Мелони и Сунак се договорија да го плаќаат враќањето на илегалните мигранти во земјата на потекло


Италијанската премиерка Џорџа Мелони и британскиот премиер Риши Сунак денеска се договорија во Рим нивните земји да кофинансираат заеднички проект за доброволно враќање на мигрантите во нивните земји на потекло, пренесоа агенциите. -Масовните незаконски пристигнувања на мигранти на островот Лампедуза се недозволиви и неморални, рече Сунак на состанокот на партијата „Браќа на Италија“ во Рим …

Мелони и Сунак се договорија да го плаќаат враќањето на илегалните мигранти во земјата на потекло Read More »

Хамас испрати порака до Израел: Во ковчег или живи, изборот е ваш


Палестинското движење Хамас се огласи откако израелските војници убија тројца заложници во Газа, велејќи дека тоа е показател за тоа колку владата во Тел Авив се грижи за своите граѓани. Портпаролот на Хамас Абу Обеид изјави дека Израел не се грижи за чувствата на семејствата на затворениците. „Ционистичкиот непријател се коцка со животите на своите …

Хамас испрати порака до Израел: Во ковчег или живи, изборот е ваш Read More »

Македонија добива медикоптер


Утре, (17.12.2023), на хелиодромот на Општа болница Битола, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити, заменик министерката за здравство, Маја Манолева, како и директорот на Градска Општа болница „8-ми септември”, Христијан Костов, ќе присуствуваат на презентација на хеликоптерот со новата опрема за итна медицинска помош, најавува МВР. Инаку, идејата …

Македонија добива медикоптер Read More »

Непрооден патот до планинското село Луковица во општина Желино


Жителите на планинското село Луковица на Сува Гора велат дека патот не е прооден и дека се отсечени поради снежната покривка. Снегот, според нив, почнал да врне во петокот околу 16:30 часот, а се соочиле и со повеќечасовен прекин на електричната енергија. – Снегот врнеше цела вечер и цел ден денес. Последен пат кога бев …

Непрооден патот до планинското село Луковица во општина Желино Read More »

Судот во Ватикан го осуди кардиналот Бечиу на пет и пол години затвор


 Судот во Ватикан денеска го осуди италијанскиот кардинал Анџело Бечиу на пет години и шест месеци затвор за повеќе кривични дела. Судскиот процес против Бечиу траеше две и пол години во кој тој беше обвинет за проневера, злоупотреба на службената положба и обид за лажно сведочење, пренесуваат британските медиуми. Папата Франциск во 2020 година го …

Судот во Ватикан го осуди кардиналот Бечиу на пет и пол години затвор Read More »

Слукас МВП на 14. коло во Евролигата


 Кошаркарот на Панатинаикос, Костас Слукас, е прогласен денеска за најкорисен играч (МВП) на натпреварите од 14. коло во Евролигата. Панатинаикос триумфираше на гостински терен над Асвел со 89-81, а Слукас беше меѓу најзаслужните за победата на грчкиот тим. Слукас го заврши натпреварот со 18 поени, пет скокови, една украдена топка, а во личната статистика додаде …

Слукас МВП на 14. коло во Евролигата Read More »

Иако хрватската куна веќе не е во употреба, 620 милиони евра во монетите не се заменети


Хрватските граѓани и една година по воведувањето на еврото, дома имаат уште 4,66 милијарди куни, што значи дека пропуштаат да земат речиси 620 милиони евра. Според податоците на Хрватската народна банка, 12 отсто од банкнотите и дури 75 отсто од монетите се уште се во системот. Процесот на конверзија беше најинтензивен кон крајот на минатата …

Иако хрватската куна веќе не е во употреба, 620 милиони евра во монетите не се заменети Read More »

Маск: Имиграцијата не може да го реши падот на населението


Имиграцијата не може да го реши падот на населението во индустријализираните земји, изјави денеска Илон Маск, бизнисмен и сопственик на платформата Х, на политичкиот состанок Атреја, организиран од партијата Браќа на Италија, на чие чело е премиерката на оваа земја, Џорџа Мелони. Маск ја наведе Кина како пример, тврдејќи дека земјата ќе изгуби 40 отсто …

Маск: Имиграцијата не може да го реши падот на населението Read More »

Унгарија ќе ја блокира Бугарија за Шенген доколку не ја укине таксата за транзит на руски гас


 Унгарија ќе го блокира влезот на Бугарија во Шенген зоната се додека е во сила данокот за транзит на руски гас, соопшти денеска унгарското Министерство за надворешни работи. Унгарија јасно и стави до знаење на Бугарија дека ќе стави вето на влезот на земјата во зоната на слободно движење доколку остане на сила данокот на …

Унгарија ќе ја блокира Бугарија за Шенген доколку не ја укине таксата за транзит на руски гас Read More »

Стејт департмент: Русија ќе биде повикана на одговорност за судбината на Навални


Американскиот Стејт департмент синоќа излезе со соопштение во кое се наведува дека меѓународната заедница ќе ја повика Русија на одговорност за тоа „што се случува“ со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој речиси три години е во затвор.  Адвокатите и соборците на Навални се немаат слушнато од него веќе десетина дена.  -Комунициравме со руската Влада …

