Засега три жртви во урнатата 21-катница во Лагос, во која имало околу 40 работници


Најмалку три лица загинале во урнатата повеќекатница во изградба во комерцијалната престолнина на Нигерија, Лагос, а се стравува дека уште десетици други се наоѓаат затрупани под урнатините. Француските медиуми пренесуваат дека тешка механизација ги расчистува остатоците од 21-катната зграда во потрага по преживеани под урнатините во елитната населба Икоџи во Лагос. Спасувачите изјавија дека во …

Засега три жртви во урнатата 21-катница во Лагос, во која имало околу 40 работници Read More »

Македонските каратисти со 12 медали се враќаат од ЕП во Белград


Македонската репрезентација во традиционално карате освои вкупно 12 медали на Европското првенство во Белград, од кои по пет златни и сребрени и два бронзени. На првиот ден од шампионатот во Белград со сребрени медали во дисциплините кихон ипон кумите и џиу ипон кумите се закитија Камелија Недев, Матеј Мангаровски и Марта Димковска. Дополнително, Камелија Недев …

Македонските каратисти со 12 медали се враќаат од ЕП во Белград Read More »

Пендаровски од Глазгов: Имаме амбициозна цел до 2030 година да ги намалиме емисиите на стакленички гасови за 51%


Претседателот Стево Пендаровски кој учествува на Светскиот лидерски самит во рамки на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (COP26) во Глазгов, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, денеска присуствуваше на отворањето на самитот и се обрати на пленарната сесија на собирот. Тој рече дека пандемијата на Ковид-19 сè уште доминира на светската …

Пендаровски од Глазгов: Имаме амбициозна цел до 2030 година да ги намалиме емисиите на стакленички гасови за 51% Read More »

Бајден во Глазгов: Ова е деценија на одлуки за климата на Земјата


 Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска на климатската конференција во Глазгов рече дека оваа деценија ќе ја одреди иднината на климата на Земјата. – Ова е одлучувачка деценија во која имаме можност да се докажеме, им рече Бајден на светските лидери на самитот COP26 во Шкотска. – Глазгов мора да биде почеток на една деценија на акција …

Бајден во Глазгов: Ова е деценија на одлуки за климата на Земјата Read More »

Во Србија официјалниот број на починати од Ковид-19 надмина 10.000


Во Србија денеска се регистрирани уште 63 починати од корона вирус, со што Србија официјално надмина 10.000 жртви од Ковид-19. Денеска се регистрирани 5.896 заразени, починаа 63, а на болничко лекување се 6.760 пациенти, додека на респиратор се 290. Тестирани се 19.952 примероци, а од почетокот на епидемијата тестирани се 6.332.571. Од почетокот поради корона …

Во Србија официјалниот број на починати од Ковид-19 надмина 10.000 Read More »

ДЗС спаси повредено лице пронајдено над селото Маловишта


По телефонска дојава од дежурната служба на СВР Битола до Дирекцијата за заштита и спасување на 31 октомври 2021 година е побарано спасување на повредено лице. ДЗС, како што информира, веднаш пристапи кон мобилизација на Тимот за брз одговор за спасување од планина. -Лицето беше пронајдено од другата страна на планината кон преспанскиот дел под …

ДЗС спаси повредено лице пронајдено над селото Маловишта Read More »

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори


Државната изборна комисија (ДИК) денеска на прес-конференција ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг од локалните избори според кои Скопје и 43 општини во земјава добија градоначалници. Првичните официјални резултати, како што информира претседателот на Комисијата Александар Даштевски, се врз основа на записниците што општинските изборни комисии ги доставиле до ДИК.  Согласно објавените првични …

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори Read More »

Нови 153 случаи со Ковид-19, вкупно 13 починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа при направени се 1.549 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 108, Куманово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 6, Битола – 5, Крива Паланка – 4, Виница – 2, Струмица, Кичево, Неготино, Свети Николе, Берово, Делчево и Пробиштип …

Нови 153 случаи со Ковид-19, вкупно 13 починати Read More »

Тачи не очекува ништо драматично, останува во Владата


Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, смета дека ништо драматично нема да се случи по најавената оставка на премиерот Зоран Заев.  – Ништо посебно, не гледам никаква причина нешто драматично да се случи. Сакаат да ја изместат темата. Беа локални избори. Ако сакаат да зборуваат за легитимитет на влада, оваа влада и на овие избори има …

Тачи не очекува ништо драматично, останува во Владата Read More »

Сите вработени во Њујорк мора да се вакцинирани, инаку ќе останат без плата


За Њујорк денеска е прв ден откако по налог на градоначалникот Бил де Бласио сите градски вработени мора да се вакцинирани против Ковид-19, иако многу полицајци и пожарникари сѐ уште одбиваат вакцинација, а еден синдикален водач задолжителната вакцинација ја нарече рецепт за катастрофа. Де Бласио, демократ кој пред помалку од две недели најави задолжителна вакцинација, …

