Путин во изолација: Десетици луѓе околу мене се болни од Ковид-19


Рускиот претседател Владимир Путин, принуден да се изолира поради случаи на коронавирус меѓу оние што стапија во контакт со него, рече дека има „неколку десетици“ заразени со Ковид-19 околу него. „Знаете дека, за жал, бев принуден да ја откажам посетата на Душанбе во последен момент. Многу ми е жал, но причината е што, како што …

Путин во изолација: Десетици луѓе околу мене се болни од Ковид-19 Read More »

Секое десетто дете по земјотресот во Загреб покажува симптоми на анксиозност и депресија


 Едно од десет деца покажува симптоми на анксиозност и депресија, а едно од седум деца има посттрауматско стресно нарушување предизвикано од земјотресите, покажува најновото истражување спроведено во Загреб, јави Хрватската радио-телевизија. Градската институција „Поликлиника за заштита на деца и млади“ на примерок од 22 илјади деца спроведе истражување за менталното здравје на децата и младите …

Секое десетто дете по земјотресот во Загреб покажува симптоми на анксиозност и депресија Read More »

(Во живо) Заев во индустриската зона „Сарај“


Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот  и министер за политички системи и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска ќе ја посетат производствената фабрика од индустриска дејност „One cable“ во Општина Сарај, најави владината прес-служба.   Инвестицијата во индустриска зона „Сарај“ …

(Во живо) Заев во индустриската зона „Сарај“ Read More »

Земјотрес од 6 степени во Кина, загинаа тројца


Најмалку три лица загинаа, а  повеќемина се повредени во земјотрес со јачина од 6,0 степени во провинцијата Сечуан во југозападна Кина, јавија државните медиуми. Според Ксинхуа, земјотресот се случил во округот Лучијан на длабочина од 10 километри. Според извештајот на агенцијата, 1.221 куќа се урнати, повеќе од 3.000 се сериозно оштетени, а акцијата за спасување …

Земјотрес од 6 степени во Кина, загинаа тројца Read More »

Курц: Пандемијата помина, освен за невакцинираните


Пандемијата за вакцинираните помина, но сега имаме пандемија на невакцинираните, истакна австрискиот канцелар Себастијан Курц. „Вакцинираните се безбедни и можат да живеат нормален живот, но невакцинираните се небезбедни и мора да имаат негативни тестови и маски со FFP2 за ресторани, трговија, јавен превоз“, истакна Курц за дневниот весник „Кронен цајтунг“. Тој посочи дека многумина се …

Курц: Пандемијата помина, освен за невакцинираните Read More »

(Видео) „Спејс икс“ успешно полета во орбитата со четворица цивили


Со ракетата „Спејс икс“ на Илон Маск во вселената полетаа првите четворица вселенски туристи – цивили. Мисијата „Inspiration 4″ е првата која се одвива во орбитата на Земјата без професионални астронаути. Летот на ракетата „Спејс икс“, која стартуваше денеска во два часот утрото по средноевропско време од Кејп Канаверал во Флорида, е изнајмен од американскиот …

(Видео) „Спејс икс“ успешно полета во орбитата со четворица цивили Read More »

Макрон: Го убивме водачот на Исламска држава во Сахара


  Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека припадниците на француската војска го убиле лидерот на Исламска држава во Голема Сахара, Аднан Абу Валид ал-Сахрави. Макрон на Твитер оцени дека тоа е уште еден успех во борбата против терористичките групи во Сахел, област меѓу Сахара на север и суданската савана на југ. Тој не ја откри …

Макрон: Го убивме водачот на Исламска држава во Сахара Read More »

Автомобил се запали во скопската населба Аеродром


Во населбата Аеродром вечерва околу 19 часот се запалил автомобил на паркинг на улицата „Методија Шаторов Шарло“, а во гаснењето на пожарот интервенирале од противпожарната единица на град Скопје. Владимир Симоновски, командант на противпожарната единица во Скопје, за МИА изјави дека не постоела опасност за жителите во зградата, како и дека по брза реакција состојбата била веднаш регулирана.

Намалувањето на бројноста на судиите штетно ќе се одрази врз функционалноста на судскиот систем


Пред Судскиот Совет стои предизвикот за кадровско пополнување на судовите, како со судии, така и со администрација, особено заради фактот дека следува период во кој многумина судии ќе ги исполнат условите за пензионирање, па како итност се отвора прашањето за избор на нови судии. Тоа го истакна претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, на конференцијата …

Намалувањето на бројноста на судиите штетно ќе се одрази врз функционалноста на судскиот систем Read More »

Македонските предизвици кон ЕУ се предизвици за самата Унија


Политиката на проширување со земјите од Западниот Балкан е од особена важност за адресирање на прашањата кои ја засегаат иднината на Европа, потенцираше вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, кој попладнево во Солун, се обрати на специјалната дискусија за европската перспектива на регионот „Западниот Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“, иницирана од страна …

