Вдомени првите кучиња преку „Лајка“ во Велика Британија


Кампањата Вдоми куче, вдоми љубов добива нова димензија. По успешните вдомувања на бездомни кучиња во нашата земја, мисијата продолжи во САД, Германија, Белгија, Шведска, а од денес и во Обединетото Кралство. – Бројот на бездомни кучиња на улиците и трендот на напуштање миленици се трудиме да го претвориме во тренд на вдомување и одговорно сопствеништво, …

Вдомени првите кучиња преку „Лајка“ во Велика Британија Read More »

Фејсбук и Јутјуб ги отстранија објавите на Болсонаро за вакцините


Нашата политика не дозволува тврдења дека вакцините против Ковид-19 убиваат или можат да им наштетат на луѓето, рече портпаролот на компанијата Фејсбук. Фејсбук и Јутјуб го отстранија од своите платформи видеото на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, во кое тврди дека вакцините против Ковид-19 се поврзани со развојот на сидата. И двете компании соопштија дека видеото …

Фејсбук и Јутјуб ги отстранија објавите на Болсонаро за вакцините Read More »

Конкурс за годишната награда на Асоцијацијата на архитекти и наградата „Андреја Дамјанов“


Асоцијацијата на Aрхитекти на Македонија (ААМ)  го објави конкурсот и за доделување на Голема годишна награда за 2021 година и за предлагање можни добитници на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2021 година. -Двете архитектонски награди претставуваат афирмација на залагањето кон архитектурата во нашата земја, посочува во пишана изјава претседателот на ААМ, проф.д-р Мишко Ралев. Големата годишна …

Конкурс за годишната награда на Асоцијацијата на архитекти и наградата „Андреја Дамјанов“ Read More »

СВР Тетово: Приведен човек кој сакал да прегази полицајци


Тетовската полиција информира дека вчера бил приведен 20-годишник кој се обидел да прегази полицајци. Младиот човек прво одбил да се легитимира, а потоа и го стартувал возилото. – Околу 21:50 часот,  на улица „Михајло Рајчевиќ“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 20-годишниот тетовец А.М., кој дваесетина минути пред тоа одбил да се …

СВР Тетово: Приведен човек кој сакал да прегази полицајци Read More »

Арсовска: Нови училишни згради, библиотека и дигитализација на училиштата


Унапредување на условите на образовните институции кои ќе бидат безбедни за сите деца, родители и вработени како приоритет во работењето на секоја градска и локална самоуправа. Условите за работа во училиштата ќе овозможуваат квалитетен образовен, воспитен и социјален процес за нашите деца. Образовните институции во Скопје ќе бидат и места за поддршка на различностите, соработката …

Арсовска: Нови училишни згради, библиотека и дигитализација на училиштата Read More »

Стабилно време, од петок пораст на температурите


Следува период на стабилно време, со појава на умерена облачност. Утре минималните температури на повеќе места ќе бидат негативни, а од петок ќе има пораст на температурите, особено на утринските. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре ќе се задржи претежно …

Стабилно време, од петок пораст на температурите Read More »

Котлар ветува редари пред училиштата, а нив веќе ги има пред повеќе училишта


Пред крстосницата кај училиштето „Кочо Рацин“, кандидатот за градоначалник на Општина Центар Наташа Котлар рече дека безбедноста на учесниците во сообраќајот, сообено на дечињата и на ученициоте е многу важна. – Затоа пред училиштата и градинките ќе воведеме Зона 30, со максимална брзина на возилата од 30 километри на час. Ќе поставиме визички препреки на …

Котлар ветува редари пред училиштата, а нив веќе ги има пред повеќе училишта Read More »

Шилегов: Мерките што ги преземаме против загадувањето даваат добри резултати во Скопје


– Загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје како што беше во изминатите неколку години. Тоа е факт и тоа добро затоа што бројките покажуваат нешто многу поразлично од тоа што го покажувале пред 4 години. Сепак, мора да бидеме свесни дека проблемот за загадувањето во Скопје не е може целосно да се реши со …

Шилегов: Мерките што ги преземаме против загадувањето даваат добри резултати во Скопје Read More »

Во Драч запленети 45,5 килограми хероин


 Во најголемото албанско пристаниште, Драч, во камион натоварен со хром, синоќа, откриени и запленети се 45,5 килограми хероин. -Постојаната оперативна група која работи во пристаништето Драч, врз основа на добиени информации, врши детална контрола врз моторните возила на излез и влез во пристаништето. При контрола на излез во втора линија, во товарно возило тип „сканија“, …

Во Драч запленети 45,5 килограми хероин Read More »

