Ања Тејлор-Џој е близу до совршена убавина
Актерката Ања Тејлор-Џој е најубавата позната личност на светот, според пресметките на британскиот пластичен хирург Џулијан де Силва, кој го води Центарот за напредна козметичка и пластична хирургија на лице во Лондон.
До тој заклучок дошол користејќи компјутерско мапирање на лицата, позната метода во пластичната хирургија. Таа метода се темели на „златиот сооднос“, познат и како „божествен сооднос“.
„Се покажа дека таа има најдобри отчитувања за положбата на очите со резултат од 98,9 отсто, што е само 1,1 отсто од совршениот облик“ објаси Де Силва за Дејли Мејл.
Ања исто така имала и најдобар резултат за веѓите, а била во врвот во речиси сите категории, освен за усните.
Второто место на листата на најубави жени според зланиот сооднос ѝ припаднало на Зендаја, додека на третото место е Бела Хадид. Четврта е Маргот Роби, а петта јужнокорејската актерка Сонг Хји-кјо. Потоа следуваат Бијонсе, Тејлор Свифт, Жанг Зији, Алиа Бат и Назанин Бониади.
Де Силва со години ја користи оваа метода на лицата на славните личности.
„Овие нови техники на компјутерско мапирање ни овзможуваат да решиме некои мистерии околу тоа што ги прави луѓето физички убави. Таа технологија е корисна и за планирање на операциите на пациентите“ објасни тој.