Без вода дел од Чаир и Центар


Прекин на водоснабдувањето од 11.30 часот ќе имаат дел од корисниците во општините Чаир и Центар. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради уличен дефект 5/4 на улица „Џон Кенеди“ број 58, а со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од улиците „Џон Кенеди“, „Јоаким Крчовски“, „Банатска“ …

Без вода дел од Чаир и Центар Read More »

Белорусија ја предупреди Полска да не користи провокации на границата


Белоруските власти денеска ја предупредија Полска да не „користи провокации“ на границата, каде неколку илјади мигранти чекаат да влезат на територијата на Европската унија (ЕУ) додека на границата се распоредени полски војници. Минск и Варшава веќе неколку недели се во спор околу мигрантското прашање, додека ЕУ го обвини белорускиот претседател Александар Лукашенко дека организирал бран мигранти, главно од Блискиот Исток, како одговор на …

Белорусија ја предупреди Полска да не користи провокации на границата Read More »

Во Хрватска уште 59 жртви на корона вирусот


Денеска во Хрватска се забележани 4.966 новозаразени со корона вирусот, а уделот на заболеени од вкупно тестирани е 38,42 отсто. Вчера тој процент беше 33,54 отсто. Сепак, минатата недела се искачуваше и до 46 отсто. Вкупно активни се 30.381 случај. Од нив 1.952 пациенти се на болничко лекување, а 253 пацинети се на репсиратор. Воедно …

Во Хрватска уште 59 жртви на корона вирусот Read More »

Рама предупредува: ЕУ треба да биде внимателна, Западен Балкан не е во добра фаза


Премиерот на Албанија Еди Рама оцени дека Западен Балкан не е во добра фаза, а поради тоа ЕУ треба да биде внимателна. Тој во интерјву за грчка „Та неа“, вели не се плаши од дестабилизација. „И политичките фактори внатре во Западен балкан, и во Европската унија, мора да бидат внимателни. Симптомите од овој вид не …

Рама предупредува: ЕУ треба да биде внимателна, Западен Балкан не е во добра фаза Read More »

Во БиХ пропаднаа повеќе од 600.000 вакцини


Иако надлежните често истакнуваат дека вакцинацијата претставува најдобро оружје во борба против Ковид-19, во БиХ досега им истече рокот на повеќе од половина милион вакцини. Имено, во БиХ во моментот повеќе од 600.000 вакцини против корона чекаат да бидат уништени, а евидентно најголем број однив се од „АстраЗенека“. Според лекарите, една од причините зошто толкав …

Во БиХ пропаднаа повеќе од 600.000 вакцини Read More »

Општина Аеродром ќе исплати субвенции и парична помош по конечното завршување на изборите


На граѓаните кои аплицирале за субвенции за велосипеди, како и за парична помош за првачиња и новороденчиња, средствата ќе им бидат исплатени веднаш по конечното завршување на локалните избори, информираат од Општина Аеродром. Граѓаните чии барања се прифатени на последниот јавен повик за субвенции за велосипеди ќе добијат поврат на средствата во износ од 50 …

Општина Аеродром ќе исплати субвенции и парична помош по конечното завршување на изборите Read More »

Царовска во Краков: Училиштето е вистинското место каде од најрана возраст се учат и развиваат позитивните вредности


Министерката за образование и наука Мила Царовска на симпозиум во Краков, Полска, посветен на антисемитизмот, во организација на Европската еврејска асоцијација, истакна дека секоја генерација треба да се насочува кон стекнување вистински етички, морални и човечки вредности и кон препознавање на негативните општествени појави како дискриминација, омраза и нетолеранција, за да не дојде до нови …

Царовска во Краков: Училиштето е вистинското место каде од најрана возраст се учат и развиваат позитивните вредности Read More »

ПОЦ, покрај паркирањето, и ќе ја чисти Општина Центар


Јавното претпријатие Паркинзи на Општина центар, треба да почне со новата дејност, одржување на хигиената, а за таа цел средба остварија Горан Герасимовски градоначалникот на општина Центар со Васко Кичевски, директорот на ЈП „Паркинзи на општина Центар“ Неколкупати досега беше најавено дека ЈП ПОЦ, настрана од дејноста за,организирање, управување, уредување и одржување на јавните,паркиралишта ќе …

ПОЦ, покрај паркирањето, и ќе ја чисти Општина Центар Read More »

Литванија воведува вонредна состојба на границата со Белорусија


Владата на Литванија одобри воведување на вонредна состојба во регионите кои се граничат со Белорусија. „Одлуката е донесена со оглед на влошувањето на ситуацијата во пограничните региони, поради што е доставена во парламентот за одобрување“, изјави литванската премиерка Ингрида Симоните, а пренесува руската агенција Тас. Според преглогот на литванското министерство за внатрешни работи, вонредната состојба …

Литванија воведува вонредна состојба на границата со Белорусија Read More »

Од 15 ноември задолжително носење зимска опрема


Од 15 ноември до 15 март е периодот на задолжително носење зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи (Службен весник бр. 31 од 2010 година). Како зимска …

