Кучињата скитници станаа главна политичка тема во Битола откако беше искасано дете


  БИТОЛА – Последната несреќа кога глутница кучиња скитници искасаа малолетно дете во Битола, политичките партии во Советот на Општина Битола ја искористија за политички популизам на последната седница на Советот. Нашироко ја отворија политичката дебата кој е виновен што нема прифатилиште за улични кучиња во Битола и ја изгласаа иницијативата да се врати шинтерската …

Кучињата скитници станаа главна политичка тема во Битола откако беше искасано дете Read More »

Искршена таблата со бугарско знаме во Градскиот парк во Битола


  БИТОЛА – Утрово е искршена информативната табла со бугарското знаме и логото на бугарскиот донатор поставена пред новиот болдер – ѕид за качување со трибина во Градскиот парк во Битола. Кршењето на таблата е наменско и најверојатно со порака од сторителите кои на информативната табла го искршиле стаклото само во делот каде што стоеше …

Искршена таблата со бугарско знаме во Градскиот парк во Битола Read More »

Родителите на починатата Јана ќе се селат од државата, тука нема правда


БИТОЛА – Ќе се селиме од државата, тука нема правда, династии од лекари, судии и обвинители ни ја водат државата, велат родителите на шест годишната Јана Христовска која пред три месеци почина во битолската болница по примена инфузија. Вечерва во Битола пред седиштето на Битолското обвинителство се одржа протест за малата Јана на кој за …

Родителите на починатата Јана ќе се селат од државата, тука нема правда Read More »

Битолските педијатри нема кривично да одговараат за смртта на малата Јана


  БИТОЛА – Битолските лекари од Педијатрија, нема да одговараат кривично за смртта на шест годишната Јана Христовска од битолското село Кравари, која почина на 22 март во битолската болница. Основното јавно обвинителство од Битола констатира дека нема елементи на кривичното дело Несовесно лекување болни, за ниту еден здравствен работник инволвиран во лекувањето на детето. …

Битолските педијатри нема кривично да одговараат за смртта на малата Јана Read More »

Родителите на малата Јана запрепастени: Нема лекарска грешка во смртта на девојчето


  Родителите на починатата шест годишна Јана Христовска од битолското село Кравари се огорчени од сознанието на извештајот од Судска медицина дека нема лекарска грешка во смртта на нивното чедо. За нив извештајот е „жив срам“. Родителите на Јана, Кристина и Стојче за „Независен“ денес потврдија дека нивниот адвокат деновиве направил увид во целиот случај …

Родителите на малата Јана запрепастени: Нема лекарска грешка во смртта на девојчето Read More »

Дождот и влагата ѝ наштетија на пченицата во Пелагонија


  БИТОЛА – Житото во големата и плодна Пелагонија зрее, ама влагата од интензивните и долготрајни врнежи од дожд и наместа од град прават штета на родот, се жалат земјоделците од битолскиот регион. Кај житните култури веќе е појавена ‘рѓата како последица на влажното време. Таа е опасна бидејќи прави рани во вид на дамки …

Дождот и влагата ѝ наштетија на пченицата во Пелагонија Read More »

Битолчани ги покриваат фактите за бугарските донации со самолепливи ленти


  БИТОЛА – „Културен“ вандализам направиле непознати сторители во Градскиот парк во Битола кога со самолеплива лента го покриле бугарското знаме на информативната табла поставена до новиот болдер – ѕид за качување со трибина. Оставено е да се гледаат само македонското и знамето на Европската унија. Голем ќеф направија битолчани, од млад до старо, на …

Битолчани ги покриваат фактите за бугарските донации со самолепливи ленти Read More »

Сопственикот на хациендата на Стрежевско Езеро уште лани барал приклучок за вода, ама не добил 


  БИТОЛА – Бурни реакции и обвинувања во јавноста и на политичката сцена во Битола по обелоденувањето на сторијата во „Независен“ за хациендата што никнува покрај Стрежевското Езеро во заштитена зона од каде цела Битола пие вода и се наводнува Пелагониско Поле. Ама, за жал, не била само хациендата, туку околу неа на истата локација, …

Сопственикот на хациендата на Стрежевско Езеро уште лани барал приклучок за вода, ама не добил  Read More »

И Битолското културно лето влезе во менгемето на политиката


  БИТОЛА – Политичката криза во Битола „засвири“ и во културата, па бројни врвни музички уметници останаа извисени да настапат на Битолското културно лето. Реакциите на врвни македонски уметници кои останаа без настапи на годинешното Битолско културно лето се разочарани, па дури и гневни. Меѓу нив се пијанистите Марија Вршкова, Петар Макариевски, Иван Трајковски и …

И Битолското културно лето влезе во менгемето на политиката Read More »

Хациенда се гради во заштитениот дел на Стрежевско езеро од каде цела Битола пие вода


  БИТОЛА – Хациенда никнала покрај брегот на Стрежевското езеро од каде цела Битола пие вода, а се наводнува и Пелагониски поле. Тоа ги загрижува жителите од околните села особено што раскошната вила се гради на стотина метри од брегот на езерото, во зона која одамна е иселена. Хидросистемот „Стрежево“ е стратешки објект за Пелагонискиот …

Хациенда се гради во заштитениот дел на Стрежевско езеро од каде цела Битола пие вода Read More »

