Антони Новотни: Доста е од бетон и чад, мора да се дише слободно во Центар


Носителот на листата за советници на Коалицијата за зелена иднина во Општина Центар, Антони Новотни, повикува на планска зелена трансформација на општината, со јасни и мерливи чекори за чист воздух и здраво секојдневие.

„Центарот треба да биде место каде што децата слободно дишат. Доста е од бетон и чад, време е за планска трансформација,“ порачува Новотни.

Тој најавува конкретни мерки во урбанизмот и локални политики за унапредување на квалитетот на воздух.

„Наместо паркинзи и дивоградби, ќе создадеме зелени површини и коридори што ги филтрираат честичките, ќе правиме системско засадување и ќе ги идентификуваме сите извори на загадување“, вели Новотни.

Во делот на енергетиката и здравствената заштита, Новотни додава „ќе донесеме европски проекти за енергетска ефикасност и мерки што веднаш ќе ја намалат изложеноста на населението. Центар што не ни краде години од животот — тој Центар почнува овде.“

Во видео обраќањето до граѓаните, тој повикува: „Заокружи 8. Коалиција за зелена иднина.“