Skip to content

08/04/2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Пребарај
Независен Весник
Пребарај
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Апостолакис: И двете страни да ги извлечат позитивните работи од Договорот од Преспа

19/07/2019 08:17

Да се погрижиме да се спроведе Договорот од Преспа онака како што е потпишан и сите ние да ги извлечеме позитивните работи од него, вели  поранешниот министер за одбрана на Грција во владата на СИРИЗА и поранешен началник на Генералштабот на грчката армија, Евангелос Апостолакис.

Апостолакис изразува оптимизам дека промените во Грција нема да го запрат континуитетот на соработка, иако смета дека ќе биде потребно малку време за адаптација, вели и двете страни веруваа и успеаја да започнатата одбранбена соработка, која оди напред.

Апостолакис во јануари, во владата на СИРИЗА дојде на местото на Панос Каменос во Министерството за одбрана на Грција и за време на посетата на тогашниот премиер Алексис Ципрас на Скопје, со Радмила Шекеринска потпишаа сеопфатен Договор за соработка во одбраната.

Господине Апостолакис, Вие имавте чест, додека бевте министер за одбрана, да започне одбранбената соработката меѓу двете земји.

– Започнавме една соработка која ценам дека продолжува. Сметав дека е можност и за двете држави да започнат соработка, дека можеме да си помогнеме еден на друг, особено во однос на вооружените сили, бидејќи беше многу важно да се започне со одредени работи и многу брзо беа воспоставени некои контакти и конкретни чекори. Целта беше да ѝ помогнеме на Северна Македонија колку е можно побргу да се адаптира и да се поврзе, да стане член на НАТО, да помогнеме во прашањата поврзани со безбедноста и да соработуваме во оние теми со кои што се соочуваме како заеднички проблеми во регионот. И двете страни верувавме во тоа. Започнавме многу добро. Оди напред…

Договорот од Преспа наиде на критики и од двете страни на границата и во двете земји…

– Она што често го велам е дека независно од тоа што веруваат од едната или од другата страна за позитивните резултати дали беше добар или лош договорот, она што сега треба да направиме е сите ние да ги извлечеме позитивните работи. Да се погрижиме да се спроведе како што е потпишано и да биде позитивен за сите, а не да се труеме со тоа дали беше добар или лош. Толку години го живеевме ова.

Веќе е реалност договорот…

– Да. Единствено нешто што треба да гледаме е како да произлезе нешто позитивно. Ова е многу важно.

Со промената на власта во Грција, Вие лично сте оптимист дека ќе има континуитет? Ќе продолжи започнатата соработка?

– Јас сум оптимист дека ќе има континуитет. Ќе се надминат некои тешкотии. Потребно е малку време за да има адаптирање на новата ситуација и од едната и од другата страна. Мислам дека се ќе биде во ред, бидејќи е потребно и треба да биде така. (МИА)


Поврзани содржини

Ѓорѓиевски му понуди шеќер и вода на Симоновски од СДСМ – го прати и на планински масив
07/04/2026 20:04
Законот за правична и соодветна застапеност доби зелено светло од Владата
07/04/2026 18:04
Алиу: Науката како двигател на подостапно здравство – одбележан 7 април, Светски ден на здравјето
07/04/2026 18:04
Состојбата со Рашче е стабилна, се испитуваат три позиции во Скопје, кои би биле алтернатива
07/04/2026 17:04

Судски совет со апел до медиумите да не ги таргетираат судиите
07/04/2026 16:04
Орце Ѓеорѓиевски ги нарече бандити, тие се појавија со маици „Бандит“
07/04/2026 16:04
Зелен Хуман Град го обвини Град Скопје за „легален грабеж“
07/04/2026 15:04
Пробиен е патот од Маврово до Галичник, се вози во снежни услови
07/04/2026 15:04

Најчитани


  • Вреди тврди дека Ахмети купил зграда од пет ката во центарот на Тетово
    05/04/2026 18:10
  • Американци ќе копаат антимон во Македонија, Мицкоски го нуди и „Чебрен и Галиште“
    07/04/2026 12:29
  • Драматично предупредување од ЕУ: Подгответе се за најлошото, ова ќе биде долга криза
    03/04/2026 16:19
  • Дури 210.000 Македонци докажале дека имаат бугарско потекло, тврди Софија
    03/04/2026 14:43
  • Иран ја предупреди Бугарија
    01/04/2026 14:48
  • Кај новиот „Лидл“ во Кавадарци ќе се гради кружен тек
    03/04/2026 12:40

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење