Апасиев повикува на радикализиција за да падне власта


 
 

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, истакна дека состојбата е алармантна и дека демократијата е парализирана.

„Ова е преседан кој ќе ни се врати од глава. Кога можете пратеник да киднапирате и да држите… Не знам дали го видовте видеото, мене ми изгледаше како оние заробеници на терористички организации пред егзекуција. Ситуацијата е опасна, граѓаните треба да ја сфатат сериозноста. Мислам оваа власт не паѓа со мило, и треба радикализација на состојбата“, порача Апасиев.