Регистрирани 412 новозаболени од ковид, починаа 12 лица


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: • Направени се 3.379 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 205, Куманово – 39, Кочани – 23, Кавадарци – 17, Битола и Велес – по 15, Штип – 14, Прилеп – 13, Охрид – …

Регистрирани 412 новозаболени од ковид, починаа 12 лица Read More »

Најмногу кафе во ЕУ произведува Италија – 616 илјади тони, ние 4,1 илјада тони


Во 2020 година во ЕУ произведени се вкупно 1,9 милиони тони кафе, што е раст од 10 проценти споредено со 2010 година. Истовремено во нашата земја биле произведени 4,1 илјада тони кафе, покажуваат податоците на Евростат, објавени по повод Меѓународниот ден на кафето 1 Октомври. Вкупната вредност на произведеното кафе во ЕУ изнесува 11 милијарди …

Најмногу кафе во ЕУ произведува Италија – 616 илјади тони, ние 4,1 илјада тони Read More »

Почина поранешниот прв човек на Црвениот крст, Илија Цветаноски


По кратко боледување вчера на 77-годишна возраст почина поранешниот претседател и генерален секретар на Црвениот крст, Илија Цветаноски. Илија Цветаноски беше претседател на Црвениот крст на Република Македонија од 1996 до 2001 година и генерален секретар на Црвениот крст на Република Македонија од 2001 до 2004 година. Со Цветаноски денеска се збогуваа неговите најблиски од …

Почина поранешниот прв човек на Црвениот крст, Илија Цветаноски Read More »

Македонци живеат во над 170 земји во целиот свет, голем број на егзотични острови


Македонците се почесто се иселуваат во островски држави место во традиционалните европски гастрбајтерски дестинации. Некои како живеалиште ги избрале и најатрактивните, како Малдивите, Самоа, Маврициус, Доминиканска Република…  Не им пречи ни студенилото, па така се попишале и од Антарктикот, а најчудно од сѐ е дека дури 14 наши државјани престојуваат во оазата на Ким Џонг …

Македонци живеат во над 170 земји во целиот свет, голем број на егзотични острови Read More »

Енергетскиот сектор ќе се трансформира во следните пет години


Во наредните пет до седум години целосно ќе го трансформираме енергетскиот сектор во земјата и ќе се реализираат голем број на инвестиции во обновливите извори на енергија, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на форумот „Стратешки економски разговори“, што се одржува во местото Савудрија на Истра во Хрватска. На панелот, на кој се говореше …

Енергетскиот сектор ќе се трансформира во следните пет години Read More »

Вчера аплицирани само 994 вакцини како прва доза


Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.162 дози вакцини, од кои 994 се аплицирани како прва доза, 3.114 се ревакцинирани, а 54 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 30 септември, вкупно се вакцинирани 788.058 граѓани, ревакцинирани се 729.794, а трета доза примиле 235 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Од МЗ наведоа дека …

Вчера аплицирани само 994 вакцини како прва доза Read More »

Учениците ќе продолжат да учат по истиот модел, само 0.26 отсто се заразени во Ковид-19


Бројките на новозаразени со коронавирус во училиштата се движат од  0,01 до 0,03 дневно, а активни случаи се 0,26 проценти од вкупно 240 илјади ученици во основното и средното образование кои наставата секојдневно ја посетуваат со физичко присуство, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска. -Министертството за здравство излезе со став дека во …

Учениците ќе продолжат да учат по истиот модел, само 0.26 отсто се заразени во Ковид-19 Read More »

Стратегијата на социјалното претпријатие РЕДИ рециклажа е да ги обедини неформалните собирачи на отпад


РЕДИ Рециклажа е социјално претпријатие чија цел е да ги организира и формализира индивидуалните собирачи на секундарни суровини, преку воспоставување на систем за примарна селекција на отпад во стенбените објекти и компании. Исто така, ова социјално претпријатие придонесува и за почиста животна средина, преку рационално користење на секундарни суровини, истакна денеска директорот на ова претпријатие, …

Стратегијата на социјалното претпријатие РЕДИ рециклажа е да ги обедини неформалните собирачи на отпад Read More »

Радев: Борисов се сокри од претседателските избори во Бугарија под тогата на ректорот Герџиков


Пред пет години Бојко Борисов се криеше под здолништето на Цецка Цачева, а сега се крие под тогата на ректорот на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“, ја искоментира денеска бугарскиот претседател, Румен Радев, номинацијата на ректорот проф. Анастас Герџиков за претседателски кандидат и се уште непотврдената поддршка од ГЕРБ, јави дописникот на МИА од Софија. …

Радев: Борисов се сокри од претседателските избори во Бугарија под тогата на ректорот Герџиков Read More »

Швајцарија деблокира 1,2 милијарда евра за сиромашните земји-членки на ЕУ


Швајцарија деблокира вкупно 1,3 милијарди франци (1,2 милијарди евра) финансиска помош за сиромашните земји-членки на Европска Унија, во обид да ги подобри тензичните односи со својот најголем трговски партнер. Горниот дом на швајцарскиот Парламент вчера одобри ислата на 1,3 милијарди франци во следните години. Средствата се замрзна ни во 2019 година по спорот за меѓусебно …

