Архитектите Ан Лакатон и Жан-Филип Васал се годинешни добитници на Прицкеровата награда

Франција– Ан Лакатон и Жан-Филип Васал, основачите на студиото „Лакатон и Васал“, се добитници на годинашната Прицкерова награда, највисокото признание во архитектурата. Француското дуо, познато по многубројните одржливи проекти за домување и галеријата за современа уметност „Палата Токио“ во Париз, соработува повеќе од три децении.
„Зградите се убави кога луѓето се чувствуваат добро во нив. Архитектурата не треба да биде демонстративна или наметлива, туку треба да биде корисна и убава и тивко да го поддржува животот што ќе се одвива во неа“, изјави Лакатон.