Македонските предизвици кон ЕУ се предизвици за самата Унија Read More »

Земјотрес со епицентар во Албанија, почувствуван во северозападните делови од земјава


Земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија на 170 километри северозападно од Скопје денеска е регистриран во 14 часот и 26 минути, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. -Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML4.2, а беше почувствуван од населението во северозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти …

Земјотрес со епицентар во Албанија, почувствуван во северозападните делови од земјава Read More »

Португалија вакцинира 80 отсто од населението


  Португалија тполно вакцинра околу 80 отсто од популацијата, со што стана една од најдобро вакцинираните наии во светот, па властите ги ублажуваат повеќето антиковид мерки, покажаа официјалните податоци. Според податоците на Ројтерс, Португалија и Обединетите Арапски Емирати имаат речиси ист процент потполно вакцинирани граѓани, а во тој сегмент се водечки во светот. Португалија, земја …

Португалија вакцинира 80 отсто од населението Read More »

Во Србија 7.628 новозаразени, починаа 32 пациенти


  Рекорден број заразени во последните шест месеци бележат речиси сите поголеми српски градови. Дневната бројка новозаразенисе движи кон 8.000 Исто така, поради неповолната епидемиолошка состојба и се поголемиот број заболени ученици, но и наставници и професори, се зголемува бројот на одделенија кои преминуваат на онлајн настава. Според последните податоци во Србија регистрирани се 7.628 …

Во Србија 7.628 новозаразени, починаа 32 пациенти Read More »

(Видео) Пристигнуваат 44 лица од Авганистан


 На Меѓународниот Аеродром во Скопје денеска пристигнува нова група граѓани од Авганистан, информираат од Владата. Инаку, првата група од 149 Авганистанци во земјава пристигнаа на  31 август, меѓу кои и жени и деца. Станува збор за Авганистанци што работеле за меѓународни организации и нивните семејства.

Усвоени преостанатите закони од областа на управување со отпадот


Собранието на денешната  50-та седница ги донесе преостанатите четири закони од областа на управување со отпадот: Закон за управување со отпадот, Закон за управување со пакување и отпад од пакување, Закон за управување со дополнителни текови на отпад и Закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, откако претходно во …

Усвоени преостанатите закони од областа на управување со отпадот Read More »

Во Скопје денеска пристигнува нова група граѓани од Авганистан


 На Меѓународниот Аеродром во Скопје денеска се очекува да пристигнe нова група граѓани од Авганистан, информираат од Владата.   Според најавата од Владата,  медиумските екипи што ќе се акредитираат треба да пристигнат најдоцна до 16 часот.   Како што посочуваат од Владата, не се придвидени изјави на владини претставници при пристигнувањето.   Инаку, првата група …

Во Скопје денеска пристигнува нова група граѓани од Авганистан Read More »

Заедничка владина седница со Косово утре во Скопје


Владите на Република Северна Македонија и Република Косово утре во Скопје ќе одржат заедничка седница, на која ќе се потпишат низа договори и меморандуми со кои ќе се продлабочи и зајакне соработката меѓу двете држави. Договорите, како што информираше на денешната прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа, се од областа на инфраструктурата, дијаспората, енергетиката, економијата, туризмот …

Заедничка владина седница со Косово утре во Скопје Read More »

Успешно ќе биде завршен процесот со „фингерпринт“ терминалите


Премиерот Зоран Заев верува дека успешно и навреме ќе биде завршен целиот процес околу „фингерпринт“ терминалите кои ќе се користат за претстојните локални избори. Јавната набавка, вели, ги запазува сите законски процедури, а постапката е транспарентна. Заев ги охрабрува институциите будно да го следат целиот процес за да биде успешен и навреме завршен, но истовремено …

Успешно ќе биде завршен процесот со „фингерпринт“ терминалите Read More »

Маричиќ: Граѓаните веќе ја забележуваат проактивната улога на Судскиот совет


Задоволство од резултатите и темпото на спроведување на реформите во правосудството изрази денеска министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на дијалогот за јавни политики „Имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година со Акциски план – до каде сме и што понатаму“, што се одржа во организација на Институтот за европска политика. …

Маричиќ: Граѓаните веќе ја забележуваат проактивната улога на Судскиот совет Read More »

(Видео) Поплави на југот на Франција – блокирани автопати


Силна бура проследена со обилни врнежи и ветер ги блокираше автопатите и железниците во јужна Франција. Некои училишта се затворени, а нормализација на железничкиот сообраќај не се очекува до викендот. Поплавениот автопат меѓу Ним и Монпелје е привремено затворен, а прекинат е и железничкиот сообраќај меѓу двата града. За денеска се очекуваат дополнителни обилни врнежи, …

(Видео) Поплави на југот на Франција – блокирани автопати Read More »