Трамп го намали приемот на бегалци во САД на историски најниско ниво – само 7.500 за 2026 година


Американскиот претседател Доналд Трамп постави лимит од 7.500 луѓе што ќе бидат примени да аплицираат за азил во САД за фискалната 2026 година. Ова е најмалата бројка во историјата откако се води статистика за овој показател. Фиксниот плафон поставен од Трамп може да се види во документ објавен денеска од Белата куќа. Досега САД на …

Трамп го намали приемот на бегалци во САД на историски најниско ниво – само 7.500 за 2026 година Read More »

Нема втор дуел меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ. Орце го откажа соочувањето на Телма


  Кандидатите за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кои в недела ќе се соочат на избори во вториот круг, денеска нема да ги видиме на уште една ТВ дебата, која требаше да биде на Телма – Ѓорѓиевски закажа митинг во Скопје, а Мециновиќ по вторпат ќе маршира од Ѓорче Петров до Ново Лисиче.   …

Нема втор дуел меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ. Орце го откажа соочувањето на Телма Read More »

Словенија ја праќа армијата во Ново Место по убиството на угостителот


По трагичниот настан во Ново Место, во кој животот го загуби 48-годишен маж, словенечките власти ги засилија безбедносните мерки во областа Долењск. Голем број полицајци беа распоредени на терен, а членовите на Секретаријатот на Советот за национална безбедност се согласија да активираат мешани патроли на словенечката полиција и армија. Армијата ќе ја поддржува полицијата со …

Словенија ја праќа армијата во Ново Место по убиството на угостителот Read More »

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа


Германскиот канцелар Фридрих Мерц на заедничка прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Германија ја поддржува европската перспектива на Турција, но само ако Анкара ги исполни Копенхашките критериуми – владеење на правото, човекови права и функционална пазарна економија. Ердоган одговори дека, покрај тие, постојат и „Критериуми од Анкара“, додавајќи дека Турција е демократска …

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа Read More »

Неизвесно продолжението на Светскиот куп во скијање – нема снег


 Неочекувани проблеми на стартот од сезоната во Светскиот куп во скијање. Изминатиов викенд се одржаа првите две трка – велеслалом (мажи и жени). Како што е познато стартот на сезоната е во Зелден и тоа е последниот викенд во октомври. Но, по трките во Зелден неизвесно е како ќе продолжи сезоната. Планирани се трки во …

Неизвесно продолжението на Светскиот куп во скијање – нема снег Read More »

(Видео) Река студенти се упатија кон Нови Сад – Вучиќ со потценување: Има некој натпревар?


Денеска, студенти од сите делови на Србија се упатија кон Нови Сад, каде што ќе се одржи комеморативен состанок на 1 ноември, годишнината од падот на настрешницатабалдахинот. Објавени се и фотографии од Белград, од каде што студентите ќе пешачат 80 километри до Нови Сад. Почетокот на митингот во Нови Сад најавен е за сабота во …

(Видео) Река студенти се упатија кон Нови Сад – Вучиќ со потценување: Има некој натпревар? Read More »

Досега, никој не се разболел заради несобраното ѓубре во Скопје


Досега не се забележани некои заболувања што се директно поврзани со насобраниот смет во Скопје, но треба да се внимава посебно во овој период, додека не се расчисти сметот, порача доктор Драган Кочински, епидемиолог, раководител на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје. -Се препорачува често миење на рацете, посебно кога се оди да …

Досега, никој не се разболел заради несобраното ѓубре во Скопје Read More »

Д-р Кочински: Граѓаните може паралелно да се тестираат за грип и за Ковид-19


Граѓаните во земјава може паралелно да се тестираат и за грип и за Ковид-19, бидејќи Институтот за јавно здравје располага со потребните реагенси, изјави попладнево д-р Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје. „Опремени сме со реагенси и луѓето може да се тестираат паралелно и за грип и …

Д-р Кочински: Граѓаните може паралелно да се тестираат за грип и за Ковид-19 Read More »

Гутереш му честиташе на Ерхурман: Очекувам да соработуваме за постигнување трајно решение за Кипар


Со нетрпение очекувам да соработувам со Вас за постигнување трајно решение за Кипар, му напишал генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш на лидерот на кипарските Турци Туфан Ерхерман во писмото со честитка за неговата победа на изборите, информираа од кабинетот на Ерхерман. Гутереш во писмото ја реафирмирал неговата „цврста посветеност на безбедноста и благосостојбата …

Гутереш му честиташе на Ерхурман: Очекувам да соработуваме за постигнување трајно решение за Кипар Read More »

Александар Јовановски е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“


Александар Јовановски на позицијата директор на Комунална хигиена Скопје доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за инспекторат, а претходно искуство има и во Секторот за локален економски развој. Александар има повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица, а со работен ангажман во Здружение за заштита и унапредување на …

Александар Јовановски е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“ Read More »

Украдени три бронзени бисти од гробиштата „Бутел“


Три бронзени бисти биле украдени од градските гробишта во Бутел во текот на изминатите месеци.  Вчера во 12:00 часот во СВР Скопје, Д.В.(79) од Скопје пријави дека во периодот од месец мај 2025 до 26.10.2025 на градските гробишта Бутел од гробно место биле одземени две бронзени бисти. Исто така, Б.В.(41) од Скопје пријави дека во …

Украдени три бронзени бисти од гробиштата „Бутел“ Read More »

ЈП „Комунална хигиена“ на крај со резервите нафта: Арсовска да назначи в.д. директор!


