Арсовска денеска со докази за дивоградби во Чаир, ќе оди во ОЈО

Откако ОЈО ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да дојде, а кај нив денеска има на располагање дежурен јавен обвинител, веднаш без одлагање, доколку сака да ја сослуша за сите сомненија, сознанија и закани и да ги провери сите околности, таа најави дека ќе оди во 15 часот.
– Денес (сабота 31.05.2025) во 15 часот пред Јавното обвинителство во Скопје, градоначалничката на град Скопје ќе достави релевантни докази за дивоградбите во општина Чаир. За обезбедување фалсификати како доказ за постапка за што мора да постапува Јавното обвинителство по службена должност и да спречи компромитирање на доказен материјал, од Град Скопје пуштени се над 15 соопштенија за целата јавност и сите наводи се јавно објавени за кои обвинителството е добро запознаено видно од нивните изјави за медиуми – соопштија од Градот.
ДОдаваат дека иако досега за милион постапки постапувале и по анонимни пријави и по допрен глас затоа што тоа им е обврска и должност, бидејќи по 10 дена повикување за постапување од целата јавност, морало името на градоначалничката да го имаат и формално за дополнително да ја малтретираат институционално место сторителите на кривичните дела и да ја стават во дополнителна опасност, таа бидејќи не се плаши од Висар Ганиу и Изет Меџити, денес ќе достави документација до Јавното обвинителство во надеж дека конечно ќе се постапи со цел обезбедување на доказите кои се обидуваат да ги уништат.