Ќе се бира директор на ОТА


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата утре ќе одржи седница на која треба да биде предложен избор на директори на неколку институции и членови на комисии, меѓу кои и на Оперативно-техничката агенција – ОТА, новата агенција која ќе ја координира работата на разузнавачките служби во земјава и нивната техничка поврзаност со операторите. Законот за …

Ќе се бира директор на ОТА Read More »

Македонските одбојкари ја совладаа Швајцарија во квалификациите за ЕП


Македонската одбојкарска репрезентација во краjно неизвесен натпревар ја совлада на гости Швајцарија со 2:3 во сетови во четвртото квалификациско коло за Европското првенство во 2019 година. Избраниците на Никола Матијашевиќ одлично го започнаа натпреварот и ги освоија првите два сета за водство од 0:2, но швајцарските одбојкари направија пресврт и ги добија следните два, израмнувајќи …

Македонските одбојкари ја совладаа Швајцарија во квалификациите за ЕП Read More »

Претседателот Иванов испрати писма со сочувство за смртта на актерот Петрушевски


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод смртта на актерот Ванчо Петрушевски, упати писма со сочуство до семејството Петрушевски и до Драмскиот театар во Скопје. – Со прераното заминување на Ванчо Петрушевски загубивме голем актер и прекрасен човек. Ќе останат во сеќавањата неговите остварувања на театарската сцена, како и бројните ангажмани во филмски, телевизиски …

Претседателот Иванов испрати писма со сочувство за смртта на актерот Петрушевски Read More »

Поради свлечиште во прекин сообраќајот Битола-Ресен кај с. Крклино


Поради свлечиште во прекин е сообраќајот на патот Битола-Ресен кај с. Крклино. Како што соопшти АМСМ, поради свлечиште над патот А3 Битола – Ресен поточно на раскрсница за с.Крклино до бензинска пумпа Лукоил кај м.в Билбил Камен, истиот е затворен во двата правци од 19.40 часот.

Почина двегодишно детенце од сепса


Двегодишно дете почина на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. Детенцето како што рече директорката на инфективна д-р Милена Стевановиќ  имало менингококна бактерија, којашто  предизвикала тешка форма на сепса. На клиниката било донесено вчера, а болеста се јавила ден пред да биде донесено со Брза помош од Прилеп.  Лекарите велат дека станува збор за …

Почина двегодишно детенце од сепса Read More »

На Богородица се чека до 30 минути


На граничниот премин Богородица има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е од 15-30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е …

На Богородица се чека до 30 минути Read More »

Македонија земја-партнер на АГРА 2018


Со словенечки и македонски традиционални песни и ора денеска и официјално се отвори еден од најголемите саеми за земјоделство и храна во Централна и Источна Европа – АГРА 2018, што се одржува во Горња Радгона, Словенија. Како што соопшти Министерството за земјоделство, Македонија годинава има привилегија да биде земја-партнер на Словенија на еден ваков престижен саем. …

Македонија земја-партнер на АГРА 2018 Read More »

Шефот на албанската дипломатија посакува успешен референдум


Албанскиот министер за надворешни работи и за Европа Дитмир Бушати, во интервју за тиранскиот весник „Панорама“ посакува успешен референдум на 30 септември што, според него, е „шанса за напредок на земјата“. Посочи дека Албанија березервно го подржувала дијалогот меѓу Атина и Скопје, а истовремено поттикнала кохезија на албанскиот политички фактор за да биде протагонист во …

Шефот на албанската дипломатија посакува успешен референдум Read More »

ВМРО-ДПМНЕ благовремено ќе го соопшти својот став за референдумот


ВМРО-ДПМНЕ благовремено ќе ја информира јавноста за нејзиниот став за референдумот, рече  лидерот најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски во изјава за телевизија Телма. Додаде дека промовираат нов пристап на политички волонтеризам. „Не станува збор ниту за страв, ниту за желба, ниту за купување време. Ова е текс на договор на документ со кој што граѓаните на …

ВМРО-ДПМНЕ благовремено ќе го соопшти својот став за референдумот Read More »

Николовски: Подготвуваме силна кампања за промоција на македонските земјоделски производи


Со словенечки и македонски традиционални песни и ора денеска и официјално се отвори еден од најголемите саеми за земјоделство и храна во Централна и Источна Европа – АГРА 2018, што се одржува во Горња Радгона, Словенија. Како што соопшти Министерството за земјоделство, Македонија годинава има привилегија да биде земја-партнер на Словенија на еден ваков престижен саем. …

Николовски: Подготвуваме силна кампања за промоција на македонските земјоделски производи Read More »

