Апсење во Центар, Кисела Вода и на Бит Пазар за дрога
На повеќе локации низ Скопје полицијата апсела луѓе кои поседувале или препродавале дрога.
– На 16.10.2024 во 13.00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.П.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
– На 16.10.2024 во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Н.(43) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
– На 16.10.2024 во 21.35 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ч.(19) од Берово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
– На 16.10.2024 во 23.25 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.А.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следува соодветен поднесок против сторителите.