Објавен прирачник за предавање контроверзни теми во училница


 Здружението LEAD објави прв прирачник за предавање контроверзни теми во училница, наменет за наставници. Според LEAD, предавањето и дискусијата на контроверзните теми се уште е предизвик за наставниците од училиштата во нашата земја и  наведува дека 86 отсто од учениците никогаш немале можност да разговараат за тековни општествени прашања во рамки на образованието. Прирачникот „Предавање …

Објавен прирачник за предавање контроверзни теми во училница Read More »

Амнести интернешнл ги повика САД да ги отфрлат обвиненијата против Асанж


Генералниот секретар на Амнести интернешнл Агнес Каламард ги повика Соединетите Американски Држави да се откажат од обвиненијата против основачот на Викиликс Џулијан Асанж и веднаш да го ослободат британските власти. Агнес Каламард го упати повикот пред сослушувањето во Лондон во среда, на кое ќе се поднесе жалба на одлуката на британскиот суд да не го …

Амнести интернешнл ги повика САД да ги отфрлат обвиненијата против Асанж Read More »

Во тек е етапната исплата на октомвриските пензии


Од денеска почна етапната исплата на октомвриските пензии, информира Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Пензиите, како што посочуваат, ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот Ковид-19. -Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не …

Во тек е етапната исплата на октомвриските пензии Read More »

Американски претставници веруваат дека Иран стои зад нападот со дронови врз нивната база во Сирија


Американските власти веруваат дека Иран стои зад минатонеделниот напад со беспилотни летала врз воената база во Ал Танфу, во јужна Сирија, каде што се стационирани американски војници. Американските медиуми пренесуваат дека официјални лица изјавија дека САД веруваат дека Иран обезбедил ресурси и го поттикнал нападот, но дека беспилотните летала не биле лансирани од територијата на …

Американски претставници веруваат дека Иран стои зад нападот со дронови врз нивната база во Сирија Read More »

Три филџани кафе дневно се добри за црниот дроб


Ако испиете три филџани кафе со кофеин дневно, еластичноста на црниот дроб се подобрува, покажаа резултатите од големата студија која неодамна ја објавија во стручниот магазин „Клиничка гастроентерологија и хепатологија“. Студијата е досега најсеопфатна и ги покажува благодетите од конзумирање кафе за здравјето на црниот дроб. Анализата се темели на податоци од анкетата за испитување …

Три филџани кафе дневно се добри за црниот дроб Read More »

(Видео) Вулканот пет недели го уништува шпанскиот Канарски остров


Вулканот кој веќе пет недели по ред еруптира на шпанскиот остров Ла Палма, не само што не покажува знаци да сопре, туку станува и сѐ поактивен, потврдија надлежните. Делумен колапс на кратерот предизвика новата река лава која сега ги ништи подрачјата на островот, кои претходно не беа загрозени. Институтот за вулканологија на Канарските острови ја …

(Видео) Вулканот пет недели го уништува шпанскиот Канарски остров Read More »

Неколку илјади пожарникари во Њујорк протестираат против задолжителната вакцинација


Илјадници работници во Њујорк, претежно пожарникари, протестираа на Бруклинскиот мост против задолжителната вакцинација, што ја најавија градските власти минатата недела. „Дали нè прашувате дали сте вакцинирани кога нè повикувате на помош?“, „Вчера неопходни, денеска невработени“, пишуваше на транспарентите што ги носеа луѓето. Сите градски работници беа поканети да прошетаат по Бруклинскиот мост до Градското собрание, …

Неколку илјади пожарникари во Њујорк протестираат против задолжителната вакцинација Read More »

Се продлабочува јазот меѓу албанските демократи


Се продлабочува кризата во редовите на најголемата албанска опозициска партија, Демократската, по одлуката на партискиот лидер Љуљзим Баша за исклучување на Сали Бериша од пратеничката група. Бериша, кој е почесен претседател на партијата, поранешен шеф на државата и експремиер, Баша го исклучи по барање на амерканската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, од причини што Бериша …

Се продлабочува јазот меѓу албанските демократи Read More »

Ако треба за струјата ќе се интервенира и со ваучери, најави Заев


Цената на струјата ќе остане иста до крајот на годината, а после тоа доколку има потреба подготвени сме да интервенираме со цел да им помогнеме и на домаќинствата и на стопанството, истакна лидерот на СДСМ и актуелен премиер Зоран Заев. – Граѓаните треба да знаат дека цената на струјата останува иста до крајот на годината, …

Ако треба за струјата ќе се интервенира и со ваучери, најави Заев Read More »

Ескобар: Во БиХ нема да има војна


Габриел Ескобар, заменик помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот изјави дека нема да има нова војна во Босна и Херцеговина. – Во БиХ нема да има војна и не знам зошто луѓето зборуваат за војна, а треба да зборуваат за економски развој. Кога луѓето ќе излезат на гласање, мислам …

Ескобар: Во БиХ нема да има војна Read More »