Таткото на девојчето што се удави во Вардар ќе ја тужи актерката Ирена Ристиќ


Фејсал Меџити, таткото на тинејџерката која се удави во водите Вардар во Гостивар бегајќи од куче, најави тужба против актерката Ирена Ристиќ која изминатиов викенд на својот Фејсбук профил објавила дека тинејџерката била убиена од својот татко. Како мотив во незјиниот пост ја навела трагичната љубовна врска, бидејќи се заљубила во друго момче, а била …

Таткото на девојчето што се удави во Вардар ќе ја тужи актерката Ирена Ристиќ Read More »

Собранието го усвои и четвртиот Нацрт-амандман, следи јавна расправа


Собранието на Република Македонија попладнево го утврди и четвртиот Нацрт-амандман на Уставот предвиден со уставните измени согласно Договорот од Преспа. За Нацрт-амандманот, што се однесува на грижата на државата за иселениците, беше прифатен со 66 „за“ и седум „против“, а тројца пратеници беа воздржани. Собранието усвои и неколку заклучоци согласно кои ќе следи јавна расправа …

Собранието го усвои и четвртиот Нацрт-амандман, следи јавна расправа Read More »

Харадинај на средбата со Хан: Се надевавме на добри вести за визната либерализација


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај го пречека попладнево еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој престојува во Приштина на средба со државниот врв, со зборовите „се надевавме дека доаѓате со добри вести за визната либерализација за Косово во пресрет на Божик“. Харадинај, на влегување со гостинот од Брисел во неговиот кабинет во Владата на Косово, рече дека, …

Харадинај на средбата со Хан: Се надевавме на добри вести за визната либерализација Read More »

Катругалос ќе се сретне со Димитров на маргините на министерскиот состанок на НАТО во Брисел


Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров на маргините на министерскиот состанок на НАТО во Брисел, соопшти Катругалос на денешниот брифинг со новинарите во грчкото МНР. И покрај последните случувања во Грција и мобилизацијата на учениците поради Договорот од Преспа, алтернативниот шеф на …

Катругалос ќе се сретне со Димитров на маргините на министерскиот состанок на НАТО во Брисел Read More »

Откажана посетата на Јункер на Париз поради „Жолтите елеци“


Утрешната посета на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер во францускиот парламент е откажана поради кризата со „Жолтите елеци“. Претседателот на францускиот парламент, Ришард Феран, потврди денеска дека посетата на Јункер ќе биде одложена. Јункер требаше да се обрати пред француските пратеници од Долниот дом и да одговара на нивните прашања. -Оваа одлука, донесена …

Откажана посетата на Јункер на Париз поради „Жолтите елеци“ Read More »

Едно лице загина во бизарна несреќа во Гостивар


Гостиварец починал од повреди на главата кога од камион со кој се разминувал паднале метални шипки врз неговото возило. Според СВР Тетово, несреќата се случила околу 13 часот на улицата „Илинденска“, во близина на поранешен „Жито Шар“ во Гостивар. Од товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, што го управувал Б.С. (58) при разминување со …

Едно лице загина во бизарна несреќа во Гостивар Read More »

Убиен Албанец-командант во терористичката ИД


Во судири со сириските демократски сили (СДС) во близина на градот Хаџин, во источниот дел на Сирија убиен е Албанец, командант во структурите на терористичката „Исламска држава“. Според албанските медиуми станува збор за Албанец познат под името Абу Усама Ал-Албани, еден од главните команданти во ИД. Се смета дека командантот на ИД е странец од …

Убиен Албанец-командант во терористичката ИД Read More »

ЗНМ: Медиумските реформи да се вратат во Планот 18


Здружението на новинари на Македонија бара од Владата да ги врати медиумските реформи во Планот 18 и сериозно да се посвети на ветувањата дадени на новинарската заедница и на Советот на Европа за корекција на Изборниот законик, кој летоска беше изменет и дополнет без дебата и нетранспарентно. -Здружението на новинари на Македонија протестира што Владата ги …

ЗНМ: Медиумските реформи да се вратат во Планот 18 Read More »

Познати полуфиналните двојки во Лигата на нациите


Европскиот шампион Португалија, кој ќе биде домаќин на натпреварите од финалната четворка во Лига „А“ на новиот турнир на УЕФА, ќе игра со тимот на Швајцарија за место во финалето на Лигата на нациите. Во другиот дуел, полуфиналистот од Мундијалот 2018, Англија ќе се сретне со тимот на Холандија. Првиот полуфинален натпревар е на 5 …

Познати полуфиналните двојки во Лигата на нациите Read More »

