Аплициравме регуларно и навремено, велат од Општина Сарај, за одбивањето го посочува Меџити
Општина Сарај не доби финансиска подршка од повикот на владата, иако
аплицираше регуларно и навремено во надлежните институции, реагираат од Општината откако нивните предлози беа одбиени од страна на Владата за финансирање инфраструктурни проекти.
Од Општина Сарај во реакцијата до медиумите посочуват дека главен одговорен за тоа е Министерството за екологија и животна средина предводена од Изет Меџити, која, како што велат, и по четири месеци и пуштени две ургенции од страна на општината, го блокирал и не дал согласност на проектот за патот во село Ласкарци.
„Поточно, ресорното министерството според предвидените рокови со закон, требаше да даде согласност најкасно до 19 јули 2024 година, кое сеуште не го сторилa. Исто така, општината за овие опструкции го извести писмено и Министерството за локална самоуправа“, велат од Општина Сара.
Од таму додаваат дека Владата не го подржала и вториот проект, за патот Долно Свиларе – Горно Свиларе, кое ги има сите потребни технички документи.