Грковска: Да се вмрежуваме преку заедничките заложби за поголема отвореност, цврст интегритет и етика


Доброто владеење е клучно за градење на довербата меѓу граѓаните и нивните институции, но и за односите меѓу државите. А пред сѐ, за постигнување одржлив социо-економски развој, од кој ќе имаат полза сите граѓани од овие простори, истакна вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, при промовирањето на регионалниот Форум на жени-лидери за …

Грковска: Да се вмрежуваме преку заедничките заложби за поголема отвореност, цврст интегритет и етика Read More »

Само 169 Бугари од Македонија пријавени да гласаат на изборите во Бугарија на 2 април


Само 169 лица од Северна Македонија се пријавиле да гласаат на парламентарните избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април, објави бугарското Министерство за надворешни работи. Најмногу пријавени за гласање има во Кавадарци 42, во Прилеп 41, Тетово 40, Струмица 20, во Скопје 14 и во Битола девет. Според резултатите од последниот попис …

Само 169 Бугари од Македонија пријавени да гласаат на изборите во Бугарија на 2 април Read More »

Промоција на новата кредитна линија за дигитализација и дигитална трансформација за компаниите


Денеска, во 10.30 часот, премиерот Димитар Ковачевски, заедно со амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман Марти и со директорот на Развојна банка, Кире Наумов ќе ја промовираат новата кредитна линија за дигитализација и дигитална трансформација за компаниите. Прес-конференцијата можете да ја проследите и во живо на следниот линк:

Први протести во Франција по законските измени за пензиските реформи


 Француските синдикати, кои од јануари организираат протести против пензиската реформа, за денеска најавија нови протести и тоа ќе бидат први по неодамнешното усвојување на Законот за пензиски реформи. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека дополнителни 12.000 полицајци и жандарми ќе бидат распоредени низ целата земја, од кои 5.000 ќе бидат во Париз. …

Први протести во Франција по законските измени за пензиските реформи Read More »

ТД „Енергија Центар“ од вчера регистрирано во Централниот регистар


Општина Центар вчера во Централниот регистар го регистрираше трговското друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори „Енергија Центар“ и со тоа општината и официјално го доби второто општинско јавно претпријатие. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски му се заблагодари и на помошник директорот за финансии на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, …

ТД „Енергија Центар“ од вчера регистрирано во Централниот регистар Read More »

Атина денеска без такси превоз


Атина денеска е без такси превоз поради 24-часовниот штрајк на таксистите организиран од нивниот синдикат за проблемите во конкретниот сектор. Од синдикатот на такси возачите велат дека Владата ги игнорира нивните барања и е рамнодушна кон главните проблеми со кои се соочуваат. Штрајкот започна во 6 часот утрово и ќе заврши утре, исто така во …

Атина денеска без такси превоз Read More »

„Студентски отпор“ повикува да се исполнат нивните барања


Движењето „Студентски отпор“ бара средба со министерот за образование и наука и нивни претставници да бидат вклучени во работните тела кои донесуваат одлуки во интерес на студентите.   Во соопштение до медиумите „Студентски отпор“ искажува незадоволство од  институциите и, како што наведува, „нивниот игнорантски, незаинтересиран однос кон студентите, кој континуирано се зголемува низ годините, а …

„Студентски отпор“ повикува да се исполнат нивните барања Read More »

Ова е најголемиот изум на човештвото. Ќе нѐ погоди како торнадо, а ние не сме подготвени


За само неколку месеци, системот за вештачка интелигенција ChatGPT донесе вистинска револуција – дава совети, пишува и лекторира текстови, помага при поправки на автомобили и многу повеќе. Познатиот американски есеист и повеќекратен добитник на Пулицерова награда Томас Лорен Фридман во својата најнова колумна за „Њујорк Тајмс“ се обиде да објасни што тоа може да значи …

Ова е најголемиот изум на човештвото. Ќе нѐ погоди како торнадо, а ние не сме подготвени Read More »

Бербок: Не смееме да ги изневериме Македонките и Македонците


Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, која денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија, пред пристигнувањето во Скопје порача дека очекува широка поддршка во парламентот за уставните измени и тргање настрана на партиските интереси.  Бербок Скопје ќе има средби со државниот врв и опозицијата во обид да им даде поттик на уставните измени …

Бербок: Не смееме да ги изневериме Македонките и Македонците Read More »

Македонските фудбалери ја пречекуваат Малта во првиот натпревар од квалификациите за Еуро 2024


Македонската фудбалска репрезентација е домаќин на Малта во првиот натпревар од новиот квалификациски циклус. „Црвено-жолтите“ на овој дуел влегуваат како фаворити и се надеваат на три бода на стартот во квалификациите за Еуро 2024. Капитенот Стефан Ристовски посакува победа за зголемувањето на самодовербата пред средбите со посилните репрезентации. – Се работи за една од потешките …

Македонските фудбалери ја пречекуваат Малта во првиот натпревар од квалификациите за Еуро 2024 Read More »

