Бучковски: Македонија направи сериозен исчекор во својата евроатлантска иднина


За една година Македонија направи сериозен исчекор во својата евроатлантска иднина, изјави професорот Владо Бучковски, поранешен премиер и министер за одбрана во емисијата „Светот е бизис“ на бугарската „Блумберг ТВ“. – Референдумот за името е историски момент за Македонија, насочен е кон изборот за приклучување кон ЕУ. За жал, договорот со Грција беше единственото можно …

Бучковски: Македонија направи сериозен исчекор во својата евроатлантска иднина Read More »

Mигранти од Иран пронајдени во скопско возило


На автопатот Скопје-Гевгелија, на делницата од Неготино до Гевгелија, во патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблици се пронајдени девет лица мигранти од Иран. Како што денеска соопшти МВР, полицијата имала сознанија дека две патнички возила „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки превезуваат мигранти. – Полициски …

Mигранти од Иран пронајдени во скопско возило Read More »

ОЈО Скопје отвори истрага за убиство за пукањето во Ченто


Основното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка за убиство против лицето кое завчера пукаше од автоматска пушка кон Ј.Б. кој се здоби со тешки телесни повреди. Настанот, како што соопшти Основното јавно обвинителство – Скопје, за кој се гони лицето се случил на 24 септември 2018 година, околу 00:05 часот, на крстосницата меѓу …

ОЈО Скопје отвори истрага за убиство за пукањето во Ченто Read More »

Во угостителски објект во Жеровјане приведени женски лица


Во полициска акциска контрола во угостителски објект во село Жеровјане, синоќа во периодот од 22.00 часот до 01.00 часот по полноќ биле затекнати шест женски лица (три од Република Србија и три македонски државјанки). Српските државјанки (две на возраст од 21 и една 26 години ) биле приведени и предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, …

Во угостителски објект во Жеровјане приведени женски лица Read More »

Рускиот Парламент донесе одлука за пензионирање на жените на 60-годишна возраст


Рускиот Парламент денеска едногласно го потврди предлогот на претседателот Владимир Путин да ја зголеми старосната возраст на која жените ќе одат во пензија за пет, наместо првично предложените осум години. Со тој закон, Русинките правото на пензија ќе го остваруваат со наполнети 60 години. Долниот дом на Парламентот одобри зголемување на пензиската старост за пет …

Рускиот Парламент донесе одлука за пензионирање на жените на 60-годишна возраст Read More »

Германските медиуми прогнозираат наскоро крај на ерата на Меркел


Прогнозите за иднината на канцеларката Ангела Меркел денеска се главна тема во германските медиуми, откако нејзин близок соработник со гласање беше сменет од клучна парламентарна позиција, пренесува ДПА. Како чин на непослушност членовите на парламентарната група на Христијанскодемократската унија (ЦДУ) на Меркел го отстранија својот шеф Фолкер Каудер. По тој повод таблоидот „Билд“ на својата …

Германските медиуми прогнозираат наскоро крај на ерата на Меркел Read More »

Грција погодена од бурата Ксенофон


Забрана за пловидба на бродови од трите атински пристаништа, затворени училишта на неколку грчки острови, откорнат дел од покрив на училиште, паднати дрва, снег на планината Олимп донесе невремето во Грција односно бурата што од грчките метеоролози го доби името Ксенофон. Како што јави дописничката на МИА од Атина, во основно училиште во една атинска …

Грција погодена од бурата Ксенофон Read More »

Кај скопјанец пронајдени хероин и кокаин, полицијата поднесе кривична пријава


Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, со кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје го предаде лицето Ќ.Ј.(52), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ. На …

Кај скопјанец пронајдени хероин и кокаин, полицијата поднесе кривична пријава Read More »

Иванов ќе бојкотира, па ќе се пензионира


Својата, веројатно, последна посета на САД како претседател на Македонија, Ѓорге Иванов ја искористи за оттаму да испрати пораки за бојкот на претстојниот референдум за името, проблем што подолго од две и пол децении го попречуваше остварувањето на стратегиските приоритети на државата. Со сличен тоналитет се очекува да биде и утрешното обраќање на Иванов пред …

Иванов ќе бојкотира, па ќе се пензионира Read More »

Австриското МВР обвинето дека ја ограничува слободата на медиумите


Австрискиот државен врв и меѓународни претставници го критикуваа потегот на службеник на Министерството за внатрешни работи на Австрија, кој на регионалната полиција и препорачал да ја ограничи комуникацијата со „тенденциозни медиуми“, меѓу кои и со весникот „Стандард“. Службеникот коментирал написи во „Стандард“ и други медиуми, кои ги оценил како некоректни кон полицијата и во интернет …

Австриското МВР обвинето дека ја ограничува слободата на медиумите Read More »

Компаниите од северозападна Македонија се „за“ референдумот и очекуваат позитивен исход


