Жителка на Липково измамена за 165.000 денари за наводно вработување во Швајцарија


Дваесет и четиригодишна жителка на Липково, пријавила во полицијата дека била измамена за 165.000 денари од жител на таа општина за вработување во Швајцарија. Откако му ги дала парите, таа веќе не можела да стапи во контакт со него. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Силен ветер одложи и пренасочи неколку летови на скопскиот аеродром


Силниот ветер и лошите временски услови синоќа повторно го нарушија авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје, што доведе до одложување и пренасочување на неколку летови. Според првичните информации, најмалку два авиолета – од Истанбул и од Венеција – не успеале безбедно да се приближат до пистата и биле пренасочени кон аеродромот во Приштина. Летот од Франкфурт, …

Силен ветер одложи и пренасочи неколку летови на скопскиот аеродром Read More »

Тренд да се напуштаат кучиња! – „Лајка“ повикува на одговорност кај сопствениците на миленици


Се забележува континуиран и загрижувачки тренд на кучиња пронајдени на улица со активен микрочип, односно со јасно идентификувани сопственици. И покрај тоа, дел од сопствениците одбиваат да ги преземат своите кучиња, оставајќи ги во ЈП „Лајка“ и создавајќи дополнителен притисок врз капацитетите на прифатилиштето.   Ова се само девет од кучињата заловени во последниот период, …

Тренд да се напуштаат кучиња! – „Лајка“ повикува на одговорност кај сопствениците на миленици Read More »

Целосно ќе се реконструираат Спортската сала „Сашо Лазаров – Чапо“ и салата за гимнастички спортови „Партизан“ во Кочани


Спортската сала „Сашо Лазаров – Чапо“ и Салата за гимнастички спортови „Партизан“ ќе бидат целосно реконструирани во текот на наредната 2026 година, најавува администрацијата на Општина Кочани. Ова, како што велат, е резултат на вчерашната средба во Скопје помеѓу претседателот на Општинскиот совет, Александар Андов и секретарот на Општината, Драган Ананиев, со министерот за спорт, …

Целосно ќе се реконструираат Спортската сала „Сашо Лазаров – Чапо“ и салата за гимнастички спортови „Партизан“ во Кочани Read More »

Хамас размислува за распуштање на вооруженото крило и влегување во политиката


Саудискиот весник „Ашарк ал Авсат“, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека палестинското милитантно движење Хамас, како во Појасот Газа така и во странство го разгледува предлогот за распуштање на военото крило и трансформација во политичка организација. Според весникот, Хамас предвидува да стане политичка организација вклучена во јавниот, економскиот и општествениот живот и да се …

Хамас размислува за распуштање на вооруженото крило и влегување во политиката Read More »

Унгарската Влада не ги демантира извештаите за претстојно патување на Орбан во Москва


 Унгарската Влада не ги демантира извештаите дека премиерот Виктор Орбан повторно ќе отпатува во посета на Москва оваа недела, пишува Hang.hu, повикувајќи се на истражувачки новинар. Како одговор на прашањата за патувањето, Информативниот центар на Владата (КТК) соопшти: „Како и обично, јавноста ќе биде информирана за странските посети на премиерот навремено“. КТK одговори на објавата …

Унгарската Влада не ги демантира извештаите за претстојно патување на Орбан во Москва Read More »

Турција приведе над 400 осомничени во серија големи операции против кибер криминал


Турските власти приведоа вкупно 429 осомничени во серија големи операции за кибер криминал спроведени во текот на изминатите 10 дена, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на својот профил на Икс. Во објавата на Јерликаја се вели дека 354 осомничени се приведени во рации спроведени во 35 од провинциите во земјата во текот …

Турција приведе над 400 осомничени во серија големи операции против кибер криминал Read More »

Ако фрлите опушок од цигара на улица во најчистиот град во светот, ќе бидете казнети со 200 евра


Ако фрлите ситен отпад, како што е опушок од цигара, на јавна површина, ќе бидете казнети со 300 сингапурски долари, или околу 200 евра. И тоа е само за првиот прекршок. Ако бидете фатени во истиот прекршок, казните можат да достигнат и до неколку илјади евра. Сингапур често се нарекува најчист град во светот. Ова …

Ако фрлите опушок од цигара на улица во најчистиот град во светот, ќе бидете казнети со 200 евра Read More »

Што исфрли морето кај Дубровник?


Хрватскиот портал 24сата објави фотографии од крајбрежјето на Дубровник пишувајќи дека морето донело тони ѓубре. Веднаш нагрнаа коментарите на социјалните мрежи. Жителите на Дубровник ги фотографираат и снимаат тажните сцени од познатата плажа, но не се изненадени од оваа сцена бидејќи се повторува со години. Како што објави „Дубровачки дневник“, ова е проблем што се …

Што исфрли морето кај Дубровник? Read More »

Иако се шампиони на Македонија, Шкендија пред дуелот со Дрита се претстави како албански клуб


Екипата на Шкендија в четврток ја чека натпреварот против Дрита во рамките од Конференциската лига, а овој натпревар тетовскиот клуб го најави како да доаѓа од Албанија, а не од Македонија. Шкендија како шампион на Македонија доби право да учествува во Европа, меѓутоа тие во најавата воопшшто не ја споменуваат земјата од каде доаѓаат и …