Нов Зеланд почнува кампања за утеха на млади со скршено срце


Нов Зеланд почна кампања за да им помогне на младите во земјата да ги надминат болните раскинувања, охрабрувајќи ги оние со скршено срце да се помират со тоа и да ги блокираат своите поранешни партнери/партнерки на социјалните мрежи. Владината кампања „Love Better“ нуди совети и поддршка кога љубовта ќе заврши, а ќе биде прикажана во …

Нов Зеланд почнува кампања за утеха на млади со скршено срце Read More »

Земјотрес во Албанија


Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Албанија. Епицентарот е регистриран на длабочина од пет километри, на 95 километри од градот Елбасан. Земјотресот бил почувствуван низ државата три часа по полноќ. Засега нема информации за евентуална материјална штета.

Зеленски: Украина ќе возврати на сите напади од Москва


Украина ќе возврати на сите руски напади, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски. Изјавата доаѓа откако најмалку седум лица загинаа во напад со руски дрон во регионот на Киев и откако станбена зграда во градот Запорожје беше погодена од руски проектил. – Одлучно ќе одговориме на сите напади на окупаторите врз нашите градови (..) Сите …

Зеленски: Украина ќе возврати на сите напади од Москва Read More »

Без струја утре дел од општините Ѓорче Петров и Илинден


Без електрична енергија утре ќе останат дел од општините Ѓорче Петров и Илинден. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Град Скопје,  утре во периодот од 10:30 до 15:15 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од ул.„Воин Драшкоци“, „Лихнида“, а можно е и дел од корисниците на ул. „Александар Мартулков“ и …

Без струја утре дел од општините Ѓорче Петров и Илинден Read More »

Бразил: Рации и апсења на членови на група која планирала атентати и киднапирања на владини функционери


 Бразилската полиција изврши рација во неколку сојузни држави за да разбие криминална група обвинета за планирање атентати и киднапирање на државни функционери, вклучително и сенатор кој, како поранешен судија, го водеше најпознатиот случај за корупција. Околу 120 полицајци претресоа 24 локации и уапсија 11 лица во четири држави, соопштија властите. Полицијата наведе дека меѓу целите …

Бразил: Рации и апсења на членови на група која планирала атентати и киднапирања на владини функционери Read More »

Утре без вода дел од ул. „Митрополит Тедосиј Гологанов“ и бул.„Свети Климент Охридски“


Поради промена на против пожарен хидрант ф 80 мм на улица „Митрополит Тедосиј Гологанов“ бб, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од „Митрополит Тедосиј Гологанов“ и дел од булевар „Свети Климент Охридски“. Прекинот со водоснабдувањето, како што информират од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје, ќе биде од 9:00 часот до завршување со активностите. 

Блинкен: Кина внимателно следи како светот реагира на војната во Украина


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека Кина многу внимателно набљудува како Вашингтон и светот реагираат на руската инвазија на Украина, чие влијание, како што рече, се чувствува во Азија. Зборувајќи по посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва, Блинкен нагласи дека доколку на Русија и се дозволи неказнето да го нападне својот …

Блинкен: Кина внимателно следи како светот реагира на војната во Украина Read More »

Новото откритие покажува дека животот пристигнал на Земјата од вселената


Научниците за прв пат открија еден од клучните градежни блокови на молекулата на РНК во примероците земени од астероидот Рјугу. Новото откритие укажува на можноста дека градежните блокови неопходни за потеклото на животот пристигнале на нашата планета од вселената и дека рудиментирани форми на живот би можеле да постојат на друго место во Сончевиот систем. …

Новото откритие покажува дека животот пристигнал на Земјата од вселената Read More »

Сеул тврди дека Северна Кореја истрелала повеќе крстосувачки ракети од својот источен брег


Северна Кореја денеска лансираше повеќе крстосувачки ракети од локација на нејзиниот источен брег, во време кога соседна Јужна Кореја одржува заеднички воени маневри со американските сили, соопшти јужнокорејската воена команда. Британските медиуми наведуваат дека ракетите биле истрелани околу 10:15 часот по локално време од севернокорејската провинција Јужен Хамџонг, се наведува во соопштението на јужнокорејската воена …

Сеул тврди дека Северна Кореја истрелала повеќе крстосувачки ракети од својот источен брег Read More »

Сунак доби поддршка од британскиот парламент за договорот за Северна Ирска


Британскиот премиер Риши Сунак денеска доби поддршка од Парламентот за клучниот елемент од ревидираниот договор за трговија со Северна Ирска по Брегзит и покрај противењето на најголемата унионистичка партија во Северна Ирска, ДУП, и некои конзервативни пратеници. Сунак се договори со Европската унија да ја воведе „Стормонтската сопирачка“ со цел да ѝ даде на Северна Ирска поголема контрола врз прифаќањето на какви било …

Сунак доби поддршка од британскиот парламент за договорот за Северна Ирска Read More »