Синдикатот на УПОЗ се закани со штрајк, бара оставка од Караџосски


Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судски службеници упати последен апел за сериозно решавање на нивните барања и најавија дека доколку во наредните денови не се најде решение ќе организираат штрајк. Датумот на организирање на штрајкот, како што рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Груевски на прес-конференција, дополнително ќе биде одреден доколку не се …

Синдикатот на УПОЗ се закани со штрајк, бара оставка од Караџосски Read More »

Четвртиот нацрт-амандман пред пратениците


Македонското Собрание на продолжението на 64. седница ја започна дебатата за XXXVI нацрт-амандман, последниот предвиден со уставните измени, согласно Договорот од Преспа, а се однесува на иселениците. Со него „Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, a притоа нема да се меша …

Четвртиот нацрт-амандман пред пратениците Read More »

Одбележан Меѓународниот ден за лица со попреченост


Зајакнување на капацитетите и можностите на лицата со попреченост и обезбедување нивна инклузивност и еднаквост во општеството, беа дел од темите на кои се разговараше на денешното одбележување на Меѓународниот ден на лица со попречености на Филолошкиот факултет во Скопје во организација на Институтот за дефектологија. Заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов изјави …

Одбележан Меѓународниот ден за лица со попреченост Read More »

Филипче ќе дели специјални маски за заштита од загадување


Разгледуваме алтернатива и собираме податоци за тоа која ризична група граѓани може дополнително да се заштити од аерозагадувањето со специјални маски и кога ќе ја имаме таа бројка ќе видиме на кој начин ќе може да ги набавиме и да им ги поделиме, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за …

Филипче ќе дели специјални маски за заштита од загадување Read More »

Рочиштето за „Титаник 2“ продолжува на 18 декември


Со изведување на материјалните докази на одбраната во Кривичниот суд во Скопје заврши денешното рочиште за предметот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. Следното рочиште е закажано за 18 декември, во 10 часот, кога свои искази треба да дадат сведокот на одбраната Љупка …

Рочиштето за „Титаник 2“ продолжува на 18 декември Read More »

Омбудсман: Градинките не ги нудат потребните услови за прием и оптимален развој на секое дете


Предучилишното образование не ги нуди потребните услови и можности за прием и оптимален развој на секое дете. Во отсуство на механизми за системско идентификување, евидентирање и следење на децата со попреченост од најрана возраст, во голема мера се намалуваат можностите за рана стимулација, што го отежнува престојот на децата со попреченост во градинките, кој се …

Омбудсман: Градинките не ги нудат потребните услови за прием и оптимален развој на секое дете Read More »

Младеновски добивал инструкции од Нинџа за „27 април“


Во Кривичниот суд денешното рочиште за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија, продолжи со исказот, во негова одбрана, на обвинетиот Стефан Младеновски, кој, според исказот, добивал наредби од обвинетиот Александар Василевски- Нинџа. Објасни дека кога на чело на Управата за безбедност и контраразознавање бил назначен Владимир Атанасовски, за тоа дознал …

Младеновски добивал инструкции од Нинџа за „27 април“ Read More »

Столтенберг: Белград и Приштина да се воздржат од провокации


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ги повика Белград и Приштина да се воздржат од провокативни акции и реторика, со цел да се намалат тензиите и да се обезбеди напредок. Столтенберг нагласи дека НАТО го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, како единствен начин да се решат отворените прашања. Тој истакна дека НАТО ќе …

Столтенберг: Белград и Приштина да се воздржат од провокации Read More »

Филипче: Ќе се зајакне начинот на закажување прегледи преку „МојТермин“


Значително ќе се зајакне начинот на кој се обезбедуваат термините за преглед во рамки на системот „МојТермин“, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање. Појасни дека секоја недела имаат координативни состаноци со директорите на клиниките посебно таму каде е најголем притисокот за термини, а тоа се Клиниката за радиологија и некои …

Филипче: Ќе се зајакне начинот на закажување прегледи преку „МојТермин“ Read More »

Собранието го усвои и третиот нацрт-амандман на Уставот


Собранието на Република Македонија на денешното продолжение на 64. седница со 64 гласа „за“, 14 „против“ и двајца воздржани го утврди XXXV нацрт-амандман на Уставот, во кој ќе стои „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”. Пратениците од власта и од опозицијата во текот на дебата останаа на своите позиции …

Собранието го усвои и третиот нацрт-амандман на Уставот Read More »

Три награди во Никшиќ за претстава по текст на Горан Стефановски


Претставата „Љубовни пози на историјата“ по текст на Горан Стефановски, а во режија на Наташа Поплавска освои три награди на Меѓународниот фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора. Претставата ја игра ансамблот на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“. Дибитници се на награда за најдобра епизодна женска улога за Ангела Наумоска за улогата на Госпоѓица, награда за …

Три награди во Никшиќ за претстава по текст на Горан Стефановски Read More »