Меџити потврди дека Мухамед Хоџа ќе биде министер за екологија, а Беким Сали прв вицепремиер


 Еден од лидерите на ВРЕДИ и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска потврди дека поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа ќе биде министер за екологија, а актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали прв вицепремиер. Потенцира дека останува само да се дефинира Сали со кое Министерство ќе раководи. -Нема да има реконструкција, но …

Меџити потврди дека Мухамед Хоџа ќе биде министер за екологија, а Беким Сали прв вицепремиер Read More »

Студентите во блокада во Србија утре пред Ректоратот; 16 минути молчење и потсетување за неисполнетите барања


Студентите во блокадата на високообразовните институции во Србија  објавија дека по повод една година од испраќањето на барањата до властите, утре пред зградата на Ректоратот на Универзитетот во Белград, ќе им оддадат почит на загинатите во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад со 16-минутно молчење. Потоа ќе се одржи студентскиот пленум. …

Студентите во блокада во Србија утре пред Ректоратот; 16 минути молчење и потсетување за неисполнетите барања Read More »

Граѓаните ќе ја плаќаат модернизацијата на мрежата со поскапо парно од 5,9 отсто


  Од 1 декември цената на топлинската енергија за домаќинствата ќе се зголеми во просек од 5,9 проценти, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. За корисниците кои се снабдуваат преку најголемиот систем (ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство) поскапувањето изнесува во просек 5,9%, додека за потрошувачите на ЕСМ Енергетика зголемувањето …

Граѓаните ќе ја плаќаат модернизацијата на мрежата со поскапо парно од 5,9 отсто Read More »

Во мусаката и на три чешми во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае најдени фекални бактерии


  Во примерок од мусаката која се служела во прва смена во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на три чешми во училиштето, информира Институт за јавно здравје (ИЈЗ). Како што посочуваат од ИЈЗ, после денешната прес-конференција …

Во мусаката и на три чешми во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае најдени фекални бактерии Read More »

„Волво“ ќе образува специјалисти за мехатроника на камиони и тешки возила во „Владо Тасевски“


 Во средното училиште „Владо Тасевски“ во Скопје се воведува нова образовна квалификација – специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила и наставата ќе се реализира во соработка со шведската автомобилска компанија „Волво Груп“. На почетокот, квалификацијата ќе се нуди како неформално образование за возрасни, а се очекува следната година да стане дел од системот …

„Волво“ ќе образува специјалисти за мехатроника на камиони и тешки возила во „Владо Тасевски“ Read More »

Фонд на ПИОМ: Исплатата на пензиите не е загрозена, тие ќе пристигаат секој први во месецот


Фондот на пензиското и инвалидското осигурување сака да ја извести јавноста дека исплатата на пензиите се одвива нормално и веќе на први декември 2025 пензионерите ќе ја добијат ноемвриската пензија, за што вкупно ќе се исплатат средства во висина од 9.297.493.427 денари (девет милијарди 297 милиони 493 илјади и 427 денари). – Пензионерите треба да …

Фонд на ПИОМ: Исплатата на пензиите не е загрозена, тие ќе пристигаат секој први во месецот Read More »

Финансиска раководителка на денешното рочиште за „Онкологија 2“: „По ковид-карантинот ми беа одземени ингренциите“


Судењето за „Онкологија 2“ продолжи со исказ на раководителката на финансиско-сметководственото работење на Клиниката, која опиша сериозни промени во управувањето со финансиските процеси од крајот на 2019 и почетокот на 2020 година, пренесе Скопје1. Таа изјави дека по враќање од ковид-карантин затекнала дека клучниот дел од нејзината работа – подготовката на налозите за плаќање – …

Финансиска раководителка на денешното рочиште за „Онкологија 2“: „По ковид-карантинот ми беа одземени ингренциите“ Read More »

Евакуирани жителите на четирите куќи од Шипковица под закана од свлечиште – престојуваат кај роднини


Четири куќи со 17 жители од тетовското планинско село Шипковица се во ризик од ерозија која се појави ноќта помеѓу средата и четвртокот.  Во текот на вчерашниот по пријавата до Центарот за управување со кризи, во селото дошле претставници на Општина Тетово, ЦУК, СВР Тетово и Градежен инспекторат од Општина Тетово, кои им дале насоки …

Евакуирани жителите на четирите куќи од Шипковица под закана од свлечиште – престојуваат кај роднини Read More »

Ѓорѓиевски најави уривање на дивоградбите во соработка со сите скопски градоначалници


Ги отстрануваме бесправно изградените објекти – нема повеќе узурпација! – порача денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. На социјалните мрежи, тој сподели видео од уривање на бесправен објект во кој претходно била сместена бурекџилница. – Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти, во тесна соработка со сите скопски општини. Јавните површини им припаѓаат на …

Ѓорѓиевски најави уривање на дивоградбите во соработка со сите скопски градоначалници Read More »