Министерот Димитров го посети Летниот камп по македонски јазик и култура


Министерот за надворешни работи Никола Димитров го посети Летниот камп по македонски јазик и култура  „Ја сакам Македонија”,што во организација на Министерството за надворешни работи се одржува во Охрид, а на кој учествуваат деца со македонско потекло од десет држави од еегионот и пошироко. Димитров изразил благодарност за интересот да се посетува наставата по македонски …

Министерот Димитров го посети Летниот камп по македонски јазик и култура Read More »

На драмската сцена ќе недостига неверојатниот хумор и ведрината на Петрушевски


Скршени од тага, колеги, пријатели и почитувачи на ликот и делото на актерот Ванчо Петрушевски, се збогуваат од легендата.  Актерот Рубенс Муратовски на својот Фејсбук профил напиша дека кога ќе си отиде актер од неговото детство, е како да си оди дел од него. „Кога ќе си отиде актер од моето детство, како да си …

На драмската сцена ќе недостига неверојатниот хумор и ведрината на Петрушевски Read More »

Претседателот Иванов ги прими учесниците на 57. Струшки вечери на поезијата


Претседателот Ѓорге Иванов денеска во „Вила Билјана” во Охрид ги прими годинешниот лауреат на наградата „Златен венец” на Струшките вечери на поезијата, полскиот поет Адам Загајевски, добитникот на наградата „Мостови на Струга” на СВП и УНЕСКО, финскиот поет Паули Тапио, и организаторите на 57. издание на Струшките вечери на поезијата. Иванов им честитал на наградените …

Претседателот Иванов ги прими учесниците на 57. Струшки вечери на поезијата Read More »

Големо невреме ја погоди Истра


Големо невреме го погоди хрватскиот полуостров Истра, каде падна огромно количество на дожд. Автоматските метеоролошки станици во Умаг регистрирале количество од 44 милилитри дожд, а на аеродромот во Порторож дури 52 милилитра. Водениот бран го зафати и Пореч, каде дувал и силен ветер. Некои делови на Истра останале без електрична енергија.

Почина доајенот на македонското глумиште Ванчо Петрушевски


Почина доајенот на македонското глумиште Ванчо Петрушевски. Тажната вест за неговоата смрт  ја потврди актерот, Сашо Тасевски, кој е директор на Драмскиот театар.  Според МВР, актерот Ванчо Петрушевски најверојатно починал од струен удар во неговата викендица во скопското село Орешани. Од МВР велат во 15 часот од Брза помош добиле повик дека Петрушевски е починат во …

Почина доајенот на македонското глумиште Ванчо Петрушевски Read More »

Штип ќе добие пајак служба


Штипското Јавно претпријатие „Стипион“ како донација од град Скопје доби пајак возило. Директорот на ЈП „Стипион“, Сашко Протогеров вели дека возилото е веќе во Штип, а во функција ќе се стави за месец и половина. – Ќе треба да се направат многу пропратни работи за да профункционира пајак службата, ќе треба да направиме сертификати за …

Штип ќе добие пајак служба Read More »

Реакции во Србија во врска со изјавата на Болтон за „територијални корекции“


Српскиот министер за одбрана Александар Вулин ја поздрави денеска изјавата на советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон дека САД се подготвени да го поддржат договорот за „територијални корекции“ меѓу Србија и Косово, доколку истиот биде постигнатнат. Тој изјави дека САД со ова порачуваат оти договор без надворешно мешање е единственото одржливо решение. …

Реакции во Србија во врска со изјавата на Болтон за „територијални корекции“ Read More »

МВР: Не ги следиме лицата од „бојкотирам“, туку состојбите за референдумот


Министерството за внатрешни работи (МВР) ги демантира наводите дека има полициско следење на бојкотирачите на референдумот што ги изнесе кризниот штаб за бојкот на референдумот во реакција на интервјуто на ресорниот министер Оливер Спасовски за Македонската информативна агенција (МИА). Во демантот до кризниот штаб на „Македонија бојкотира“ МВР истакнува дека ги отфрла шпекулациите и извртувањата …

МВР: Не ги следиме лицата од „бојкотирам“, туку состојбите за референдумот Read More »

Нападнато 17-годишно момче во центарот на Скопје


Седумнаесетгодишно момче од скопското село Црн Врв синоќа, околу 21 часот, во паркот „Жена борец“ било физички нападнато од неколку лица. Непознатите му побарале пари, а откако не ги добиле со нож му нанеле расекотини и побегнале. Како што соопшти МВР, случајот во полиција изутрината во 1:30 часот го пријавил таткото на детето, Џ.Б.(57). Момчето …

Нападнато 17-годишно момче во центарот на Скопје Read More »

Почина новинарот Жељко Цвијановиќ


Почина основачот и главен и одговорен уредник на српскиот портал „Нови стандард“, Жељко Цвијановиќ (47), по долго и тешко боледување. Цвијановиќ се занимаваше со меѓународна политика и пишуваше аналитички текстови.