Ново мнозинство во Советот на Битола, ВМРО-ДПМНЕ изгледа оди во опозиција


  БИТОЛА – Битолскиот Совет како „распашана команда“ – со оваа фраза советникот на Левица, Горан Велевски, ја опишува ситуација на политичката сцена во Битола, откако претседателката на Советот, Габриела Илиевска, заедно со советниците од независната листа „Поинаку“ на предлог на СДСМ и со поддршка на Левица изгласаа смена на управните и надзорните одбори на …

Ново мнозинство во Советот на Битола, ВМРО-ДПМНЕ изгледа оди во опозиција Read More »

Тревога кај тутунарите, расадот им остана по леите поради дождовите


  БИТОЛА – Дождот ги одлага роковите за расадување на тутунот, се жалат пелагониските тутунари. Врнежливото време и влажната пролет оваа година не им оди во прилог на тутунарите, расадот им остана по леите непосаден, а на оние што влегоа во нивите да садат, силните и поројни дождови им направија штети. Вчера околу 16 часот …

Тревога кај тутунарите, расадот им остана по леите поради дождовите Read More »

Габриела Илиевска згрешила што ја прекинала седницата на Советот на Битола, процени Државниот инспекторат


  БИТОЛА – Габриела Илиевска, претседателка на Советот на Општина Битола, не испочитувала ниту еден од условите за прекин на 26. седница на Советот на Битола. Вака проценил Државниот инспекторат за локална самоуправа при извршениот вонреден инспекциски надзор во Општина Битола за одржувањето, прекинот и продолжувањето на седницата од 20 април годинава. По оваа седница …

Габриела Илиевска згрешила што ја прекинала седницата на Советот на Битола, процени Државниот инспекторат Read More »

Политичко примирје во Битола


  БИТОЛА – Претседателката на битолскиот Совет, Габриела Илиевска, сепак свика вонредна седница на Советот на Општина Битола што треба да се одржи утре во 12 часот. Тензиите меѓу Илиевска од една страна и градоначалникот Тони Коњановски и општинската администрација од друга страна,  траат еден месец, а сега најверојатно се во фаза на „примирје“.   …

Политичко примирје во Битола Read More »

Битолчани го чекаат автопатот, но бараат и транспарентност


  БИТОЛА – Битолчани со децении очекуваат автопат на релација Битола – Прилеп. Новиот автопат ќе значи и нови можности за поврзување со Скопје и другите делови од државата. Најавите за изградба на автопатот го следат многу нејаснотии и контроверзии, но граѓаните велат дека недокажана корупција не смее да ја спречи изградбата на автопатот.   …

Битолчани го чекаат автопатот, но бараат и транспарентност Read More »

Битола конечно ќе ја реконструира важната улица „Индустриска“


  БИТОЛА – Речиси стотина бизниси во индустрискиот дел на Битола, со години наназад трпат штети  поради лошата инфраструктура и сообраќајна поврзаност. Улицата „Индустриска“ во Битола е приказна за себе, нереконструирана речиси половина век. Камените коцки пропаднати, а поради немање на одводна канализација после секој дожд по десетици објекти од индустријата се поплавуваат. Мали езерца …

Битола конечно ќе ја реконструира важната улица „Индустриска“ Read More »

Инспекција во Советот на Битола утврдува кој е во право околу контроверзната седница


  БИТОЛА – Вишиот државен инспектор за локална самоуправа, Раим  Муслиу, денеска влезе во Советот на Општина Битола да ја утврди законитоста на седницата која предизвика политичка криза во функционирањето на Советот и Општина Битола. Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, побара вонреден инспекциски надзор, откако ја прекина седницата по заминувањето на 11 советници на СДСМ. …

Инспекција во Советот на Битола утврдува кој е во право околу контроверзната седница Read More »

ВМРО-ДПМНЕ и Левица во Битола изгласаа 10 илјади денари помош по семејство за осудените за 27 април


  БИТОЛА – Продолжението на политичкиот циркус во Советот на општина Битола денеска резултираше со одлука која е надвор од општинските работи, туку се враќа на настаните од 27 април 2017. Советот донесе одлука на семејствата на осудените од крвавиот четврток да добијат парична помош од 10 илјади денари. Во образложението на одлуката се користеше …

ВМРО-ДПМНЕ и Левица во Битола изгласаа 10 илјади денари помош по семејство за осудените за 27 април Read More »

Битолскиот Совет се претвори во политички циркус, де има де нема мнозинство


  БИТОЛА – Навидум непромислен потег на претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска од независната листа „Поинаку“ го извади од колосек Советот и сега таа молчи. Вчера Илиевска, иако е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, даде пауза откако советниците на СДСМ си заминаа незадоволни од работата на јавните претпријатија, па ВМРО-ДПМНЕ си избраа нов …

Битолскиот Совет се претвори во политички циркус, де има де нема мнозинство Read More »

Владимир Талески со мобилен телефон во ќелијата на прилепскиот затвор


  БИТОЛА – Со мобилен телефон в рака, екс-градоначалникот на Битола, Владимир Талески, е во затворската ќелија во прилепскиот затвор. По долна маичка, со тренерки и влечки, Талески е најверојатно фотографиран без да знае, од друг затвореник во ќелијата, кој, најверојатно, исто така користи мобилен телефон. На фотографијата се гледа дека Талески е во разговор …

Владимир Талески со мобилен телефон во ќелијата на прилепскиот затвор Read More »