Арсовска бара оставка од Славески


Градоначалничката на Град Скопје Далена Арсовска, денеска побара неотповиклива оставка на претседателот на Советот Трајко Славески, а воедно поднесе и итна претставка до Министерството за локална самоуправа и Инспекторатот за локалната самоуправа.

„Во ниту еден случај, Советот не смее да биде оставен во рацете на човек кој нема основни морални и етички прерогативи. Невидено и недозволено е, 45 совентици, претставници на скопјани да бидат заложници на копчето на Трајко Славески кој денес ја одложи седницата за советнички прашања бидејќи наводно му била одземена можноста да исклучува говорници кога не му се допаѓа нивниот говор“, велат од Град Скопје.

Затоа, сметаат дека од сечија корист би било Трајко Славески да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата, со цел да се спречи блокирањето на функционирањето на градот и претпријатијата на градот Скопје… Недозволиво е, граѓаните на градот Скопје поради потребите на оваа политичка групација која институционално но и вон-институционално прави сѐ да прикаже „неспособност“ на градската администрација, тоа да го прави на штета на скопјани“, велат од таму.

Против претседавачот на Советот на град Скопје Трајко Славески е поднесена итна претставка до Министерството за локална самоуправа и Инспекторатот за локалната самоуправа поради тешки прекршувања на Уставот во член 16. Законот за локална самоуправа во член 48. и Деловникот град Скопје во член 57, соопштија од Град Скопје.

Инаку, денеска Славевски ја откажа седницата на која требаше да се поставуваат советнички прашања,з атоа што не му било вратено копчето со кое може да контролира кој колку зборува од говорница, а од пултот го собра микрофонот, па бараше градоначалничката и советниците да се обраќаат од место или да седнат до него.

Откако Арсовска доби дополнителен мобилен сет за обраќање, Славески ја прекина седницата и ја закажа за 14 овојмесец, пред почетокот на редовната седница.

Апелираме, министерството и инспекторатот веднаш да ја разгледаат претставката и соодветно да реагираат во корист на скопјани.