Арсовска и Перо – Камиказа одбиле учество на дебата на сите кандидати за градоначалници на Скопје
Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска и кандидатот Петар Георгиевски – Камиказа поддржан од Левица, одбиле да присуствуваат на дебатата на Макфакс и А1он со другите кандидати за градоначалник на Град Скопје.
Овие медиуми пишуваат дека иако секој кандидат има право да одлучи како ќе се однесува во текот на кампањата и да избере каде ќе настапува, сепак очигледно е дека Арсовска засега избегнува директно соочување со другите кандидати, посебно со актуелниот градоначалник.
Утре на дебата во студиото на Макфакс и А1он ќе се соочат кандидатите за
градоначалници на Град Скопје.
Сите кандидати кои биле поканети го прифатиле учеството, освен Данела Арсовска, а првично прифатил, па откажал и кандидатот поддржан од Левица, Георгиевски.
Од тимот на Арсовска ја одбиле поканата со образложение дека таа е зафатена со претходно договорени обврски во кампањата.