Пронајдена е малолетната кичевка пријавена за исчезната


Пронајдена е 15-годишната кичевка по која трагаше полицијата по пријава од нејзината мајка. Како што известува портпаролот на СВР -Охрид Стефан Димоски, девојчето синоќа било пронајдено околу полноќ. -На 13 јануари оваа година, во 15 часот и 15 минути во полициската станица во Кичево, У.С.44 годишен од Кичево пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка исчезнала. Полициската …

Пронајдена е малолетната кичевка пријавена за исчезната Read More »

(ВИДЕО) Македонските туристи скијале по необележани патеки во Банско


Директорот на Планинската служба за спасување при бугарскиот Црвен крст, Емил Нешев, во изјава за бугарското радио „Фокус“ вели дека однесувањето на македонските скијачи било многу неодговорно. Тој коментирајќи ја вчерашната спасувачка акција, во која петмина македонски скијачи беа извлечени од бездна во која паднале на планината Пирин бидејќи скијале по необележани патеки. Нешев не сакаше да зборува …

(ВИДЕО) Македонските туристи скијале по необележани патеки во Банско Read More »

Серијата „Успех“ го освојува регионот и Европа


Првата серија во регионов во продукција на Ејџ-би-о ги прикажа првите шест епизоди од првата сезона и доби позитивни критики и од гледачите и од стручната јавност. Сценариото е напишано од Марјан Алчевски, Македонец кој живее и работи во Загреб, а е режирана од босанскиот режисер Данис Тановиќ, добитник на „Оскар“ за филмот „Ничија земја“. …

Серијата „Успех“ го освојува регионот и Европа Read More »

Додека Брисел чека владеење на правото: Ќе го кастрираат ли пратениците СЈО?


Одговорноста за масовното прислушување во Македонија и пресудите за висока корупција влегоа во препораките на европските министри. Ова се дел од условите на Брисел за започнување на преговорите со Македонија во јуни 2019 година. Но институцијата што беше формирана токму за да го истражи масовното прислушување, Специјалното јавно обвинителство, се соочува со опасност да остане …

Додека Брисел чека владеење на правото: Ќе го кастрираат ли пратениците СЈО? Read More »

Утре започнува расправата за доверба на Владата на Ципрас, гласањето в среда


Во 10 часот наутро по локално време, во грчкиот Парламент ќе започне седницата за обновување на довербата на владата, по барање на премиерот на Грција, Алексис Ципрас, што ќе заврши во среда навечер со гласање доверба, јави дописничката на МИА од Атина. Предвидено е расправата, со говор, да ја отвори и да ја затвори грчкиот …

Утре започнува расправата за доверба на Владата на Ципрас, гласањето в среда Read More »

Данелис: Ципрас со Заев и Коѕијас со Димитров пишуваат историја


Сега сме ние на ред, вели пратеникот од партијата Река, Спирос Данелис, по успешно изгласаните уставни измени во македонското Собрание и во пресрет на ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент. Говорејќи на конференција посветена на договорот, Данелис истакна дека Ципрас со Заев и Коѕијас со Димитров пишуваат историја и уште еднаш го повтори …

Данелис: Ципрас со Заев и Коѕијас со Димитров пишуваат историја Read More »

По 21 пат карневал под маски во Куратица


Жителите на охридското село Куратица по 21 пат празникот на селото Свети Василиј Велики ќе го одбележат со голем карневал под маски. Карневалската програма започна синоќа со поаѓањето на Василичарската поворка, во чии рамки курајчките василичари ги посетуваат сите домаќинства во селото. Манифестацијата продолжува денеска, а официјалниот дел со дефилето на маските низ селото е …

По 21 пат карневал под маски во Куратица Read More »

Пронајдена црната кутија од урнатиот авион на „Лајон ер“


Индонезиски нуркачи ја пронајдоа црната кутија од авионот на компанијата „Лајон ер“, што во октомври се урна во Јаванско Море. Индонезискиот заменик министер за моранарица Ридван Џамалудин изјави дека на дното на морето пронајдени се и останките на некои од 189 патници кои настрадаа во несреќата. Потрагата по црната кутија почна во петокот со користење …

Пронајдена црната кутија од урнатиот авион на „Лајон ер“ Read More »

Лазаров: Најтешките натпревари се пред нас


Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров рече дека за „црвено-жолтите“ допрва следуваат тешките натпревари на Мундијалот. Македонија забележа две победи на стартот против Јапонија и во 2.коло со Бахреин, а вечерва ја очекува мечот со Хрватска. – Добро го отворивме шампионатот. Имаме две победи, но најтешките натпревари се пред нас. Ние не располагаме со широк ростер …

Лазаров: Најтешките натпревари се пред нас Read More »

Нови авиолинии од Македонија кон Финска, Кипар, Германија и Италија


Осум нови дестинации преку авиокомпанијата „Визер“ ќе им бидат достапни на македонските граѓани од скопскиот и охридскиот аеродром. Четири нови линии ќе бидат воспоставени од скопскиот и четири од охридскиот аеродром. Отворањето на новите авио линии е овозможено преку тендерот за нискобуџетски авиолинии што го распиша Владата, а на кој како единствена компанија се пријави …

