Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита


Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско …

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита Read More »

Приватните автобуси се исклучија од сообраќај


Приватните автобуски превозници што сообраќаат во Скопје денеска во 10 часот ги повлекоа возилата од линиите. Тие најавија дека ќе работат скратено – само од 5 до 10 часот – сè додека ЈСП не им го подмири долгoт за изминатите шест месеци, проценет на 90 милиони денари. Според превозниците, вкупниот долг на ЈСП кон нив …

Приватните автобуси се исклучија од сообраќај Read More »

Вработените во „Флораком“ и „Луна“ ќе ја добијат августовската плата


Стојанче Кашиковски, претседателот на СУТКОЗ, апелира до раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ веднаш да почне со правење напори за обезбедување средства за исплата на септемвриската плата, со цел овие вработени да не бидат повторно принудени да протестираат, барајќи да им биде исполнето нивното основно работничко право – исплата на плата Вработените во „Флораком“ и …

Вработените во „Флораком“ и „Луна“ ќе ја добијат августовската плата Read More »

Жител на Кочани пронајден мртов во Љубљана


До македонската амбасада во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани, соопшти Министерството за надворешни работи. Од таму велат дека согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција. …

Жител на Кочани пронајден мртов во Љубљана Read More »

Алиу: Со синхронизирање на 12 закони до унапредување на здравствениот систем


Со синхронизирање на 12 закони од областа на здравството почнувајќи од евиденции, преку осигурување и лекови, до биомедицина и јавно здравје, во насока на нивно поврзување и функционирање како една целина, ќе се овозможи унапредување на процесите во здравствениот систем. По тој повод денеска во организација на Министерството за здравство се одржа јавна презентација на …

Алиу: Со синхронизирање на 12 закони до унапредување на здравствениот систем Read More »

Ова е експертска прогноза и не е добра: Ла Ниња + QBO + поларен вртлог


Зимата што претстои, според сите извештаи, ќе биде „како старата“, изјави службата за следење на времето „Severe Weather Europe“. Како што објаснуваат експертите од таа служба, ваквите прогнози се однесуваат на делови од САД, Канада, но и на Европа. Имено, како што е дополнително наведено, три фактори моментално покажуваат сличности со неколку силни и студени …

Ова е експертска прогноза и не е добра: Ла Ниња + QBO + поларен вртлог Read More »

Поевтинија горивата


Регулаторната комисија за енергетика ги намали сите цени на горивата во однос на оние од претходната недела. Од полноќ поевтинуваат сите видови на горива, соопшти Регулaторната комисија за енергетика која ги објави новите цени. Малопродажната цена на бензинот од типот „еуросупер-95“ ќе изнесува 74 денари што претставува намалување за 1,5 денари по литар. За 1,5 …

Поевтинија горивата Read More »

УХМР со метео аларм за утре, се очекува силен ветер во овие делови од Македонија


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска сподели „метео аларм“ за утрешниот ден (07.10.2025). Имено, од УХМР во Фејсбук објава најавија дека утре ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец (над 60 km/h). На фотографијата која ја споделија прикажано е кои делови од Македонија ќе бидат зафатени со силен …

УХМР со метео аларм за утре, се очекува силен ветер во овие делови од Македонија Read More »

Шукова и Мојсова со конкретни решенија за паркирањето и урбанизмот во Скопје и Карпош


 Кандидатките за градоначалници од СДСМ, Каја Шукова за Град Скопје и Маја Мојсова за општина Карпош, денеска ги претставија своите визии за решавање на еден од најгорливите проблеми со кои се соочуваат скопјани – паркирањето и хаотичната урбанизација. Двете кандидатки нагласија дека овие прашања не се само технички, туку суштински за квалитетот на живот и …

Шукова и Мојсова со конкретни решенија за паркирањето и урбанизмот во Скопје и Карпош Read More »

Нобел за медицина добија Бранкоу, Рамсдел и Сакагучи за имунолошкиот систем


Нобеловото собрание на Институтот Каролинска одлучи да им ја додели Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2025 година на Мери Е. Бранкоу, Фред Рамсдел и Шимон Сакагучи „за нивните откритија во врска со периферната имунолошка толеранција“. Овогодишните лауреати за медицина открија како имунолошкиот систем се држи под контрола. Моќниот имунолошки систем на телото мора …

Нобел за медицина добија Бранкоу, Рамсдел и Сакагучи за имунолошкиот систем Read More »

Белгија преговара со Албанија и Косово за изнајмување или изградба на затвор за странци без престој во ЕУ


Белгиските министри за правда и миграција оваа недела ќе патуваат во Косово и Албанија на разговори за можност за растеретување на затворскиот систем на Белгија, јавија локалните медиуми. Се очекува белгиските функционери да разговараат со своите колеги во двете балкански земји за да ја истражат можноста Белгија да префрли затвореници осудени за кривични дела и …

