Амнестија за 20.000 лица во Таџикистан


Парламентот на Таџикистан изгласа амнестија за повеќе од 20.000 лица осомничени, обвинети или осудени за кривични дела, а по повод одбележување на уставниот празник.

Амнестијата, иницијатива на долгогодишниот претседател Емомали Рахмон, е најголема во постсоветската историја и со неа се одбележува 25-годишнината од Уставот на земјата, донесен во 1994 година. Денот на Уставот се празнува на 6 ноември.

Прес-службата на парламентот соопшти дека со амнестијата ќе бидат опфатени и граѓаните кои биле прогонувани затоа што стиснале „ми се допаѓа“ екстремистичката содржина на социјалните медиуми.

67-годишниот Рахмон дојде на власт за време на петгодишна граѓанска војна што избувна непосредно по независноста на земјата во 1992 година.