Швајцарија деблокира 1,2 милијарда евра за сиромашните земји-членки на ЕУ Read More »

Француската влада се обидува да ја стави под „контрола“ високата цена на енергијата


Францускиот премиер Жан Кастекс најави дека ќе ги „блокира цените на гасот“ до април со помош на „тарифниот штит“, јави дописникот на МИА од Париз.  – Мораме да управуваме со исклучителниот „скок“ на цените на гасот оваа зима. Овој ценовен „удар“ се очекува да исчезне на пролет, рече Кастекс. Регулираните цени на гасот денеска ќе пораснат за 12,8 отсто – „последно покачување“, вети Кастекс, откако пораснаа за 25 отсто летово …

Француската влада се обидува да ја стави под „контрола“ високата цена на енергијата Read More »

Од Ковид-19 во болница завршиле 79 отсто невакцинирани


Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 06 август заклучно со 30 септември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 30.09.2021 на територија на државата 35.531 …

Од Ковид-19 во болница завршиле 79 отсто невакцинирани Read More »

Заев: Пукањето на митинзи одвраќа гласачи


МВР веќе постапува, ги има снимките и истражува точно да се најдат сторителите, кажа денеска премиерот Зоран Заев во врска со за пукањето на митингот на ДУИ. – Не мислам дека тоа носи добро на некој, тоа одвраќа гласачи тоа одвраќа поддршки, одвраќа позитивен амбиент и второ е кривично дело, веројатно и злоупотреба на законот …

Заев: Пукањето на митинзи одвраќа гласачи Read More »

За викенд стабилно, од среда повторно врнежи


За време на викендот и во првите два дена од следната недела ќе преовладува стабилно и сончево време со појава на мала до умерена облачност. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во постепен пораст, соопшти УХМР. Нови врнежи се очекуваат во среда кон крајот на денот. Температурата утре ќе се движи од два до …

За викенд стабилно, од среда повторно врнежи Read More »

(Видео) Најмалку девет жртви во ковид-болница во Романија


  Најмлаку девет лица загинаа во пожар во болница во Романија. Се работиз а ковид-болница во градот Констанца, на истокот на Романија. Пожарот избил на единицата за интензивна нега. Министерството за здравство најави конференција за медиумите на која треба да кажат повеќе детали. Во болницата, како што јави АП, во моментот на избивање на пожарот …

(Видео) Најмалку девет жртви во ковид-болница во Романија Read More »

БМВ ги подобри прогнозите за овогодишната заработка


 Германскиот производител на автомобили, БМВ ги зголеми проценките за годинешните приходи, поради повисоките цени на новите и половните возила. Зголемувањето на цените наредниве месеци ќе го неутрализира негативното влијание на тековниот недостаток на полупроводници врз производството и продажбата. Според тоа, очекувањата пред каматата и данокот од седум до девет се подигнати на 9,5 до 10,5 …

БМВ ги подобри прогнозите за овогодишната заработка Read More »

Изведени материјални докази на рочиштето за предметот „Плацови на Водно”


Судењето за случајот „Плацови на Водно” денеска продолжи со изведување на материјални докази од страна на Обвинителството. При презентацијата обвинителката Лиле Стефанова изведе разни докази од наредби за претрес одобрени од Кривичниот суд Скопје и записници од привремени одземени предмети. Одбраната на обвинетиот Јордан Камчев во овој случај, приговараше на изведувањето како доказ на договор …

Изведени материјални докази на рочиштето за предметот „Плацови на Водно” Read More »

Пожар во болница во романскиот град Констанца, има загинати


Утрово избувна пожар во болницата во романскиот град Констанца, во кој има загинати, но засега не е познато колкав е бројот, објавија властите. Во тек е евакуација на пациентите и персоналот од болницата за инфективни болести. „Потврдуваме дека има мртви“, соопшти Министерството за здравство. Во соопштението се додава дека во болницата биле сместени 113 пациенти, …

Пожар во болница во романскиот град Констанца, има загинати Read More »

Хрватските ќебапи добија ново име, па шегите почнаа


Ресторан во Загреб деновиве претстави своја, изменета „хрватска верзија“ на ќебапите, кои добија и ново, хрватско име – „мљевеници“. Замислата првично била да се направи нешто различно од соседните босански ќебапи, но шегите на нивна сметка се неизбежни. „Се оствари милениумски сон! Мљевеник, а не ќебап!”, „Дали плескавицата сега е ’мљевеница‘?“, „Тогаш, јогуртот нека биде …

Хрватските ќебапи добија ново име, па шегите почнаа Read More »

Сеавус се проширува на европскиот пазар, ја отвори првата канцеларија во Полска


Компанијата за развој на софтвер и консалтинг услуги, Сеавус ја отвори во Варшава, својата прва канцеларија во Полска, со што значително ја зголемува мрежата и достапноста на своите услуги на европскиот пазар. Канцеларијата во Варшава е вкупно 16-та на компанијата, а Полска е деветтата држава во која Сеавус отвора свои простории. Со првата канцеларија во …

Сеавус се проширува на европскиот пазар, ја отвори првата канцеларија во Полска Read More »