Ситуацијата со референдумот е црно – бела. Нема нијанси. Одлуката е за подобар економски стандард и подобра бизнис клима или за стагнација, им порача денеска вицепремиерот Бујар Османи на стопанствениците од северозападна Македонија. Како што изјави по состанокот, одлуката на 30 септември ќе биде драматично позитивна или драматично негативна за бизнисот. – Одлуката што ќе …

Компаниите од северозападна Македонија се „за“ референдумот и очекуваат позитивен исход Read More »

Србија ги проверува границите за случаи на „мајмунски сипаници“


Србија воведе засилени контроли на граничните премини поради појавата на случаи на така наречени „мајмунски сипаници“ во земји во Западна Европа, јави Танјуг. – Го контролираме авионите што доаѓаат од загрозените подрачја. Засега се работи за патници од Нигерија, а ако биде потребно и од соседните земји, изјави Зоран Панајотовиќ од српското Министерство за здравство. …

Србија ги проверува границите за случаи на „мајмунски сипаници“ Read More »

НБРМ: Нема причини, ниту потреба да се отвораат дебати за евентуална девалвација на денарот


Народната банка на Република Македонија стои на ставот за оптималност на постојниот режим на девизниот курс и смета дека не постојат причини ниту каква било потреба да се отвораат дебати за евентуална девалвација на денарот. Во соопштението испратено до медиумите се наведува дека Народната банка, како институција надлежна за конципирање и спроведување на монетарната политика, …

НБРМ: Нема причини, ниту потреба да се отвораат дебати за евентуална девалвација на денарот Read More »

Иванов утре ќе се обрати на Генералното собрание на ОН


Претседателот Ѓорге Иванов утре ќе се обрати на 73. Генерално собрание на Обединетите нации кое годинава се одржува на тема „Да ги направиме Обединетите нации релевантни за сите. Глобално лидерство и заедничка одговорност за мирни, рамноправни и одржливи општества. Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, вчера присуствувал на отворањето на генералната дебата на Генералното собрание …

Иванов утре ќе се обрати на Генералното собрание на ОН Read More »

Тупурковски се јави: По 27 години ова е единствено реално решение


Договорот за името треба да го прифатиме како единствено реално решение. На референдумот на 30 септември нема да водиме партиски борби, туку ќе се бориме за нашето единство. Тоа е најголемата придобивка од овој референдум доколку како народ и граѓани тоа сакаме да го разбереме, изјави за МИА професорот по меѓународно право, основач и претседател …

Тупурковски се јави: По 27 години ова е единствено реално решение Read More »

Објавена книгата „Утехи“ од Сенека


Книгоиздателството „ВиГ Зеница“ од Скопје ја објави книгата „Утехи“ од римскиот филозоф, писател и драматург Лукиј Анеј Сенека. Преводот од латински е на Билјана Чаловска-Караевска. Станува збор за три текста што во вид на епистоли (писма) ги напишал староримскиот мислител, секое од нив именувајќи го Утеха. Своите философски писма на утехи ги адресирал до три …

Објавена книгата „Утехи“ од Сенека Read More »

Шестотини илјади гласа „за“ ќе му дадат легитимитет на референдумот


Доколку има еден глас против повеќе на референдумот, Владата ќе се поклони и ќе каже „оваа работа не поминува“. Ако мнозинството каже „да“, дури и да нема цензус, тоа ќе биде земено предвид, но процедурата ќе се врати во Собранието. Само неколку часа по оваа изјава на шефот на дипломатијата Никола Димитров, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ …

Шестотини илјади гласа „за“ ќе му дадат легитимитет на референдумот Read More »

МВР ќе издава лични карти во сабота и недела


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите Одделенија за управни работи ќе работат во сабота и недела (29 и 30.09.2018). Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само …

МВР ќе издава лични карти во сабота и недела Read More »

Македонија утре го почнува скрининг процесот за преговорите со ЕУ


Македонија в четврток го започнува скрининг процесот за пристапување во Европската унија. Во Европската комисија во Брисел утре заминува 40 члена делегација составена од претставници на повеќе министерства и институции, предводена од вицепремиерот Бујар Османи, која ќе го започне скринингот за поглавјето 23 – правосудство и фундаментални права. Во делегацијата ќе биде и министерката за …

Македонија утре го почнува скрининг процесот за преговорите со ЕУ Read More »

Телохранителот на Спасовски до обвинетите: Јас Ви простувам, но судот ќе пресуди


Она што им се случило попладнето на 27 април минатата година во Собранието, сведоците повторно го преживуваат во судница. Ацо Ангеловски, кој тогаш го обезбедувал тогашниот пратеник, а сегашен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски се сети на ужасните сцени додека дел од обвинетите му поставуваа прашања што обвинителката Вилма Рускоска ги нарече неуспешен обид …

Телохранителот на Спасовски до обвинетите: Јас Ви простувам, но судот ќе пресуди Read More »