Од Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“ бараат градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска  да назначи в.д. директор затоа што претпријатието има мали резерви на нафта. Во прилог ургенцијата од нив: „Почитувана г-ѓо Арсовска, Како Управен одбор на ЈП Комунална хигиена – Скопје ве информираме дека, спротивно на вашите тврдења, сите ингеренции и надлежности за …

ЈП „Комунална хигиена“ на крај со резервите нафта: Арсовска да назначи в.д. директор! Read More »

МОН и ИНОФЕИТ ќе ги обучуваат наставниците за дигитални вештини, со фокус на ВИ


Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје се приклучува кон заложбите на Министерството за образование и наука за унапредување на дигиталните компетенции на наставниот кадар, поттикнување на иновативни педагошки практики и одговорна употреба на генеративната вештачка интелигенција во наставниот процес. Двете страни денес потпишаа меморандум …

МОН и ИНОФЕИТ ќе ги обучуваат наставниците за дигитални вештини, со фокус на ВИ Read More »

Трипуновски: Килограм свежо македонско овошје неделно ќе добива секое дете во детските градинки


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети детската градинка „Срничка” во општина Аеродром. Согласно Програмата за поттикнување на потрошувачка на свежо овошје за 2025 година, објавена во Службен весник бр. 27/2025 од 07.02.2025 година, околу 38.000 деца од сите градинки во државата ќе добиваат домашно и квалитетно овошје. Издвоени се 40 милиони …

Трипуновски: Килограм свежо македонско овошје неделно ќе добива секое дете во детските градинки Read More »

Телевизорот уште е главен извор на информации


Традиционални медиуми, како ТВ станици, весници и радио станици се уште се најмногу користени за секојдневно следење содржини за општествено-политички актуелни настани – две третини од граѓаните на ЕУ (66%), иако и другите дигитални извори, како социјални медиуми, видео или платформи за стриминг, блогови, онлајн портали за вести се изеденачуваат и рекле дека ги користат …

Телевизорот уште е главен извор на информации Read More »

Лани сме увезле 65,5 отсто од потребната енергија


Лани (2024г.) 65,5 % од вкупната потребна енергија во земјава е обезбедена преку увоз, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупната потребна енергија во 2024 година изнесувала 2.541.849 тони нафтени еквиваленти (toe). Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаат нафтените продукти со 44,7 % и цврстите горива со 24,9 %. Исто така лани, бруто-примарното …

Лани сме увезле 65,5 отсто од потребната енергија Read More »

Колапс на целата автомобилска индустрија на повидок?


Европските производители на автомобили предупредија дека доколку не се најде решение, ќе бидат принудени да го запрат производството во рок од неколку дена поради влошување на недостигот на полупроводници откако Кина го забрани извозот на чипови произведени од Nexperia. Гардијан објавува дека Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), чии членови се Volkswagen, Stellantis, Peugeot …

Колапс на целата автомобилска индустрија на повидок? Read More »

Здружение на пензионери во Центар: Се надеваме дека одличната соработка со Герасимовски ќе продолжи


Здружението на пензионери на Општина Центар изрази надеж дека добрата соработка со актуелниот градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, ќе продолжи и во иднина. Тие информираат дека на вчерашната средба размениле повеќе идеи и предлози за подобрување на условите за пензионерите во општината. На својот официјален Фејсбук-профил, здружението напиша: „Денес градоначалникот на Општина Центар беше во …

Здружение на пензионери во Центар: Се надеваме дека одличната соработка со Герасимовски ќе продолжи Read More »

Зголемен број заболени од грип во споредба со минатата сезона, пад во однос на претходната недела


Во текот на 43. недела од 2025 година – од 20 до 26 октомври, во земјава се евидентирани  56 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, што претставува намалување од 32,5 отсто во споредба со минатата недела, соопштија денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). – За споредба, во …

Зголемен број заболени од грип во споредба со минатата сезона, пад во однос на претходната недела Read More »

Утрово минусни температури во Берово и Струмица


Најстудено утрово е во Берово, -2 степени Целзиусови, а максимални 6 степени се измерени во Крушево. Според Управата за хидрометеоролошки работи, во 8:30 часот -1 степен е измерен во Струмица, 0 во Битола, Тетово и Демир Капија, 1 во Скопје–Петровец и Крива Паланка, 2 во Лазарополе, Прилеп, Куманово, Велес и Гевгелија, 3 во Штип, Кавадарци, …

Утрово минусни температури во Берово и Струмица Read More »