Ужас во Југоисточна Азија: Поплавите убија 161 лице


Големи поплави ја погодија Југоисточна Азија, а бројот на жртви се искачи на најмалку 161 лице. Властите во регионот се обидуваат да спасат заглавени луѓе, да ја обноват електричната енергија и телекомуникациите и да ги координираат напорите за спасување додека водата се повлекува. Pray for Southeast Asia. Severe flooding has hit Indonesia, Malaysia, Vietnam, and …

Ужас во Југоисточна Азија: Поплавите убија 161 лице Read More »

„Игра на тронови“ во реалноста: Данска формираше „ноќна стража“ поради Трамп


Данската влада воспостави „ноќна стража“ во Министерството за надворешни работи, не за да ги одврати Дивјаците и Белите шетачи како Ноќната стража од Игра на тронови, туку за да ги следи изјавите и потезите на Доналд Трамп додека Копенхаген спие. Ноќната стража започнува секој ден во 17 часот по локално време, а во 7 часот …

„Игра на тронови“ во реалноста: Данска формираше „ноќна стража“ поради Трамп Read More »

Вонредна состојба од поплави во четири бугарски општини – црвено предупредување на дел од земјата


Нивото на реката Места нагло се зголеми во областа околу Черна Места во општина Јакоруда во Бугарија, поради што локалните власти ја следат ситуацијата, додека веќе се распоредени екипи за итни случаи и тешка механизација, објави Новините. Градоначалникот Мехмед Вакљов изјави дека во моментов нема непосредна закана, но дека три надојдени реки во клисури во …

Вонредна состојба од поплави во четири бугарски општини – црвено предупредување на дел од земјата Read More »

Жолто ниво на предупредување од поплави – ќе се излеат ли реките?


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде жолто ниво на предупредување поради потенцијална опасност од поплави и апелира на претпазливо движење покрај реките и суводолиците, пред сè на оние во југоисточните, источните и североисточните делови на земјата. -Во текот на ноќта имаше значително зголемување на водостоите во југоисточниот, источниот и североисточниот дел од земјата. Висок водостој …

Жолто ниво на предупредување од поплави – ќе се излеат ли реките? Read More »

Македонските ракометарки од денеска на подготовки


Македонската женска сениорска ракометна репрезентација денеска во Кавадарци ги почнува подготовките во рамки на ЕХФ неделата. Селекторот Кристијан Грчевски за оваа акција повика 20 ракометарки, а ќе отсуствува само повредената Ива Младеновска. Ракометарките по мини подготовките во Кавадарци ќе учествуваат на меѓународен пријателски турнир во Анкара, Турција и притоа ќе одиграат три натпревари. Во периодот …

Македонските ракометарки од денеска на подготовки Read More »

Струмичанец осомничен за обид за убиство на сопругата, доставен предлог за мерка притвор


Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „убиство“.  Осомничениот 48-годишник, како што информира Јавното обвинителство, при вршење семејно насилство, на 26 ноември годинава во семејниот дом во селото Просениково се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга. Тој ја фатил за главата и со шприц …

Струмичанец осомничен за обид за убиство на сопругата, доставен предлог за мерка притвор Read More »

Од утре струјата за домаќинствата ќе поскапи за околу 5 проценти


Од утре електричната енергија за домаќинствата ќе поскапи за околу 5 проценти, откако регулаторот ги прифати новите пресметки за трошоците во енергетскиот сектор. Државната компанија ЕСМ на тендер понуди цена од 65 евра за мегават-час за базна енергија, што ќе влијае врз крајната цена што ја плаќаат граѓаните. Според надлежните, поскапувањето е резултат на зголемени …

Од утре струјата за домаќинствата ќе поскапи за околу 5 проценти Read More »

Општина Гевгелија апелира до граѓаните за време на грејната сезона да не согоруваат недозволени материи


Општина Гевгелија и Инспекторатот за животна средина при Општина Гевгелија, ги известуваат сите граѓани дека е неопходно строго да се внимава на видот на материјалите кои се користат за затоплување во дoмашните печки и котли, стои во известувањето до јавноста. -Потсетуваме дека согорувањето отпад – како пластика, гума, текстил, отпадно масло, стар мебел (лакирани и …

Општина Гевгелија апелира до граѓаните за време на грејната сезона да не согоруваат недозволени материи Read More »

Водовод: Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е чиста – не е причина за труењето на децата


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека по вонредниот мониторинг спроведен на 26 ноември 2025 година, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош е целосно безбедна за употреба. Контролата била извршена по добиена пријава од училиштето, по што екипите од Секторот за санитарна контрола земале четири примероци од две локации – училница …

Водовод: Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е чиста – не е причина за труењето на децата Read More »

Белгија го отфрли и новиот предлог на ЕК за „заемот за репарации“ за Украина како „фундаментално погрешен“


Белгискиот премиер Барт де Вевер во писмо упатено синоќа до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека планот за т.н. „заем за репарации“, кој предвидува користење на 140 милијарди евра од замрзнатите руски средства во ЕУ за исплата на финансиска поддршка на Украина е „фундаментално погрешен“, може да создаде сериозни економски и …

Белгија го отфрли и новиот предлог на ЕК за „заемот за репарации“ за Украина како „фундаментално погрешен“ Read More »