ФИФА му изрече суспензија од еден натпревар на Роналдо


Дисциплинската комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) му изрече денеска суспензија од еден натпревар на португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо поради црвениот картон што го доби на натпреварот против Ирска во квалификациите за Светското првенство 2026. Роналдо беше исклучен откако го удри со лакт домашниот дефанзивец Дара О’Ши во 61. минута од натпреварот. Португалската ѕвезда се …

ФИФА му изрече суспензија од еден натпревар на Роналдо Read More »

Почна расчистувањето на брегот на велешко езеро Младост – следува и ревитализација


Согласно планот за спас и ревитализација на велешкото езеро Младост почна расчистувањето на брегот на езерото од другата страна од кај Отовичка плажа, од каде механички со булдожер се собираат наслагите од сува трска и скапани дрвја покрај брегот и од крајбрежјето на езерото, како и од купишта од земја покрај самото езеро. -Работите ги …

Почна расчистувањето на брегот на велешко езеро Младост – следува и ревитализација Read More »

Сиљановска-Давкова: Фемицидот е еден од најтешките општествени проблеми со коишто сме соочени


Фемицидот е последица на насилство коешто се случувало во континуитет, а не било превенирано или санкционирано, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето на панел-дискусијата насловена „Од пријавување на насилството до спречување на фемицид – системски одговор“, организирана од мисијата на ОБСЕ во Скопје. Таа, како што се наведува во соопштенето од претседателскиот Кабинет, истакнала …

Сиљановска-Давкова: Фемицидот е еден од најтешките општествени проблеми со коишто сме соочени Read More »

Макрон: Конечно има шанса за вистински напредок кон траен мир во Украина


Францускиот претседател, Емануел Макрон, на почетокот на денешната видеоконференција на „Коалицијата на подготвените“ изјави дека „конечно има шанса да се постигне вистински напредок кон траен мир во Украина“. „Но, најважниот услов за вистински мир е серија многу робусни безбедносни гаранции, а не само гаранции на хартија“, предупреди францускиот претседател, пренесен од BFM TV. Макрон додаде …

Макрон: Конечно има шанса за вистински напредок кон траен мир во Украина Read More »

Шестмина македонски кикбоксери изборија четвртфинале на СП


Шестмина македонски кикбоксери обезбедија пласман во четвртфиналето на Светското првенство за сениори во Абу Даби. Откако со вчерашните борби, место во четвртфиналето обезбедија Петре Велков и Силвио Мировски, пласман во борбите за влез во полуфиналето во денешните борби обезбедија, и Лука Кипровски, Стефан Михајловски и Нелсон Узеир, на кои ќе им се приклучи и Бобан …

Шестмина македонски кикбоксери изборија четвртфинале на СП Read More »

Научници: Најдлабоката промена во структурата на мозокот се случува од 32-годишна возраст


Група научници од Универзитетот во Кембриџ објавија истражување кое зборува за реконфигурацијата на невронските патишта во човечкиот мозок во текот на животот. Истражувањето објавено во вторник во списанието Nature Communications објасни како овие структури се организирани со текот на времето и идентификуваше пет возрасти на човечкиот мозок – односно пет различни периоди на невронски развој. …

Научници: Најдлабоката промена во структурата на мозокот се случува од 32-годишна возраст Read More »

Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток


По неколкумесечен застој, повторно се работи на една од најстратегиските сообраќајни точки во Скопје, место каде што се спојуваат неколку клучни градски правци. Во тек е изградбата на атмосферска канализација Ф1200 на булевар „Никола Карев“ во должина од 550 метри, од мостот на Серава до булевар „Словенија“. Паралелно, се гради и новиот мост на Серава …

Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток Read More »

Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште


Владата на денешната 131 седница постапи по известувањето на ДИК за завршување на локалните избори 2025 година за избор за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје. Во врска со условот од член 132 став 2 од Изборниот законик за избор на градоначалници …

Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште Read More »

„Лајка“ со апел: Донирајте топли подлоги за кучињата во прифатилиштето


ЈП Лајка има потреба од ќебиња, дебели престилки, чаршафи, јамболии, черги или други топли подлоги за кучињата кои го поминуваат хуманиот третман и транзитираат постојано во прифатилиштето, информираат од претпијатието.  – Секој од нас во својот дом има застарени ќебиња, па наместо да завршат во отпад, направете хумано дело и донирајте ги за кучињата згрижени …

„Лајка“ со апел: Донирајте топли подлоги за кучињата во прифатилиштето Read More »

Зајкова назначена за шефица на набљудувачката мисија на ПС на ОБСЕ на предвремените парламентарни избори во Киргистан


Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, е назначена за шефица на делегацијата на набљудувачи на Парламентарното собрание (ПС) на ОБСЕ на претстојните предвремени парламентарни избори во Киргистан, закажани за 30-ти ноември. Зајкова, која воедно е и шефица на македонската парламентарна делегација која ќе ги набљудува изборите, ќе ја извршува …

Зајкова назначена за шефица на набљудувачката мисија на ПС на ОБСЕ на предвремените парламентарни избори во Киргистан Read More »