Сите вработени во Њујорк мора да се вакцинирани, инаку ќе останат без плата Read More »

Претседателот Пендаровски официјално не е информиран за оставката на премиерот Заев


Претседателот Стево Пендаровски, како што информираат за МИА од неговиот кабинет, официјално не е информиран за оставката на премиерот Зоран Заев, што повлекува оставка на цела Влада. Оттаму посочуваат дека кога ќе биде информиран за евентуално поднесена оставка, претседателот, во рамките на уставниот рок од десет дена по извршени консултации ќе го додели мандатот за …

Претседателот Пендаровски официјално не е информиран за оставката на премиерот Заев Read More »

Во светот од Ковид-19 починале над пет милиони луѓе


Бројот на луѓе кои починале од Ковид-19 ширум светот надмина пет милиони, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс, кој ги сумира податоците од државните и локалните власти, како и од медиумите и други сигурни извори. Бројот на починати од Ковид-19 во светот денеска се искачи на 5.000.425 луѓе, додека бројот на заразени е над 246,7 милиони. Најголем …

Во светот од Ковид-19 починале над пет милиони луѓе Read More »

Во Бразил за време на вежба на пожарникари се урна карпа, деветмина загинаа


  Во Бразил за време на вежба на пожарникари се урна карпа, при што деветмина загинаа, а еден се здобил со тешки повреди. За време на вежбата која се одвивала во неделата наутро во пештерата Дуас Бокус паднал еден нејзин дел и десетимина останале заробени. Бразилското министерство за безбедност соопшти дека во тој момент на …

Во Бразил за време на вежба на пожарникари се урна карпа, деветмина загинаа Read More »

Државјани на Македонија и Турција фатени во шверц на злато и сребро на бугарска граница


Окружното обвинителство во Хасково поднесе обвинение против државјанин на Турција и на Република Северна Македонија за шверц на златен и сребрен накит вреден 226.902 лева преку граничниот премин Капитан Андреево, соопшти прес-службата на државното обвинителство. Случајот е од 29 октомври со автобус што сообраќал од Турција преку Бугарија до Република Северна Македонија. Во автобусот цариниците …

Државјани на Македонија и Турција фатени во шверц на злато и сребро на бугарска граница Read More »

ДКСК: Директор на јавно претпријатие, самиот си се вработил во истото претпријатие


Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на седница разгледуваше прв случај – предмет пристигнат кај нив, на вработување кога едно лице директор во јавно претпријатие се вработува самиот себе, во истото јавно претпријатие. Антикорупција ќе покрене иницијатива за кривична одговорност пред Јавното обвинителство за повреда на член 353 од Кривичниот законик, односно иницијатива за …

ДКСК: Директор на јавно претпријатие, самиот си се вработил во истото претпријатие Read More »

Момче од Ниш по 42 дена во болница на кислород со Ковид-19 замина дома


„Белите дробови ми работеа 16 отсто, а црниот дроб почна да ми откажува“, вели Никола, кој не бил вакциниран затоа што не верувал на вакцините   Фотографијата на Никола Николиќ (26) од Ниш, Србија, кој по 42 дена лекување од Ковид-19 во болница беше пуштен дома, ја заинтригира јавноста кај нашиот северен сосед, но и …

Момче од Ниш по 42 дена во болница на кислород со Ковид-19 замина дома Read More »

Во Мексико од 2000 година убиени се над 130 новинари


Во Мексико во изминатите четири дена убиени се двајца новинари, изјави претставникот на  Комитетот за заштита на новинари, Алберт Хутсен. Тој додаде дека фоторепортерот Алфредо Кардосо, кој беше хоспитализиран откако беше застрелан во Акапулко, починал. Во соопштението на Обвинителството се наведува дека Кардосо, кој работел на информативен портал, бил префрлен во болница откако бил пронајден …

Во Мексико од 2000 година убиени се над 130 новинари Read More »

Интензивно се чисти низ Аеродром


Денеска, на социјалните мрежи Општина Аеродром се пофали дека интензивно се чисти на неколку локации низ општината. – Се интензивира работата на сезонските работници. Утрово засилено се работи на три локации во општината, поточно во Мичурин, Стар Аеродром и во Реонски центар. Се чистат патеките покрај булеварот „Видео Смилевски–Бато“, се собираат лисјата покрај улицата „Симеон …

Интензивно се чисти низ Аеродром Read More »

Скопјанец под истрага за две разбојништва


Против 21-годишен скопјанец ќе се спроведе истражна постапка поради основано сомнение дека сторил две кривични дела разбојништва. Тој на 17 септември, заканувајќи се со пиштол, одзел 101.000 денари од обложувалница на улицата „Финска“ во Скопје, а на 27 октомври влегол во продавницата „М-Кеш“ на улицата „Методија Андонов Ченто“ и одзел метална каса во која имало …

Скопјанец под истрага за две разбојништва Read More »