Нови авиолинии од Македонија кон Финска, Кипар, Германија и Италија Read More »

Каменос преку Твитер отстрани членови од Независни Грци


По министерката за туризам, Елена Кундура и заменик министерот за земјоделство, Василис Кокалис е отстранет од пратеничката група на Независни Грци. Исто како и за Кундура, така и за Кокалис, лидерот на партијата, Панос Каменос реагираше преку неговиот официјален Твитер профил, јави дописничката на МИА од Атина. -Василис Кокалис иако се наоѓа во фаза на …

Каменос преку Твитер отстрани членови од Независни Грци Read More »

Папахристопулос: Ќе гласам за Договорот од Преспа, па ќе го отстапам пратеничкото место


Пратеникот од Независни Грци, Танасис Папахристопулос, кој и во минатото јавно изјавуваше дека го поддржува Договорот од Преспа, во интервју за грчката телевизија ЕРТ, го повтори неговиот став дека откако ќе гласа за ратификацијата, ќе го отстапи пратеничкото место, јави дописничката на МИА од Атина. -Пратеничкото место нема да го отстапам сега, бидејќи партиските линии …

Папахристопулос: Ќе гласам за Договорот од Преспа, па ќе го отстапам пратеничкото место Read More »

Фредрик Бакман преведен на македонски јазик


Романот „Баба ми ве поздравува и ви се извинува“ од шведскиот мегаактуелен писател Фредрик Бакман е преведен на македонски јазик, соопшти издавачката куќа „Антолог“. Бакман важи за еден од најчитаните и најпродаваните шведски автори во светот и конечно и македонската публика ќе има можност да ги чита на македонски јазик неговите бестселери што ги освоија …

Фредрик Бакман преведен на македонски јазик Read More »

Османи: Годинава ќе има резултати од реформите


Со имплементацијата на Договорот од Преспа преку носењето на уставните амандмани во Собранието, успеавме да ги затвориме буквално сите отворени политички прашања, оставајќи простор за поширока и подлабока имплементација на реформскиот процес, рекол вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи, на денешниот брифинг со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Македонија пред кои го претставил …

Османи: Годинава ќе има резултати од реформите Read More »

(ВИДЕО) Разнесена зграда при експлозија на гас во Русија


Во експлозија на гас во станбена зграда во рускиот град Шактија загина едно лице, а две се повредени, соопшти утрово Министерството за вонредни ситуација. Спасувачите се местото на инцидентот и го пребаруваат теренот. Најмалку 10 луѓе биле во становите покрај тој во кој се случи експлозијата.

Червар: Против Македонија нема да ни биде воопшто лесно


Селекторот на Хрватска, Лино Червар, е претпазлив пред денешниот дуел со Македонија во рамките на 3.коло Б-група на Светското ракометно првенство. – Македонците многу добро ги познавам. Сите овие играчи ги тренирав, тие сакаат да се докажат и да не победа. Играат паметно. Нема да ни биде нималку лесно. Бев селектор на Македонија и секогаш …

Червар: Против Македонија нема да ни биде воопшто лесно Read More »

Студот и снегот однесоа уште една жртва во Албанија


Минусните температури и снегот однесоа уште една жртва во Албанија, јави дописникот на МИА. Станува збор за 53-годишен жител на селото Горно Селце, кој е пронајден замрзнат во местото Проптиште кај Корча. Тој, пред два дена со магаре заминал во Проптиште по набавка на прехрамбени артикли за семејството, но не се се вратил. Откако магарето …

Студот и снегот однесоа уште една жртва во Албанија Read More »

Во библиотеката во Гевгелија лани позајмени 30.000 книги


Околу илјада членови на градската библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија во 2018 година прочитале околу 30.000 книги што, според библиотекарите, е бројка за почит. Според нив, има читатели кои годишно читаат по 30 книги, а некои дури и по 100 и повеќе книги од богатиот фонд на библиотеката. Доколку се направи просек, велат библиотекарите, излегува …

Во библиотеката во Гевгелија лани позајмени 30.000 книги Read More »

Археолошкиот музеј подготвен за изложбата „100 години Требениште“


Ексклузивната изложба „100 години Требениште“ по повод еден век од истражувањата на овој локалитет кај Охрид, Археолошкиот музеј на Македонија ќе ја отвори наскоро. Датумот на отворањето и времетраењето на изложбата ќе ги соопшти официјално оваа недела. На изложбата ќе бидат претставени златните маски од 6 век п.н.е.  и други предмети најдени во некрополата кај …

Археолошкиот музеј подготвен за изложбата „100 години Требениште“ Read More »

Градоначалникот на Гдањск избоден на хуманитарен собир


Градоначалникот на полскиот град Гдањск, Павел Адамович, кој синоќа е избоден додека стоеше на бина за време на хуманитарен собир, е во тешка здраствена состојба. Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека „лекарите успеале да го реанимираат срцето на тешко повредениот градоначалник Адамович и оти постои надеж, но оти неговата состојба е многу тешка“. Според полската …

Градоначалникот на Гдањск избоден на хуманитарен собир Read More »