(Видео) Голем пожар во магацин во Лондон – 150 пожарникари на терен


Голем пожар избувна во зграда во магацин во западен Лондон во четврток наутро, при што околу 150 пожарникари се бореа со огнот. 25 противпожарни возила беа испратени за интервенција на Бриџ Роуд во областа Саутхол, а причината за пожарот сè уште е непозната, објавува Sky News. 🚨BREAKING: MULTIPLE EXPLOSIONS HEARD AND HUGE FIRE BREAKS OUT …

(Видео) Голем пожар во магацин во Лондон – 150 пожарникари на терен Read More »

Над 3.000 млади добија по најмалку 10.000 евра од државата за отворање сопствен бизнис


Денеска на околу 3.000 млади лица им беа доделени договори за помош и поддршка при отворање сопствен бизнис во висина од 10.000 односно 20.000 евра ако се здружат во ДОО, а дополнително, на планираната сума, обезбедени се уште 300 милиони денари. – Како Влада, силно веруваме дека економијата расте тогаш кога граѓаните имаат поддршка да …

Над 3.000 млади добија по најмалку 10.000 евра од државата за отворање сопствен бизнис Read More »

Општина Кисела Вода урна дивоградба во населбата 11 Октомври


Општина Кисела Вода денеска  уриваше дивоградба во населбата „11 Октомври“ по донесено решение за отстранување на објект кој не поседува соодветни технички акти. Станува збор за поранешен деловен објект во сопственост на ГП „Пелагонија 5 – Градилиште механизација“ во стечај, за кој не постои потребната техничка документација и кој никогаш не бил евидентиран во Агенцијата …

Општина Кисела Вода урна дивоградба во населбата 11 Октомври Read More »

Судот го одложи утрешното рочиште за „Пулс“ за 2 декември – нема обвинение по кое може да се изјаснат за вина


Судијката Диана Груевска-Илиевска, која претседава со Судечкиот совет во судскиот процес за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“, го отповика рочиштето закажано за утре и следното го закажа на 2 декември. Причината за тоа е што дел од обвинетите го немаат добиено интегрираното обвинение и не може да се произнесат за вина, ниту, пак, нивните адвокати …

Судот го одложи утрешното рочиште за „Пулс“ за 2 декември – нема обвинение по кое може да се изјаснат за вина Read More »

Пријава против поранешниот градоначалник на Кичево, постапувал спротивно на законот за пожарникарство


  ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д. (51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичниот законик.   Тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа …

Пријава против поранешниот градоначалник на Кичево, постапувал спротивно на законот за пожарникарство Read More »

Во антитерористичка акција во Албанија уапсени две лица, запленети оружје, муниција и знамиња на ИСИС


Албанската полиција по 12-часовната операција, која наиде на отпор од две лица осомничени за извршување терористички акти, ги уапси истите а во објектот каде се криеле открила и оружје, муниција и знамиња на терористичката организација ИСИС, објави Топ чанел, повикувајќи се на полициско соопштение. Во акцијата „Орош“ спроведена во селото Орош, кај Мердита во северниот …

Во антитерористичка акција во Албанија уапсени две лица, запленети оружје, муниција и знамиња на ИСИС Read More »

Управувањето со климатските ризици и зелените финансии е во рана фаза, потребен е позелен и одржлив финансиски сектор


 Само пет проценти од компаниите во земјава имаат планови за справување со климатските ризици, а управувањето со климатските ризици и зелените финансии е во рана фаза, покажува едно неодамнешно истражување спроведено од страна на Народната банка и Европската инвестициска банка. Проценките на Светска банка се дека во изминатите 20 години климатските промени во Северна Македонија …

Управувањето со климатските ризици и зелените финансии е во рана фаза, потребен е позелен и одржлив финансиски сектор Read More »

Вучиќ: Ако Русите не го продадат НИС за 50 дена, ќе воведеме принудна администрација


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека, доколку САД не одобри нова лиценца за Нафтена индустрија на Србија (НИС), и доколку стапат во сила секундарни санкции против Народната банка на Србија и комерцијалните банки, последиците, покрај прекините во снабдувањето со гориво, ќе вклучуваат и прекин на плаќањата, плаќањата со картички, па дури и прекин на …

Вучиќ: Ако Русите не го продадат НИС за 50 дена, ќе воведеме принудна администрација Read More »

Судење за „Пулс“: Дел од одбраната реагира дека го немаат добиено изменетото обвинение, а од нив се очекува да дадат воведни зборови


Судот даде половина час пауза на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени, откако одбраната на дел од обвинетите, пред почетокот на денешното рочиште, реагираше до Судот дека го немаат добиено изменетото обвинение, а од нив се очекува да дадат …

Судење за „Пулс“: Дел од одбраната реагира дека го немаат добиено изменетото обвинение, а од нив се очекува да дадат воведни зборови Read More »

Претреси кај поранешни заменик-министер за земјоделство и директор на Агенцијата за стокови резерви


Полицијата, по налог на обвинител, денеска изврши серија претреси во домови и други простории во Скопје, Куманово и Тетово со цел да прибере докази за извршени злоупотреби со државните стокови резерви. Пет лица, меѓу кои и еден заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, се осомничени дека во текот на 2021 и 2022 година, злоупотребувајќи ја …

Претреси кај поранешни заменик-министер за земјоделство и директор на Агенцијата за стокови резерви Read More »