Анализа „Позицијата на младите во 2023 година – Каква е младинската перспектива за 2024“
Младинскиот сојуз денеска ќе ја презентира годишната анализа насловена „Позицијата на младите во 2023 година – Каква е младинската перспектива за 2024 година“.
Годишната анализа, како што посочуваат од Младински сојуз, е изработена во рамките на три одделни истражувања спроведени во текот на 2023 година, а во реализацијата бие вклучени повеќе од 4.500 млади луѓе на локално, национално и регионално ниво. Фокусот е ставен на теми кои младите одлучија дека се најприоритетни како што се: економското, социјално и политичко учество на младите луѓе, нивната вклученост во креирањето на младински политики и носење на одлуки, размислувањата на младите луѓе во однос на добрососедските односи со Грција и Бугарија, како и младинското вработување, младинската информираност и членството во ЕУ.
Во рамки на оваа анализа, Младински сојуз редовно реферира и за бројот на политички претставници во земјава кои се на возраст до 29 години, што вклучува број на министри, заменици-министри, пратеници, градоначалници, како и за бројот на локални младински совети, односно колку од општините ја исполниле оваа законска обврска која произлегува од Законот за млади.