Апасиев го нападна Ѓорѓиевски – бил „маче со фејкерска напувана ароганција“


 

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, излезе со остра реакција по настапот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, на дебатата со Амар Мециновиќ, каде што Орце арогантно го нарече „хендикеп“ тоа што Мециновиќ работел физички и нископлатени работи за да го издржува своето семејство.

Во објава на Фејсбук, Апасиев го опиша Амар како „блескав млад човек кој живее со самохрана мајка, со просек 9,8 и кој течно зборува четири јазици“, но кој поради сиромаштијата бил принуден да ги стави студиите во мирување и да работи како градежен работник, на бензиска пумпа, во месара, како хонорарен новинар, диспечер и фриленсер.

Имаш БРИЛИЈАНТЕН млад човек кој живее со самохрана мајка во Чаир и има просек 9,8 на политички студии. Но, сиромаштијата (во која нѐ втурнаа да живееме овие транзициски пацови) затропува и на вратата на ова семејство. Па, апсолвентот, кој течно говори четири јазици, мора да ги стави студиите во мирување и да почне да работи како градежен работник, на бензиска пумпа, во месара, како хонорарен новинар, диспечер и фриленсер – за да може да преживее и да плаќа сметки.

 Од паричната награда по победата на Ораторската вечер си го купува првиот лап-топ у животот и машина за миење садови на мајка му (која го израснала во начитан, културен и воспитан човек).
 
Му пука филмот од гнилото општество и решава политички да се ангажира, ама не се шитнува на ВМРО-СДСМ шемата за да го вработат на државно. Го одбира потешкиот пат, па учествува во градењето на нова неискварена левичарскапартија, на која подоцна ѝ станува портпарол.
 
И доаѓа привилегиран примитивец од злосторничкото здружение ДПМНЕ (политиколог од ЕВН, буткан цел живот со врски) и пред цел народ, на наместена утакмица, елитистов му вика на нашиов: ‘Тоа е твој ХЕНДИКЕП’.
 
Каков хендикеп бе, мамлаз!? Тоа е БЛАГОСЛОВОТ на левичарите! Што животот ги направил борци-лавови, а не мачиња со фејкерска напувана ароганција. Ете затоа, ќе тонете секој ден во очите на јавноста. Оти имаме онтологија, знаење и капацитет да го извадиме вашиот гаден ЛОШОТИЛАК на ачик, да го видат сите и да се згрозат у секунда. А со зло не можете вечно да владеете. Тоа е космичко правило. 
 
И затоа, во недела, нормален УРБАН СКОПСКИ СВЕТ ќе се поистовети со ова искрено момче, кое е делегатот на својата намачена генерација и ќе ви пресуди елегантно. Со пенкало. За вјек и веков. Амин“, напиша Апасиев на Фејсбук.