„Арс Ламина” донираше 1000 книги за училиштата во Карпош

Издавачката куќа „Арс Ламина” донираше по 100 книги за десетте основни училишта во Општина Карпош. Во рамки на кампањата „Читањето е супермоќ”, која е поддржана и од Филозофскиот факултет во Скопје и здружението за дислексија „Ајнштајн”, денеска во просториите на ООУ ,,Лазо Трповски” се одржа презентација која има за цел да се збогати библиотечниот фонд во училиштата и да се поттикнат читачките навики кај децата.
– Општина Карпош го ужива овој благодет, кој пред се е од огромно значење за развојот во образованието на децата, а мисијата на кампањата е преку понуда на атрактивни изданија да предизвика и одржи интерес за читање кај учениците. Издавачката куќа ,,Арс Ламина” со години е сериозна поддршка на наставно образовниот процес со понуда на изданија, што се користат во и надвор од наставната програма, се наведува во соопштението од Општина Карпош.
На денешната презентација присуствуваа директорките на училиштата, библиотекарите, како и дел од наставниот кадар од сите основни училишта на територија на Општина Карпош.