Белгија преговара со Албанија и Косово за изнајмување или изградба на затвор за странци без престој во ЕУ Read More »

Јашари ја освои петтата титула во снукер


 Берат Јашари триумфираше на третиот турнир од предвидените четири за државното првенство на Македонија и со тоа стекна недостижна предност на табелата, резервирајќи ја петтата титула во низа, објави СФМ. Натпреварувачкиот викенд започна со изненадување, каде што младинскиот шампион Теодор Величковски извојува победа над Јашари во групната фаза. Јашари во полуфиналето каде имаше голем отпор …

Јашари ја освои петтата титула во снукер Read More »

Францускиот премиер поднесе оставка


Францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денес француската телевизиска станица БФМ, повикувајќи се на неименувани владини извори. Канцеларијата на претседателот Емануел Макрон објави дека премиерот Себастијан Лекорну поднел оставка наутро во понеделник, 6 октомври, неколку часа откако беше формирана неговата нова влада. Лекорну на функцијата премиер беше назначен од претседателот Емануел Маркон на 9 …

Францускиот премиер поднесе оставка Read More »

Ќе се руши објектот во кој се организираа свадби и веселби на аеродромот Стенковец


Државниот градежен инспекторат донесе решение за рушење на објект во кој се организираа свадби и други веселби на спортскиот аеродром Стенковец, а со кој оперира Аероклубот „Скопје“ бидејќи, како што велат, бил дивоградба и небезбеден за организирање свечености. Инспекторатот соопшти дека при вонредниот инспекциски надзори констатирани се низа неправилности во однос на градбите – на …

Ќе се руши објектот во кој се организираа свадби и веселби на аеродромот Стенковец Read More »

(Во живо) Денеска се објавува добитникот на Нобеловата награда за медицина


Сезоната на Нобелови награди за 2025 година започнува денеска со објавувањето на победниците во категоријата Физиологија или медицина. Се очекува Нобеловото собрание во Институтот Каролинска во Стокхолм да објави кој ќе ја добие престижната награда најрано во 11:30 часот.   Нобеловата награда за физиологија или медицина може да се додели на еден научник или да …

(Во живо) Денеска се објавува добитникот на Нобеловата награда за медицина Read More »

Дронови и над Осло, привремено суспендирани летовите на аеродромот


Аеродромот во норвешката престолнина Осло привремено ги суспендираше слетувањата рано утрово откако беше пријавен дрон во близина на аеродромот, објави новинската агенција NTB. Неколку дојдовни летови беа одложени или пренасочени откако полицијата доби извештај околу полноќ дека пилот на Норвешката авиокомпанија мислел дека видел три до пет дронови за време на приближувањето кон аеродромот, објави …

Дронови и над Осло, привремено суспендирани летовите на аеродромот Read More »

Студенти: Приход и прилив не е исто – поради УЈП некои од нас се одбивани за надомест за оброк


Националното студентско тело информира дека денеска официјално го испрати до Министерството за образование и наука и Управата за јавни приходи Барањето за разграничување на поимот „приход“ од „прилив“ при примената на мерката за субвенциониран студентски оброк. – Со ова барање се укажува на потребата институциите да направат јасна разлика меѓу реален приход и прилив на …

Студенти: Приход и прилив не е исто – поради УЈП некои од нас се одбивани за надомест за оброк Read More »

(ФОТО) Прекини на струја ја предизвикаа хаваријата во Влае – половина Скопје остана без вода


  Причина за синоќешниот голем дефект на водоводната мрежа во Скопје биле повеќе краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија кај бунарите на Лепенец, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Прекините предизвикале варијации на притисокот во пумпниот систем, што резултирало со пукање на главната водоводна цевка со дијаметар од 600 милиметри на улицата „Франце …

(ФОТО) Прекини на струја ја предизвикаа хаваријата во Влае – половина Скопје остана без вода Read More »

(Видео) Пукна цевка во Влае, половина Скопје без вода


Една од главните водоводни цевки вечерва пукна во населбата Влае. Порталот „24news.mk“, објави видео на кое се гледа дека е поплавена цела улица, а како што јавува порталот, водата навлегува во дворови и во подруми од куќи. Во меѓувреме, жители јавуваат дека нема вода во Хром, Ѓорче, Влае, Карпош… додека во Центар и Аеродром значително …

(Видео) Пукна цевка во Влае, половина Скопје без вода Read More »

Хаос во Минхен: Дронови го парализираа аеродромот – илјадници патници заробени


Двете писти на аеродромот во Минхен беа затворени вечерва по втор пат за помалку од 24 часа, а пилотот на авионот, чие полетување беше откажано, ги информираше патниците дека повторно се забележани дронови. Пилотот на авионот на летот за Лондон им кажа на патниците дека полициските хеликоптери се во воздух и дека не е јасно …

Хаос во Минхен: Дронови го парализираа аеродромот – илјадници патници заробени Read More »