристани, по втората средба што во текот на вчерашниот ден, со петте заменици градоначалници и претседателот на советот на општина Тирана, ги оствари премиерот Еди Рама, во просториите на општината. …

Овластена градоначалничка на Тирана, Ануела Ристани, најави продолжување на работите за развој на метрополата Read More »

(Фото) Земјотресот во Далмација ја помести камбанаријата на Паг


Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди поширокото задарско подрачје, а според досегашните информации нема пријавени повредени или значителна материјална штета, извести Управата за цивилна заштита. Сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска го регистрираа земјотресот во 18 часот и 43 минути, со епицентар на 15 километри североисточно од Стариград …

(Фото) Земјотресот во Далмација ја помести камбанаријата на Паг Read More »

Арапска лига: Раселувањето на Палестинците од нивните територии е „неприфатливо“ за регионот


 Раселувањето на Палестинците од нивните територии во Појасот Газа и Западниот Брег е „неприфатливо“ за регионот, изјави денеска генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Геит. „Тоа е неприфатливо за арапскиот свет кој се бори со оваа идеја 100 години“, рече тој на самитот на светските влади во Дубаи, на прашањето за планот на американскиот …

Арапска лига: Раселувањето на Палестинците од нивните територии е „неприфатливо“ за регионот Read More »

Трамп: Можеби ќе биде потребно да се позанимаваме со судиите кои ги блокираат напорите за намалување на трошоците


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека „можеби ќе биде потребно да се позанимаваме со судиите“ кои, како што рече, ги блокираат напорите за намалување на трошоците на владините агенции. За време на заедничкото обраќање од Овалната соба во Белата куќа, Трамп и шефот на Одделот за владина ефикасност (DOGE) Илон Маск рекоа дека има …

Трамп: Можеби ќе биде потребно да се позанимаваме со судиите кои ги блокираат напорите за намалување на трошоците Read More »

Утре ГТЦ без вода


Од „Водовод и канализација“ Скопје известуваат дека утре (среда) поради уличен дефект Ф-80мм на ул. „Филип Втори“ пред ГТЦ во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ГТЦ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8 часот до санирање на дефектот.