Стејт департмент: Русија ќе биде повикана на одговорност за судбината на Навални Read More »

Разрешен в.д. директорот на Конзерваторски центар Скопје


Министерката за култура го разрешила в.д. директорот на Конзерваторскиот центар Скопје Костантин Димитровски кој заедно со неколкумина други лица беше приведен под сомнение за уривање на хотелот „Ан хотел шар“ во Старата скопска чаршија кој е прогласен за културно наследство.  Од Министерството за култура потврдија дека директорот е разрешен и дека на негово место е …

Разрешен в.д. директорот на Конзерваторски центар Скопје Read More »

Агелер: Заев се зазема за својот пријател и има право да го стори тоа


 Амбасадорката на САД Анџела Агелер смета дека поранешниот премиер Зоран Заев кој застана во одбрана на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев по неговото ставање на „црната листа“ заради вмешаност во значителна корупција, има право да го стори тоа и да го каже својот став. -Со поранешниот премиер сум разговарала многу, иако не во последно време. Тој …

Агелер: Заев се зазема за својот пријател и има право да го стори тоа Read More »

Алкараз ја освои наградата „Стефан Едберг“ за ферплеј


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е добитник на овогодишната награда Стефан Едберг за спортско однесување кое препознава фер игра, професионализам и интегритет на теренот и надвор од него. „Многу сум среќен што ја освоив наградата Стефан Едберг за спортско однесување. Особено сум среќен бидејќи ова е награда која ми ја доделија моите колеги на теренот. Тоа …

Алкараз ја освои наградата „Стефан Едберг“ за ферплеј Read More »

Топлотен бран во Австралија се очекуваат 46 степени. „Опасноста е екстремна“


Големи делови од Австралија беа преплавени во услови на топлотен бран денеска, што ја натера Националната метеоролошка служба да издаде предупредувања за шумски пожари во неколку држави. Во Нов Јужен Велс, најнаселената австралиска држава, денеска горат повеќе од 50 пожари и воведена е целосна забрана за пожари во многу области, вклучувајќи го и Сиднеј, соопшти …

Топлотен бран во Австралија се очекуваат 46 степени. „Опасноста е екстремна“ Read More »

Белгијците не очекуваат значајни резултати од претседавањето на нивната земја со ЕУ


 Белгијците се скептични дека нивната земјата ќе може да одигра значајна улога за време претседавањето со Европската Унија во текот на првата половина од 2024 година, покажува анкетата на Центарот за истражување на политичкиот живот (ЦЕВИПОЛ), Институтот за европски студии и Слободниот универзитет на Брисел (УЛБ).  Според анкетата, како што објави весникот „Соар“, само 15,7 …

Белгијците не очекуваат значајни резултати од претседавањето на нивната земја со ЕУ Read More »

Почина емирот на Кувајт


Кувајтскиот емир Шеик Наваф ал-Ахмад ал-Сабах почина денеска на 86-годишна возраст, по нешто повеќе од три години откако ја презеде власта во заливската земја богата со нафта, сојузник на САД. Причината за неговата смрт не беше веднаш објавена. Емир беше примен во болница минатиот месец поради, како што тогаш државната новинска агенција го опиша итен …

Почина емирот на Кувајт Read More »

Алексеј Навални е преместен на непозната локација, со денови никој не контактирал со него


Пријателите на рускиот опозиционер Алексеј Навални тврдат дека тој бил однесен од затворот каде што престојувал и бил префрлен во притвор на непозната локација со многу потешки услови. Она што засега е сигурно е дека тој „го напуштил Владимирскиот регион“, изјави неговата портпаролка Кира Иармич, наведувајќи дека оваа информација судот му ја дал на неговиот …

Алексеј Навални е преместен на непозната локација, со денови никој не контактирал со него Read More »

Путин на избори оди како независен кандидат


Владимир Путин повторно ќе се кандидира за претседател како независен кандидат со широка база на поддршка, а не на партиска листа, изјавија двајца високи про-Кремљ пратеници, пренесе новинската агенција РИА. Путин, кој е на власт или како претседател или премиер повеќе од две децении, најави дека ќе бара уште еден шестгодишен мандат следниот март на …

Путин на избори оди како независен кандидат Read More »

Усогласен текстот на Европскиот закон за слобода на медиумите


Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа привремен договор за Европскиот закон за слобода на медиумите (ЕМФА), кој ќе претставува нова регулатива за заштита на медиумските слобода и плурализам и уредувачката независност во Унијата.   Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ЕМФА треба да воспостави заедничка рамка за медиумските услуги во ЕУ и …

Усогласен текстот на Европскиот закон за слобода на медиумите Read More »

Тешко повредена 19-годишна гостиварка по удар од возило


 Рано изутрина околу два часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Живко Брајковски” во Гостивар, патничко моторно возило удрило во 19-годишната гостиварка К.С. и го напуштило местото, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во несреќата, К.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. На местото на несреќата, во …

Тешко повредена 19-годишна гостиварка по удар од возило Read More »