Иако се шампиони на Македонија, Шкендија пред дуелот со Дрита се претстави како албански клуб Read More »

ФИФА му изрече суспензија од еден натпревар на Роналдо


Дисциплинската комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) му изрече денеска суспензија од еден натпревар на португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо поради црвениот картон што го доби на натпреварот против Ирска во квалификациите за Светското првенство 2026. Роналдо беше исклучен откако го удри со лакт домашниот дефанзивец Дара О’Ши во 61. минута од натпреварот. Португалската ѕвезда се …

ФИФА му изрече суспензија од еден натпревар на Роналдо Read More »

Почна расчистувањето на брегот на велешко езеро Младост – следува и ревитализација


Согласно планот за спас и ревитализација на велешкото езеро Младост почна расчистувањето на брегот на езерото од другата страна од кај Отовичка плажа, од каде механички со булдожер се собираат наслагите од сува трска и скапани дрвја покрај брегот и од крајбрежјето на езерото, како и од купишта од земја покрај самото езеро. -Работите ги …

Почна расчистувањето на брегот на велешко езеро Младост – следува и ревитализација Read More »

Сиљановска-Давкова: Фемицидот е еден од најтешките општествени проблеми со коишто сме соочени


Фемицидот е последица на насилство коешто се случувало во континуитет, а не било превенирано или санкционирано, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето на панел-дискусијата насловена „Од пријавување на насилството до спречување на фемицид – системски одговор“, организирана од мисијата на ОБСЕ во Скопје. Таа, како што се наведува во соопштенето од претседателскиот Кабинет, истакнала …

Сиљановска-Давкова: Фемицидот е еден од најтешките општествени проблеми со коишто сме соочени Read More »

Макрон: Конечно има шанса за вистински напредок кон траен мир во Украина


Францускиот претседател, Емануел Макрон, на почетокот на денешната видеоконференција на „Коалицијата на подготвените“ изјави дека „конечно има шанса да се постигне вистински напредок кон траен мир во Украина“. „Но, најважниот услов за вистински мир е серија многу робусни безбедносни гаранции, а не само гаранции на хартија“, предупреди францускиот претседател, пренесен од BFM TV. Макрон додаде …

Макрон: Конечно има шанса за вистински напредок кон траен мир во Украина Read More »

Шестмина македонски кикбоксери изборија четвртфинале на СП


Шестмина македонски кикбоксери обезбедија пласман во четвртфиналето на Светското првенство за сениори во Абу Даби. Откако со вчерашните борби, место во четвртфиналето обезбедија Петре Велков и Силвио Мировски, пласман во борбите за влез во полуфиналето во денешните борби обезбедија, и Лука Кипровски, Стефан Михајловски и Нелсон Узеир, на кои ќе им се приклучи и Бобан …

Шестмина македонски кикбоксери изборија четвртфинале на СП Read More »

Научници: Најдлабоката промена во структурата на мозокот се случува од 32-годишна возраст


Група научници од Универзитетот во Кембриџ објавија истражување кое зборува за реконфигурацијата на невронските патишта во човечкиот мозок во текот на животот. Истражувањето објавено во вторник во списанието Nature Communications објасни како овие структури се организирани со текот на времето и идентификуваше пет возрасти на човечкиот мозок – односно пет различни периоди на невронски развој. …

Научници: Најдлабоката промена во структурата на мозокот се случува од 32-годишна возраст Read More »

Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток


По неколкумесечен застој, повторно се работи на една од најстратегиските сообраќајни точки во Скопје, место каде што се спојуваат неколку клучни градски правци. Во тек е изградбата на атмосферска канализација Ф1200 на булевар „Никола Карев“ во должина од 550 метри, од мостот на Серава до булевар „Словенија“. Паралелно, се гради и новиот мост на Серава …

Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток Read More »

Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште


Владата на денешната 131 седница постапи по известувањето на ДИК за завршување на локалните избори 2025 година за избор за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје. Во врска со условот од член 132 став 2 од Изборниот законик за избор на градоначалници …

Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште Read More »

„Лајка“ со апел: Донирајте топли подлоги за кучињата во прифатилиштето


ЈП Лајка има потреба од ќебиња, дебели престилки, чаршафи, јамболии, черги или други топли подлоги за кучињата кои го поминуваат хуманиот третман и транзитираат постојано во прифатилиштето, информираат од претпијатието.  – Секој од нас во својот дом има застарени ќебиња, па наместо да завршат во отпад, направете хумано дело и донирајте ги за кучињата згрижени …

„Лајка“ со апел: Донирајте топли подлоги за кучињата во прифатилиштето Read More »

Зајкова назначена за шефица на набљудувачката мисија на ПС на ОБСЕ на предвремените парламентарни избори во Киргистан


Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, е назначена за шефица на делегацијата на набљудувачи на Парламентарното собрание (ПС) на ОБСЕ на претстојните предвремени парламентарни избори во Киргистан, закажани за 30-ти ноември. Зајкова, која воедно е и шефица на македонската парламентарна делегација која ќе ги набљудува изборите, ќе ја извршува …

Зајкова назначена за шефица на набљудувачката мисија на ПС на ОБСЕ на предвремените парламентарни избори во Киргистан Read More »