Од 15 ноември задолжително носење зимска опрема Read More »

ЕМА ги прегледува податоците за лекот против Kовид на „Мерк“


Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера почна да ги разгледува податоците поврзани со таблетата Мерк за лекување на Ковид-19 за да може што е можно побрзо да даде мислење до здравствените власти на 27-те членки кои сакаат да почнат со примена пред официјално одобрување. ЕМА во соопштението информира дека ќе даде „препораки низ ЕУ што …

ЕМА ги прегледува податоците за лекот против Kовид на „Мерк“ Read More »

Верстапен: Нè чека тешка борба на Големата награда на Бразил


Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изјави дека по победата на Големата награда на Мексико, тимот треба да остане фокусиран и да се подготви за етапата во Бразил, бидејќи патеката во Сао Паоло не би требало да одговара на Ред Бул толку добро во споредба со болидите на Мерцедес. – Да, сега ситуацијата во шампионатот …

Верстапен: Нè чека тешка борба на Големата награда на Бразил Read More »

Отворен ден на УКИМ за претставување на студиските програми


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј-Скопје на 30 ноември ќе организира „Отворен ден на УКИМ” онлајн преку платформата Мајкрософт тимс (http://www.ukim.edu.mk/otvoren-den). – Целта на настанот е идните студенти на УКИМ да ги запознаат  одблиску професорите и студентите, да прашаат сè што ги интересира за студиските програми, за можностите за стипендирање, да ги слушнат искуствата на студентите, нивните …

Отворен ден на УКИМ за претставување на студиските програми Read More »

„Вирџин галактик“ продаде стотина карти за патување во вселената по 450.000 долари


  Компанијата за вселенски патувања „Вирџин галактик“ во понеделникот објави дека од август продала околу сто карти за патувања во вселената по цена од 450.000 долари. Претходно компанијата севкупно продаде околу 600 резервации по дена од 200.000 до 250.000 долари. „Новата цена е „добро прифатена“, соти во соопштението во кое се потсетува дека целта е …

„Вирџин галактик“ продаде стотина карти за патување во вселената по 450.000 долари Read More »

Извршниот и Централниот одбор на СДСМ ќе расправаат за актуелните политички случувања


 Најавената оставка на премиерот и лидер на Социјалдемократскиот сојуз Зоран Заев, анализа на изборните резултати и последните случувања на политичката сцена по поднесената иницијатива за доверба на Владата, се очекува да бидат теми на вечерашните состаноци на највисоките тела на владејачкиот СДСМ. Од партијата потврдуваат дека за вечер во 18 часот е закажана седница на …

Извршниот и Централниот одбор на СДСМ ќе расправаат за актуелните политички случувања Read More »

Четири бебиња починаа во пожар во болница во индискиот град Бопал


Четири од 40 бебиња сместени во државната болница во Бопал, во централна Индија, починале откако пожар го зафатил Одделот за неонатологија, соопштија владини претставници. Британските медиуми пренесуваат дека е ова последен во серијата пожари во индиските болници, од кои само годинава загинаа десетици пациенти. -Другите бебиња во болницата „Камла Нехру“ во државата Маџа Прадеш, од …

Четири бебиња починаа во пожар во болница во индискиот град Бопал Read More »

РЕК Битола повторно произведува струја, во тек ремонт на Блок 2


РЕК Битола е ставен во функција и продолжува со производство на електрична енергија. Синоќа во три часот по полноќ Блок 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија, соопштија денеска од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Оттаму истакнуваат дека продолжуват активностите за ставање во функција и на Блок 2 кој беше во ремонт. …

РЕК Битола повторно произведува струја, во тек ремонт на Блок 2 Read More »

Владата треба да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор


Владата, според најавите, денеска на седница треба да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор за да се вбризгаат  буџетски средства директно во енергетските компании. Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека ќе и се предложи  на Владата да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор, како и дека има средства за да се интервенира, а во …

Владата треба да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор Read More »

Во Нигер се запали училиште од слама и дрво, изгореа 24 ученици


Најмалку 24 ученици загинаа во пожар во нигериско училиште изградено од дрво и слама кога се запалиле три училници во градот Маради на југот на земјата денеска попладне, соопшти гувернерот Чаибу Абубакар. Околу 80 девојчиња и момчиња се добиле со тешки изгореници, додаде гувернерот. За сега не е позната причината за пожарот. Во земјата нема …

Во Нигер се запали училиште од слама и дрво, изгореа 24 ученици Read More »

Како би изгледал крајот на пандемијата?


Епидемијата од корона вирус ќе потрае. Малку е веројатно дека САД, но и светот ќе можат во потполност да го елиминираат корона вирусот, пишува Си-ен-ен. Но, ќе дојде ден кога веќе нема да има пандемија, кога случаите веќе нема да излегуваат од контрола, а болниците нема да бидат изложени на ризик од пренатрупаност. Многу стручњаци …

Како би изгледал крајот на пандемијата? Read More »